TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Силмак“ не може да го рестартира производството

Време - 11.01.2008

ПО НАЈНОВАТА ВЛАДИНА ПОНУДА ЗА СТРУЈА ЗА ГОЛЕМИТЕ ПОТРОШУВАЧИ Се надеваме дека Владата ќе размисли и ќе ги промени условите за испорака на струја за големите потрошувачи, бидејќи со сегашната понуда „Силмак“ не може да го рестартира производството, вели Борко Андреев, помошник-генерален директор во ...

На продажба струја што ја нема

Утрински - 11.01.2008

ЕДИТОРИЈАЛ МАЈА ТОМИЌ Да нудиш на продажба нешто што немаш, а притоа и да му одредиш продажна цена, повеќе личи на добар виц отколку на сериозна понуда. Дотолку повеќе ако таа понуда доаѓа, ни помалку ни повеќе, туку од најсериозната државна институција - Владата.

Дел од индустријата ја одби Владата

Дневник - 10.01.2008

Некои големи потрошувачи на електрична енергија ја прифаќаат цената од 75 евра за мегават-час, која им ја понуди Владата . Другите оценија дека повеќе им одговараат договорите со трговците на слободниот пазар, не поради цената, туку поради флексибилноста.

Силмак почна со откази

Канал5 - 10.01.2008

Силмак почна со откази за вработените. Компанијата од денеска ги изготвува решенијата за престанување на работниот однос на 700-ина работници - жртви на либерализацијата на енергетскиот пазар. Отказот ќе биде на одреден рок додека фирмата да најде начин како да се справи со ударот од скапата струја.

Владата нуди на продажба струја што ја нема!?

Утрински - 10.01.2008

Моментално нема никакви вишоци ноќна струја која упорно деновиве им се нуди на големите потрошувачи МАЈА ТОМИЌ Дали беше лага или вистина великодушната понуда на Владата на големите потрошувачи на струја. Таа рече дека е подготвена да им продава електрична енергија по цена од 75 евра за еден ...

Владината струја спас за Силмак и Фени?

Вечер Прес - 10.01.2008

Според повеќето индустриски потрошувачи не е спорна цената на електричната енергија, туку тоа што Владата не може да им понуди флексибилност во снабдување со струја Само дел од големите компании ја прифатија понудата на Владата од државата да купуваат струја по цена од 75 евра за мегават-час, која ...

Владата ги разубеди големите потрошувачи

А1 - 09.01.2008

Големите фабрики ќе можат да го издржат ударот од отворањето на пазарот со струја. Исклучок е само „Силмак“. Комбинатот од Јегуновце веќе најавува откази за вработените. За фабриките кои сами излегоа на пазарот, неприфатлива е понудата државата да им продава струја по цена од 75 евра за мегават час.

Големите потрошувачи незадоволни од предлогот на Владата

Утрински - 09.01.2008

Компаниите се оптимисти дека ќе се најде компромисно решение со Владата од кое ќе бидат задоволни сите МАЈА ТОМИЌ Владата и големите потрошувачи на струја денеска попладне треба да се состанат и да најдат заедничко решение околу цената на струјата.

МЕПСО ги зголеми казните за големите потрошувачи

Вест - 09.01.2008

НОВ СТРУЕН УДАР ЗА ИНДУСТРИЈАТА Потрошувачот ќе плати казна од околу 60 евра за мегават-час ако потрошувачката на струја е помала и 150 евра за мегават-час ако таа е поголема од најавената Големите потрошувачи, кои од први јануари сами си ја купуваат струјата, ќе му плаќаат на МЕПСО високи пенали ...

Ако го затворат „Силмак“, ќе се преселиме во Скопје

Време - 09.01.2008

РАБОТНИЦИТЕ ОД КОМБИНАТОТ ВО ЈЕГУНОВЦЕ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ Безмалку сите 750 работници на „Силмак“ се доведени на работ на егзистенцијата поради тоа што фабриката престана да работи. Работниците, претежно на средовечна возраст, сега ќе станат невработени.

