TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Без решение за идниот аранжман за Македонија

А1 - 20.02.2005

Неделно, без вратоврски, Бучковски со министрите Јорданов и Поповски, повеќе од два часа преговараше со шефот на ММФ за Македонија, Розвадовски. Ниту вечерашната средба не ја разреши дилемата - останува отворено колку ќе трае новиот аранжман и на колкави реформи Фондот ќе ја обврзе Владата.

Розвадовски: Новиот аранжман со ММФ е шанса за Македонија

Канал5 - 20.02.2005

Структурните реформи што треба да ги спроведе Македонија и кои што ММФ ќе ги поддржи со повеќегодишен аранжман, се шанса за економски раст, што земјата треба да ја искористи, изјави шефот на монетарците Франек Розвадовски по двочасовната средба со премиер Структурните реформи што треба да ги ...

ССМ и ММФ со различни ставови

Време - 19.02.2005

СРЕДБА ЗА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА Сојузот на синдикатите на Македонија не ги прифаќа препораките на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во новиот закон за работни односи да се овозможи флексибилно отпуштање од работа и да се скратат деновите за платено боледување и за годишен одмор.

Поблиску сме до тригодишен аранжман со ММФ

Утрински - 19.02.2005

Според тврдењето на Министерството за финансии Во Владата тврдат дека Македонија е сў поблиску до тригодишен аранжман од ММФ. Тој ќе биде структурен, а можно е да не предвидува повлекување средства за земјава, бидејќи таа ќе нема потреба од поддршка на платниот биланс по приватизацијата на ЕСМ.

ССМ немоќен да ги спаси работничките права

Дневник - 19.02.2005

МУРАТОВСКИ ВО ПАНИКА ПРИЗНА Шефот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, Франек Розвадовски при вчерашната посета на Синдикатот му соопшти на синдикалниот лидер, Ванчо Муратовски, дека ќе се кратат работничките права.

Розвадовски бара реформи, Муратовски задржување на правата

Вечер - 19.02.2005

Флексибилното отпуштање од работа, намалувањето на правата за користење одмор и денови за боледување, како што советува ММФ, за Сојузот на синдикатите се неприфатливи и тоа се прашања за кои тие сосема се разидуваат. Шефот на мисијата на ММФ во Македонија, Франек Розвадовски и претседателот на ССМ, ...

ММФ и ССМ со спротиставени ставови

А1 - 18.02.2005

„Нема да ги исклучиме ни демонстрациите, ни протестите, ни штрајковите. Немаме намера да се откажеме од правата, ни по која цена“, изјави Ванчо Муратовски, претседател на ССМ. Со вакви најави излезе синдикалниот лидер Муратовски од денешната едночасовна средба со шефот на ММФ за Македонија, ...

Од ММФ е можно да добиеме аранжман без пари?

Утрински - 18.02.2005

Поради фактот што државава од продажбата на ЕСМ ќе добие голема сума пари Такви аранжмани биле сосема нормални за држави кои немаат големи дупки во платниот биланс НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Можно е да се случи Македонија да добие од ММФ аранжман без пари, но со силни реформи, е најновата неофицијална ...

РОЗВАДОВСКИ КАЈ МУРАТОВСКИ

Канал5 - 18.02.2005

По еден час разговори меѓу Франек Розвадовски, шефот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд и првите луѓе на Сојузот на синдикатите, двете страни си излегоа со истите ставови со кои и влегоа во салата за состаноци. Реформи да, но како да се спрове По еден час разговори меѓу Франек Розвадовски, ...

Аранжман со ММФ за до крајот на мандатот на Владата?

Утрински - 17.02.2005

Третиот ден од преговорите со Фондот се засилуваат шпекулациите Сенка врз преговорите фрла и контрирањето меѓу владините преговарачи и домашниот експертски тим, кој се смета за игнориран од власта НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Третиот ден од преговорите меѓу македонскиот тим и ММФ сў позасилени стануваат ...

