TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Продолжи потрагата по Младиќ и неговите јатаци

А1 - 07.05.2006

По вчерашната пауза, бидејќи се славеше Ѓурѓовден во Србија, денеска продолжи потрагата по Младиќ и неговите јатаци. Специјалните полициски единици со хеликоптери и пешадија го бараа во околината на Ваљево, каде што има земјоделски имот и кошници со пчели.

Продолжува засилена потрага по Младиќ

А1 - 06.05.2006

Засилената потрага на специјалната полиција по осомничениот за воени злосторства поранешниот лидер на босанските Срби Ратко Младиќ продолжува и денеска, јавија белградските гласила. Српската безбедносно информативна агенција - БИА вчера отвори посебни телефонски броеви на кои граѓаните можат да ...

Генералот Ратко Младиќ утре зад решетки?

Дневник - 06.05.2006

Генералот Ратко Младиќ може да биде уапсен до недела, најави вчера во Виена српскиот министер за внатрешни работи Драган Јочиќ Генералот Ратко Младиќ може да биде уапсен до недела, најави вчера во Виена српскиот министер за внатрешни работи Драган Јочиќ.

Српските служби го кријат Младиќ

Време - 06.05.2006

РЕАКЦИИ Пензионираниот српски офицер и воен аналитичар Љубодраг Стојадиновиќ обвинува дека српските тајни служби го кријат генералот Ратко Младиќ. Стојадиновиќ реагира по одлуката на Европската Унија да ги прекине преговорите со Србија и Црна Гора затоа што српските власти не успеаја да го уапсат ...

Ратко Младиќ се бара под дрво и под камен. Србија во голема акција за апсење на воениот злосторник

Канал5 - 06.05.2006

Претседателот на српскиот национален совет за соработка со Хашкиот трибунал Расим Љајиќ е апсолутно уверен во решеноста на премиерот Коштуница за испорачување на Ратко Младиќ во Хаг. Претседателот на српскиот национален совет за соработка со Хашкиот трибунал Расим Љајиќ е апсолутно уверен во ...

Продолжува потрагата по Младиќ во Србија

Макфакс - 06.05.2006

Белград Засилената потрага на специјалната полиција по осомничениот за воени злосторства поранешниот лидер на босанските Срби Ратко Младиќ продолжува и денеска, јавија белградските гласила. Српската безбедносно информативна агенција – БИА вчера отвори посебни телефонски броеви на кои граѓаните ...

Претресени сите соседи на Младиќ

Вечер Прес - 06.05.2006

Интервентната бригада на полицијата вчера на пладне ги претресе сите куќи на Баново Брдо во Белград, што се наоѓаат во непосредна близина на семејниот дом на Младиќ. Покрај ова, истражниот судија на Општинскиот суд 2 во Белград донесе решение за спроведување на истрага и им одреди едномесечен ...

Ќе бидат уапсени уште неколку помагачи на Младиќ

А1 - 05.05.2006

Српската полиција следните денови ќе уапси уште неколку лица, за кои се сомнева дека му помагале на Ратко Младиќ да побегне, јавуваат српските медиуми. Според истите извори, досега се уапсени поголемиот број јатаци што го криеле воениот командант на босанските Срби до крајот на 2005 година.

Западен Балкан во замката наречена Ратко Младиќ

Утрински - 05.05.2006

По одложувањето на асоцијативните преговори на Брисел со Белград Ако на заладувањето на односите меѓу Брисел и Белград се додадат и притисокот од преговорите за Косово и од претстојниот референдум за независност на Црна Гора, политичката неизвесност што и се заканува на СЦГ во скоро време ...

Српскиот министер за внатрешни работи: Ратко Младиќ ќе биде уапсен до недела

Канал5 - 05.05.2006

Ратко Младиќ може да биде уапсен до недела, изјави српскиот министер за внатрешни работи Драган Јочиќ во Виена. Виена, 5 мај (МИА) - Ратко Младиќ може да биде уапсен до недела, изјави српскиот министер за внатрешни работи Драган Јочиќ во Виена.

