TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шпионирајте го соседот дали проветрува

Вест - 13.09.2008

"Топлификација" и "Скопје-Север" не го информирале регулаторот дека од август на потрошувачите ќе им достави изменети месечни фактури за парното греење.

„Топлификација“ ќе наплаќа по мерач без одобрение од Регулаторна комисија?

Утрински - 13.09.2008

Од РКЕ категорично не потврдуваат дека донеле одлука за наплата по мерач Снежана Калабакова Укинувањето на паушалната наплата на парното греење и воведувањето наплата по мерач од страна на АД „Топлификација“ ги збуни граѓаните и предизвика низа дилеми и дискусии, а го отвори и прашањето дали ...

Правичната наплата на парното в година

Дневник - 13.09.2008

Правичната наплата на парното в година Не се знае колку ќе чинат калориметрите што ќе се постават во становите и кој ќе ги плати Новиот систем на наплата, што АД „Топлификација“ ќе почне да го применува од претстојната грејна сезона, нема да им донесе повисоки сметки на корисниците, тврдат од ова ...

Топлификација го наплаќа само потрошеното

А1 - 12.09.2008

„Топлификација“ го смени моделот за наплата на парното греење. Сметките ќе ги креира според потрошената енергија, а не како досега да наплаќа за целата површина на станот.

Ќе се наплаќа потрошеното во зградата, а не во станот

Вест - 12.09.2008

"Топлификација" и "Скопје-Север" од минатиот месец го сменија начинот на наплата на потрошената топлинска енергија. Потрошувачите веќе нема да им плаќаат паушал на компаниите.

Виша математика во новите сметки за парно

Утрински - 12.09.2008

Сметките се цели фермани на кои се испишани бројни и неразбирливи податоци Снежана Калабакова „Топлификација“ ги дистрибуира августовските сметки за парно со нова, повисока цена. Скопјани добија фермани на три страници, на кои се испишани бројни и во најголем дел неразбирливи податоци.

Парното греење ќе се наплатува по мерач

Дневник - 12.09.2008

Вкупната енергија ќе биде поделена процентуално по станови или деловни простори Парното греење во Скопје ќе се мери по нова формула во новата грејна сезона.

ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ОБЈАСНУВАЊЕ КАКО ЌЕ ГИ ПЛАЌААТ СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ

Сител - 12.09.2008

ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ОБЈАСНУВАЊЕ КАКО ЌЕ ГИ ПЛАЌААТ СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ Откако Топлификација ги објави новиот начин на мерење на топлинската енергија и новиот начин на плаќањето на сметките, граѓаните бараа објаснување дали тоа ќе значи повисоки сметки и плаќање кога не е грејна сезона.

Граѓаните ќе ја финансираат Топлификација со нови мерачи

Вечер Прес - 12.09.2008

На корисниците и понатаму ќе им се испорачува топлинска енергија од 20 Целзиусови степени, а ако некој сака потопло, тоа може да го побара и ќе си плати дополнително Од август до декември годинава корисниците на топлинска енергија ќе плаќаат авансни сметки за парно греење, а не како досега паушални ...

ТОПЛИФИКАЦИЈА ВОВЕДЕ НОВ НАЧИН НА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА СМЕТКИТЕ

Телма - 11.09.2008

Топлификација воведе нов начин на пресметување на потрошената топлинска енергија. Се укинува паушалната наплата и се воведува наплата со мерачи кои ќе ја регистрираат вкупно потрошената енергија во секој станбен или деловен објект и секој ќе плаќа онолку колку што потрошил.

Топлификација воведе нов начин на плаќање на сметките

Канал5 - 11.09.2008

Нов начин на наплата на парното греење. Со августовските сметки се укинува фиксната сума. Наплатата ќе се врши според тоа колку граѓаните потрошиле топлинска енергија. До декември ќе се плаќа аванс. Тогаш ќе следува читање на потрошувачката на мерните станици поставени во станбените објекти.

НОВ СИСТЕМ НА НАПЛАТА НА СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО

Сител - 11.09.2008

Сметките кои ќе ги добиваат корисниците од август до ноември и од јануари до март ќе бидат авансни. Во декември, мај, јуни и јули, пак, ќе се добиваат т.н израмнувачки сметки.

Ќе се плаќа само за потрошеното, а не паушално

Вечер Прес - 11.09.2008

Ќе се плаќа само за потрошеното, а не паушално Од август годинава наплатата на топлинската енергија што ја испорачува скопска Топлификација се пресметува поинаку, а не како досега паушално оти се покажало дека некои граѓани плаќале за топлинска енергија која не ја примале.

Сметките како тетратки

Време - 10.09.2008

Граѓаните ги добија новите сметки од АД „Топлификација“, во формат А4, со пресметаното поскапување и со пообемно образложение за начинот на наплата во станбените објекти.

Монополско однесување спрема потрошувачите од страна на „Топлификација“

Утрински - 09.09.2008

Ивест Рајчовски, Скопје По долго време „Топлификација“ - Скопје монополски се однесува кон потрошувачите на топлинска енергија, при што со својата некритичност и недоволна аналитичка процена и одат на рака и недоволно согледаните нормативни решенија и одлуката на Регулаторната комисија.