Розвадовски на средби со странските дипломати во Скопје

А1 - 16.02.2005

Шефот на ММФ за Македонија, Розвадовски, изминатите два дена се сретна со клучните странски дипломати во Скопје, со некои в канцеларија, со другите на ручек или вечера. Средбите се држат во најголема тајност. Се дознава дека на нив Фондот и дипломатите разговарале за економската состојба во земјава ...

Владата ќе прифати и Стенд-бај аранжман, но тој ќе бил реформски

Утрински - 16.02.2005

Во ресорот за финансии тврдат дека нема проблеми во преговорите со ММФ Двете страни на завчерашната средба постигнале согласност за три главни пункта на реформи, а тоа се судството, пазарот на труд и Фондот за здравство НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Откако шефот на Мисијата на ММФ за Македонија, Франек ...

Новиот аранжман најрано налето

Време - 15.02.2005

ПРЕГОВОРИ ВЛАДА-ММФ Владата и претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) наредните две недели ќе го договараат новиот аранжман на Македонија со Фондот. Франек Розвадовски, шеф на мисијата на ММФ за Македонија, вчера пред почетокот на преговорите изјави дека во фокусот на преговорите е да се ...

Розвадовски тактизира

Вест - 15.02.2005

НА ПОЧЕТОКОТ НА ВТОРАТА РУНДА ПРЕГОВОРИ СО ММФ СЕ УШТЕ НИШТО НЕ СЕ ЗНАЕ Шефот на Мисијата на ММФ за Македонија Франек Розвадовски вчера изјави дека е премногу рано да се каже кога може да се очекува новиот аранжман, а се уште не се знае ни за каков аранжман се преговара Мисијата на ММФ ја почна ...

За ММФ се битни реформите, а не видот на аранжманот

Утрински - 15.02.2005

Стартуваше двонеделната рунда преговори со Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд Розвадовски вчера не сакаше да прецизира дали нашата Влада може да се надева на силниот реформски ЕФФ-аранжман или и овој пат ќе мора да се задоволи со лабавиот стенд-бај НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Најбитно е Владата да ...

Структурните проблеми се решаваат со реформи

Дневник - 15.02.2005

според РОЗВАДОВСКИ од ММФ Македонија се соочува со структурни проблеми, кои се решаваат само со реформи и воопшто не е важно дали новиот аранжман ќе биде стенд-бај или ЕФФ, туку што ќе содржи и што од тоа ќе биде спроведено, изјави вчера шефот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, Франек ...

На лето со нов реформски аранжман

Вечер - 15.02.2005

"Аранжманот за кој ќе разговараме со македонските претставници во текот на наредните две недели ќе биде најмногу фокусиран на структурните реформи, бидејќи проблемите со кои сега се соочува Македонија се првенствено структурни.

Владата ги продолжи преговорите со ММФ

А1 - 14.02.2005

Дали новиот аранжман да трае само до парламентарните избори или и по нив? Ова е клучната дилема, со која денеска во Скопје почнаа двонеделните преговори со ММФ. Траењето е многу важно, бидејќи ако аранжманот е пократок, тогаш ќе содржи и помалку реформи.

Почнуваат преговорите со ММФ

Време - 14.02.2005

РОЗВАДОВСКИ ДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ Франек Розвадовски, главниот преговарач на тимот на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија, денеска ќе пристигне во Скопје, по што ќе почнат и преговорите за нов кредитен аранжман со овој фонд. Преговорите, како што беше најавено, ќе ги води премиерот Владо Бучковски.

Не е важно каков аранжман, туку спроведување на реформите, порача Розвадовски мна стартот на преговорите со ММФ

Канал5 - 14.02.2005

Не каков аранжман туку дали реформите ќе се спроведуваат, порача шефот на Мисијата на ММФ Франек Розвадовски, на стартот на втората рунда преговори. Тој засега не открива дали ќе добиеме силен реформски или полабав, стенд бај аранжман, со кој ќе се подржу Не каков аранжман туку дали реформите ќе се ...