МЕПСО ќе ги казнува големите фабрики

Дневник - 09.01.2008

Македонскиот електропреносен систем-оператор (МЕПСО) бара од големите потрошувачи да му плаќаат казнени пенали ако потрошат помалку или повеќе од струјата што ќе ја купат во странство, а тие ќе им ја пренесат. Според Владимир Здравев, директор на МЕПСО, големите индустриски потрошувачи треба да ...

Компаниите не ја прифатиле владината понуда за струја по 75 евра за мегават

Канал5 - 09.01.2008

Големите потрошувачи и Владата и во вториот обид без договор околу снабдувањето со струја. По денешната дво часовна средба власта уверуваше дека има заинтересирани компании кои сакаат да купат енергија по цена од 75 евра за мега ват час. Не откри кои се. Неофицијално интерес покажале Силмак и Фени.

Средба на Владата со големите потрошувачи на струја

Макфакс - 09.01.2008

Скопје Македонскиот премиер Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставревски денеска ќе се сретнат со претставници на големите потрошувачи на електрична енергија. На средбата потрошувачите треба да се произнесат околу владиниот предлог за новата цена на струјата.

Пеналите за увоз на струја превисоки

Вечер Прес - 09.01.2008

Големите потрошувачи ќе му плаќаат пенали на преносниот оператор МЕПСО ако при увозот на струја не ги преземат најавените или побараат поголеми количини на електрична енергија. На вчерашната средба во МЕПСО, претставници на осумте индустриски капацитети побараа од државната компанија, за струјата ...

Нов удар од МЕПСО за големите потрошувачи

А1 - 08.01.2008

Државната компанија за пренос МЕПСО им зададе уште еден удар на големите потрошувачи на струја. Откако Владата ги остави сами да си купат енергија на пазарот, сега МЕПСО им најавува казни и пенали во случај ако повлечат помалку или повеќе струја од договорените количини со трговците.

Одложена за утре средбата на големите потрошувачи со Владата

Канал5 - 08.01.2008

Се понеизвесно е дали големите потрошувачи ќе ја прифатат владината понуда, се со цел да се ублажи ударот од либерализацијата на пазарот на електричната енергија. Наместо за денеска, средбата во Владата е закажана за утре. Големите потрошувачи стојат на ставот дека Владиниот предлог е нејасен и ...

Големите компании ќе се изјаснат за владиниот предлог за цената на струјата

Макфакс - 08.01.2008

Скопје Големите потрошувачи на електрична енергија во земјава до денеска имаат рок да се произнесат околу владиниот предлог за новата цена на струјата. Владата им понуди на големите потрошувачи во земјава 1.250 гигават- часа електрична енергија за 2008 година по цена од 75 евра за мегават- час.

Владината понуда виси во воздух!

Вечер Прес - 08.01.2008

Менаџерите на големите индустриски потрошувачи денеска треба да и одговорат на Владата дали ја прифаќаат понудата да купуваат струја по цена од 75 евра за мегават-час, што е за речиси 20 проценти пониска од увозната. Вицепремиерот Зоран Ставрески им понуди поевтина струја на осумте квалификувани ...

Неизвесно дали големите потрошувачи ќе ја прифатат понудата

А1 - 07.01.2008

Понудата на владата до компаниите големи потрошувачи на струја, за ублажување на ударот од либерализацијата на пазарот на електрична енергија, е нејасна и непрецизна, велат менаџерите на осумте фирмите. Откако власта прво им рече сами да си ја набават целата потребна струја, сега им нуди дел од ...

Нова бенифицирана цена на струјата за големите потрошувачи

Макфакс - 07.01.2008

Скопје Дел од големите потрошувачи ќе можат да се снабдуваат со електрична енергија по цена од 29,6 евра за мегават час во ноќните часови. Ова е последната понуда на македонската влада до големите потрошувачи што денеска во Скопје им ја пренесе вицепремиерот Зоран Ставрески.