Разрешувањето на директорот на кочанскиот Здравствен дом не е политичка одлука, смета министерот за здравство, Имер Селмани, кој одговори на обвинувањата на д-р Никола Серафимов дека неговата смена е поради тоа што е од опозициската СДСМ.
СЛУЧАЈ Моето разрешување е поради тоа што сум член на СДСМ, вели Никола Серафимов ИВАН БОЈАЏИСКИ КОЧАНИ - Министерот за здравство, Имер Селмани, завчера, со решение испратено преку факс, го разреши примариус д-р Никола Серафимов од должноста в.д.директор на Здравствениот дом во Кочани.
Гинеколозите-закупци, кои вчера протестираа пред Владата, од денеска ги отвораат ординациите, но ќе наплатуваат приватно за услугите. Тие не најдоа заеднички јазик со претставниците од Владата и најавуваат дека до зголемување на цената на бодот ќе наплатуваат по 200 денари.
ПО СРЕДБАТА ВО ВЛАДАТА Гинеколозите од примарното здравство од вчера ги отворија ординациите за пациентките и во иднина сите услуги ќе ги наплатуваат приватно. Ова е епилогот од неколкучасовната средба на гинеколозите со претставниците од Владата.
Ќе се наплаќа се' додека не склучат договор со Фондот, одлучија гинеколозите Скопските гинеколози по пауза од една недела повторно ќе ги отворат ординациите. За гинеколошките услуги на пациентките ќе им наплаќаат приватно се' додека не склучат договор за работа со Фондот за здравствено осигурување.
ГИНЕКОЛОЗИТЕ ПРОТЕСТИРАА ПРЕД ВЛАДА Членови на Здружението на приватни гинеколози вчера пред Владата на Република Македонија излегоа на мирен протест, на кој бараа задржување на сегашната капитација од 31 денар и дополнителни 200 денари од преглед.
Неделава Фондот за здравствено осигурување ќе склучи нови договори со аптеки со кои ќе соработува. Во Скопје од досегашните 40, бројот ќе зголемен на 140 аптеки, а на ниво на држава од 150 бројот ќе порасне на 450 аптеки Фондот за здравствено осигурување од први мај годинава,за 25 проценти ќе го ...
Министерот за здравство го разреши директорот на кочанскиот здравствен дом Никола Серафимов. Полицијата изготвува кривична пријава против еден вработен на гинеколошкиот оддел. Билјана Стојанова во петтиот месец од бременоста, го загуби плодот.
Цената ќе биде пресудна, каде и кај кој гинеколог пациентките ќе се лекуваат. Откако не најдоа решение на нивниот проблем во владата, гинеколозите одлучија да продолжат со незаконското наплаќање на услугите, за да ги покриеле трошоците.
Министерот за здравство Имер Селмани смета дека денешниот протест на гинеколозите е резулатат на незадоволството на еден дел од нив и не е сигурен дека нивните барања се реални и оправдани, со оглед на тоа, што како што рече, веќе бил постигнат договор со нив за покачување на бодот од 19 на 31 ...