Младиќ во црногорската кампања

Време - 05.05.2006

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО СРБИЈА И ЦРНА ГОРА Од таборот на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ порачаа дека откако Европската Унија ги прекина преговорите со Србија и Црна Гора поради неапсењето на генералот Ратко Младиќ, Црногорците мораат да се повлечат од заедничката држава со Србија.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ за Србија

Макфакс - 05.05.2006

Брисел Шефовите на дипломатиите на Европската унија денеска ќе разговараат по прекинот на преговорите за асоцијација со Србија и Црна Гора. Официјалните европски претставници донесоа одлука да ги суспендираат разговорите за стабилизација и асоцијација со СЦГ откако српските власти не го испорачаа ...

Се стеснува обрачот околу Младиќ

Макфакс - 05.05.2006

Белград Српската полиција следните денови ќе уапси уште неколку лица, за кои се сомнева дека му помагале на Ратко Младиќ да побегне, јавуваат српските медиуми. Според истите извори, досега се уапсени поголемиот број јатаци што го криеле воениот командант на босанските Срби до крајот на 2005 година.

Извршен претрес во семејната куќа на Младиќ

Макфакс - 05.05.2006

Белград Специјални екипи на српската полиција денеска извршија претрес во семејната куќа на Ратко Младиќ во белградската населба Баново Брдо, како и на неколку објекти низ главниот град на Србија, јавија српските медиуми. Во акцијата се уапсени две лица, чиј идентитет не е соопштен, а за кои постои ...

Коштуница со нов бран апсења на помагачите на Младиќ

А1 - 04.05.2006

Српската Влада денеска потврди дека се подготвуваат нови апсења на јадрото помагачи во криењето на Ратко Младиќ, јави српската новинска агенција ТАНЈУГ. Како што пренесува МИА, српскиот премиер Воислав Коштуница синоќа наредил апсење и екстрадирање на Младиќ и исполнување на обврските кон Хашкиот ...

Младиќ ги прекина преговорите на Србија со ЕУ

Време - 04.05.2006

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВА НА БЕЛГРАД Европската Унија вчера ги прекина преговорите за стабилизација и асоцијација со Србија и Црна Гора, откако Белград не успеа да го уапси генералот Ратко Младиќ до крајот на април. Овој рок беше поставен како конечен термин до кога генералот Младиќ, ...

Брисел ги замрзна односите со Србија

Дневник - 04.05.2006

Србија може да остане и без финансиската помош од САД,која при крајот на мај повторно треба да биде верификувана во Конгресот Европската Унија објави дека ги замрзнува преговорите со Србија и Црна Гора за договорот за асоцијација и стабилизација, затоа што Белград се' уште не го предал во Хаг ...

Повторно шпекулации дека Младиќ е во Македонија

Утрински - 04.05.2006

Веста за апсењето на српскиот генерал траеше само еден час Домашни кругови стравуваат дека лиферувањето шпекулации за Младиќ во Македонија може штетно да се одрази врз односите со ЕУ Повеќемина странски новинари, меѓу кои предничеа дописниците на Би-Би-Си од регионов, вчера се јавија кај свои ...

ЕУ ги запре разговорите со СЦГ

Утрински - 04.05.2006

Откако Белград не успеа да го испорача обвинетиот генерал во бегство Ратко Младиќ Српскиот вицепремиер Лабус поднесе оставка по одлуката на ЕУ БРИСЕЛ - Европската унија вчера ги прекина разговорите за поблиски односи со Србија поради неуспехот да се уапси и предаде Ратко Младиќ, осомничен за ...

Коштуница наредил нов бран на апсење на помагачите на Ратко Младиќ

Канал5 - 04.05.2006

Српската Влада денеска потврди дека се подготвуваат нови апсења на јадрото помагачи во криењето на Ратко Младиќ, јави српската новинска агенција ТАНЈУГ. Белград, 4 мај (МИА) - Српската Влада денеска потврди дека се подготвуваат нови апсења на јадрото помагачи во криењето на Ратко Младиќ, јави ...

