TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЕУ е загрижена поради сериозните нерегуларности во првиот круг

Утрински - 19.03.2005

ИЗЈАВА Локалните избори на 13 март 2005 година се одвиваа во генерално мирна атмосфера во земјата во целост и во многу области од земјата гласањето се одвиваше по редовен пат. Сепак, ОДИХР известува дека некаков вид нерегуларности негативно влијаеле на десет проценти од гласачките места и на преку ...

Направете се за правични избори

Време - 19.03.2005

ЕВРОПСКИТЕ АМБАСАДОРИ ПОРАЧАА Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Македонија ги повикаа власта, ДИК и политичките партии да ги преземат сите мерки да не се повторат нерегуларностите од првиот изборен круг. „Очекуваме и ги повикуваме ДИК и Владата да обрнат внимание на нерегуларностите на кои ...

Овластениот претставникот на Народна бил избркан со оружје

Време - 18.03.2005

ОД ГЛАСАЧКИ МЕСТА ВО СЕЛОТО СИНГЕЛИЌ, СКОПСКО Билјана Клисарова Овластениот претставник на ВМРО-народна партија, М. П., тврди дека со закани со оружје на денот на изборите околу 17 часот бил принуден да го напушти гласачкото место во месната канцеларија на селото Сингелиќ, а потоа и од гласачките ...

Гласачки ливчиња се продавале за 1,5 евро

Време - 17.03.2005

ВО КУМАНОВО Коалицијата „За подобра Македонија“ на денот на гласањето околу 17 часот од лица од албанска националност добиле понуда за купување на околу 500 гласачки ливчиња, кои ги имале во својот автомобил, тврдат претставници на Унијата на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Гласањето на Албанците параван за партиски договори

Дневник - 16.03.2005

ОЦЕНКА НА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ Власта намерно не ги решава повредите на процесот на гласање карактеристични за албанската заедница, и со изборите ги маскира партиските договори, смета Хелсиншкиот комитет за човекови права. Според Комитетот, неправилностите оставаат можност за манипулација и со ...

Кај нас гласањето почнува откако ќе се затворат гласачките места

Време - 16.03.2005

ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА, ПРОФЕСОРКА ПО ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ Мери Јордановска - Професорке Силјановска, сметате ли дека требаше толку долго да се чека скопските комисии, особено градската, да ги објават резултатите од локалните избори? - Кога станува збор за пропорционален изборен систем, според кој се ...

Нерегуларностите да се решат пред вториот круг

Дневник - 16.03.2005

САД ЗА ИЗБОРИТЕ Американскиот Стејт департмент со согласува со мислењето на ОБСЕ дека во првиот круг од локалните избори во Македонија имало сериозни нарушувања при гласањето во одредени делови од земјата, кои ги изнесе и меѓународната набљудувачка мисија, изјавил портпаролот Ричард Баучер.

Првиот круг главно фер - грешките да не се повторат

Време - 16.03.2005

БАТЛЕР ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Првиот круг од локалните избори во најголем дел беше спроведен според меѓународните стандарди, а нерегуларностите забележани во некои општини не треба да се повторат во вториот круг - оцени вчера американскиот амбасадор Батлер.

Избирачкото право повредено во неколку општини

Утрински - 16.03.2005

Прелиминарна оцена на Хелсиншкиот комитет за локалните избори Најголем број од граѓаните имаа можност на првиот круг од локалните избори во неделата да го остварат своето избирачко право и во слободни и фер избори да гласаат за градоначалници и за советници во локалната самоуправа, оценува ...

САД бараат да се казнат прекршителите на изборните закони

Утрински - 16.03.2005

стејт-департмент ВаШингтон - Американскиот Стејт департмент објави дека се согласува со оцената на набљудувачите на ОБСЕ дека првиот круг од локалните избори во Македонија поминал во најголем дел според меѓународните стандарди.

САД оценуваат дека имало „значителни нерегуларности“ на изборите

А1 - 15.03.2005

Стејт Департментот синоќа објави дека се сложува со оценката на набљудувачите на ОБСЕ дека имало „значителни нерегуларности“ на локалните избори во Македонија. „Ги повикуваме сите официјални лица во Македонија да интервенираат и да го осудат секое кршење на законот за време на гласањето, а пред ...

Изборите не беа перфектни, тврдат мониторите

Утрински - 15.03.2005

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на Советот на Европа излегоа со прелиминарен извештај Сериозни неправилности се регистрирани во Липково, Теарце, Сарај, Шуто Оризари, Студеничани, Долнени, Арачиново и во Осломеј. Во одредени општини меѓународните набљудувачи забележале полнење на гласачките кутии, ...