ЕУ ги прекина преговорите со Србија поради Младиќ

Вест - 04.05.2006

БРИСЕЛ, 4 мај (Ројтерс) - Европската унија вчера ги прекина преговорите за поблиска соработка со Србија бидејќи не го уапси и не го предаде бегалецот осомничен за геноцид Ратко Младиќ пред трибуналот на ОН во Хаг. Најавувајќи го ова комесарот за проширување Оли Рен изјави дека е потребно да се ...

Српските радикали не ја поддржувата Владата за испорака на Младиќ

Макфакс - 04.05.2006

Белград Српските радикали нема да ја поддржат српската влада ако има намера да го предаде генералот Ратко Младиќ, баран од Хашкиот трибунал и секоја информација во таа насока е обична шпекулација. Ова денеска во Белград го изјави генералниот секретар на партијата Александар Вучиќ, потенцирајќи дека ...

ЕУ ги прекина преговорите со СЦГ

Вечер Прес - 04.05.2006

Европската унија објави вчера дека ги замрзнува преговорите со Србија и Црна Гора за асоцијација и стабилизација, поради непредавањето на поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ. Оли Рен, европскиот комесар за проширување, изјави вчера во Брисел дека Европската комисија одлучила да ...

ЕУ ги замрзнува преговорите со Србија и Црна Гора

А1 - 03.05.2006

Европската унија објави денеска дека ги замрзнува преговорите со Србија и Црна Гора за асоцијација и стабилизација, поради непредавањето на поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ. Претходно, во Солун, министерот за надворешни работи на СЦГ, Вук Драшковиќ, изјави дека одлуката на ЕУ ...

Коштуница свесно го пропушти рокот за Младиќ

А1 - 03.05.2006

Српскиот премиер Воислав Коштуница свесно го пропушти рокот што самиот го постави да го пронајде, уапси и испорача генералот Ратко Младиќ во Хаг. Причините за таквата одлука се многу појасни од последиците кои неиспораката на Младиќ преку Србија може да ги има целиот регион.

ЕУ ГИ ЗАМРЗНА ПРЕГОВОРИТЕ СО СРБИЈА ПОРАДИ НЕПРЕДАВАЊЕ НА РАТКО МЛАДИЌ

Канал5 - 03.05.2006

Европскиот комесар за проширување Оли Рен изјави денеска во Брисел дека Европската комисија одлучила да ги одложи преговорите со Србија и Црна Гора за склучување Договор за стабилизација и асоцијација бидејќи Белград не оствари целосна соработка со Хашкиот трибунал.

Цел Западен Балкан е заложник на Ратко Младиќ

Дневник - 03.05.2006

Карла дел Понте, денеска веројатно ќе даде негативен извештај за соработката на Белград Патот на Србија, но и на целиот регион, кон ЕУ е блокиран поради неисполнетото ветување на српскиот премиер Воислав Коштуница дека обвинетиот воен злосторник Ратко Младиќ до 1 мај ќе биде испорачан во Хаг, тврди ...

Пробиени сите рокови за Младиќ

Време - 03.05.2006

ПРЕГОВОРИ СРБИЈА - ЕУ Изминатиов викенд истече уште еден рок што Европската Унија и го постави на Србија за апсење на генералот Ратко Младиќ, обвинет за геноцид врз Бошњаците во Босна. Рокот беше поставен на 30 април, а ЕУ се закануваше дека пробивање на овој рок ќе им наштети на преговорите на ...

ЕУ ги прекинува преговорите со Србија

Макфакс - 03.05.2006

Белград Европската унија ги прекинува преговорите со Србија, бидејќи не го уапсила, ниту го предала осомничениот воен злосторник генералот Ратко Младиќ на Хашкиот трибунал. Ова го соопшти европскиот комесар за проширување Оли Рен, откако претходно оствари кус телефонски разговор со главниот ...

Рен денеска ќе соопшти дали ќе има суспензија на преговорите со СЦГ

Макфакс - 03.05.2006

Белград Европскиот комесар за проширување Оли Рен денеска треба да соопшти дали ќе ги одложи натамошните преговори со Србија и Црна Гора за Спогодбата за стабилизација и асоцијација, поради неиспорачувањето на Ратко Младиќ, јавуваат српските медиуми.