Полицаец во цивилка агитирал во Кочани

Утрински - 15.03.2005

На локалните избори полицијата интервенирала во 20 случаи На локалните избори Министерството за внатрешни работи интервенирало во 20 случаи, во кои имало нарушување на јавниот ред и мир.Во Шуто Оризари била извршена проверка во автомобил БМВ, во кој биле браќата Д. и Н. Демировски.

Странците разочарани од групното гласање и од полнењето кутии

Време - 15.03.2005

ОБСЕ И СОВЕТОТ НА ЕВРОПА СО ОСТРИ КРИТИКИ Боби Христов <> Локалните избори беа во согласност со поголемиот број стандарди на ОБСЕ и на Советот на Европа, но не ги исполнија клучните за тајноста на гласањето и гарантираното еднакво право на глас, оценија меѓународните набљудувачи на Канцеларијата за ...

Полицајци уфрлале заокружени гласачки ливчиња

Време - 15.03.2005

МВР ЗА ИЗБОРНИТЕ ИНЦИДЕНТИ Полицаец уфрлал претходно заокружени гласачки ливчиња во селото Врбјани, Гостиварско, а друг бил забележан како агитира за една политичка партија во Кочани, на првиот круг од локалните избори, информира вчера МВР.

ОДИХР: Изборите според стандардите на ОБСЕ со одредени нерегуларности

А1 - 14.03.2005

Првиот круг од локалните избори во Македонија, според странските набљудувачи, поминале согласно европските изборни стандарди и во мирна атмосфера, но забележани се сериозни нерегуларности во Липково, Теарце, Сарај, Шуто Оризари, Студеничани, Долнени, Арачиново и Осломеј.

Изборите проследени со поситни инциденти

Утрински - 14.03.2005

И вчерашнот гласање беше проследено со нарушувања на изборниот процес Скршени кутии, тепачки, прекини, агитирање, кражба на ливчиња, упатство за гласање само на албански јазик, гласање на еден за повеќе... Вчерашните локални избори, главно, поминаа без поголеми инциденти, кои би можеле да фрлат ...

Шамари и клоци пред избирачките места

Вест - 14.03.2005

ПОЛИЦИЈАТА СО МАЛКУ РАБОТА ЗА ИЗБОРИТЕ За време на гласањето вчера полицијата интервенирала неколку пати, но велат дека гласањето поминало релативно мирно. Покрупни инциденти се забележани во скопската населба Бутел каде на пладне се степале две групи избирачи надвор од гласачкото место.

Македонско знаме само на гласачките кутии

Дневник - 14.03.2005

ВО ТЕТОВСКО И ГОСТИВАРСКО На најголемиот дел од гласачките места во тетовско-гостиварскиот регион вчера немаше истакнати државни знамиња. Официјалното знаме на Република Македонија можеше да се види само на гласачките кутии. Избирачките одбори самоволно решиле и на овие избори да не се истакне ...

Од вкупно 2.796 гласачки места, гласањето не се одржа во три

Дневник - 14.03.2005

ГРАЃАНИТЕ ВЧЕРА ИЗБИРАА ЛОКАЛНА ВЛАСТ Главно во мирна атмосфера и без инциденти кои би ја довеле во прашање регуларноста на целиот изборен процес, граѓаните на Македонија вчера на четвртите локални избори гласаа за градоначалници и за советници во 84 општини и во градот Скопје.

Гласање со инциденти, но без битни нарушувања

Време - 14.03.2005

ШТАБОВИТЕ ВОЗДРЖАНИ СО ОЦЕНИТЕ Во штабот на Трифун Костовски, независниот кандидат за градоначалник на Скопје, вчера до затворањето на весникот беа воздржани во оцените за текот на вчерашното гласање. Во штабовите на опозициските партии констатираа дека претпладневниот одѕив е задоволителен и ...

Се кршеа кутии, правила, носови...

Дневник - 14.03.2005

ИНЦИДЕНТИ И ДРУГИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ Полицијата интервенирала во 15 случаи во кои биле регистрирани инциденти за време на гласањето, но немало ниту еден вооружен инцидент, соопшти вчера МВР На гласачките места вчера до 16 часот беа регистрирани тепачки, кршење кутии, агитирање, гласање за повеќе лица и ...

Инциденти, скршени кутии, прекин на гласањето

Вечер Прес - 14.03.2005

Граѓанската асоцијација МОСТ регистрираше инциденти на неколку гласачки места, кршење на избирачки кутии, прекини на гласање, агитирање и растурање пропаганден материјал, како и користење на упатства за гласање само на албански јазик.