Дел Понте: Србија ме лажеше

Макфакс - 03.05.2006

Хаг Главната хашка обвинителка Карла Дел Понте денеска ја обвини Србија дека лажела кога тврдеше дека Ратко Младиќ само што не е уапсен, додавајќи притоа дека таа се сомнева, оти тој и сега е некаде во Белград, каде наводно постојано ги менува становите во кои престојува.

Ќе профитира само Црна Гора?

Вечер Прес - 03.05.2006

Неапсењето на Ратко Младиќ ќе предизвика прекин во преговорите на српската влада со Европската унија за постигнување договор за стабилизација и асоцијација, но ќе се одрази врз иднината како на Србија, така и на сите кои живеат на просторот од Сава до границата со Грција, тврди британскиот ...

Ѓукановиќ: Суспензијата на преговорите со ЕУ е многу реална

А1 - 02.05.2006

Суспензија на преговорите со Европската унија (ЕУ) е „многу реална“ поради неиспорака на обвинетиот од Хаг, Ратко Младиќ на Трибуналот. Ова денеска го изјави црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, во интервју за Радио Црна Гора.

Коштуница – Никогаш не сум спомнал рокови за Младиќ

Макфакс - 02.05.2006

Белград Српскиот премиер Воислав Коштуница негираше дека споменувал било какви рокови за испорачување на најбараниот хашки бегалец Ратко Младиќ. - Никакви рокови не сум споменувал. Попрецизно, споменав еден рок, а тоа е “вчера“.

Ѓукановиќ: Суспензија на преговорите со ЕУ - реална

Макфакс - 02.05.2006

Подгорица Суспензија на преговорите со Европската унија (ЕУ) е “многу реална“ поради неиспорака на обвинетиот од Хаг Ратко Младиќ на Трибуналот. Ова денеска го изјави црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, во интервју за Радио Црна Гора.

Дел Понте: ЕУ треба да ги суспендира преговорите со Србија

Макфакс - 02.05.2006

Милано Европската унија (ЕУ) би требало да ги суспендира преговорите со Србија бидејќи властите во Белград не го испорачаа обвинетиот од Хаг Ратко Младиќ како што ветија. Ова, денеска, на прес-конференција во Милано го изјави главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте, еден ден пред ...

Дел Понте не го коментира истекот на рокот за апсење на Младиќ

А1 - 01.05.2006

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте не сакаше да го коментира истекот на рокот што Европската Унија и го постави на Србија да го уапси одбегнатиот обвинет од Хаг Ратко Младиќ. „Ништо нема да кажеме по ова прашање пред средбата на Карла дел Понте со (комесарот на ЕУ за ...

Тим Џуда: Неапсењето на Младиќ ги држи блокирани и Србија, но и Западен Балкан

Канал5 - 01.05.2006

Неапсењето на Ратко Младиќ и покрај ветувањата на официјален Белград, ќе се одрази врз иднината како на Србија, така и на сите кои живеат на просторот од Сава до границата со Грција... Лондон, 1 мај (МИА) - Неапсењето на поранешниот српски генерал во Босна Ратко Младиќ и покрај ветувањата на ...

Бивш шеф на тајна полиција тврди - Потрагата по Младиќ “фарса и циркус“

Макфакс - 01.05.2006

Суботица Потрагата по обвинетиот од Хаг за воени злосторства Ратко Младиќ е “фарса и циркус“, оценува бившиот началник на српската тајна полиција Горан Петровиќ. “Цела оваа фарса и циркус на специјалците на МВР е наменета за домашната и меѓународна јавност“, изјави Петровиќ за новосадскиот весник ...

Дел Понте не го коментира истекот на рокот за апсење на Младиќ

Макфакс - 01.05.2006

Белград Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте не сакаше да го коментира истекот на рокот што Европската унија (ЕУ) и го постави на Србија да го уапси одбегнатиот обвинет од Хаг Ратко Младиќ. “Ништо нема да кажеме по ова прашање пред средбата на Карла дел Понте со (комесарот на ЕУ ...