TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

УБИЕН ГРУЗИСКИ ПОЛИЦАЕЦ НА ГРАНИЦАТА СО АБХАЗИЈА

Телма - 14.09.2008

УБИЕН ГРУЗИСКИ ПОЛИЦАЕЦ НА ГРАНИЦАТА СО АБХАЗИЈА Еден грузиски полицаец е убиен синоќа во близина на границата со отцепената грузиска република Абхазија, во вториот по ред таков инцидент за само една седмица, соопшти грузиското Министерство за внатрешни работи во Тбилиси.

СОЛАНА: "ЕУ МОЖЕ ДА ФОРМИРА ТИМ ОД 200 НАБЉУДУВАЧИ"

Телма - 14.09.2008

СОЛАНА: "ЕУ МОЖЕ ДА ФОРМИРА ТИМ ОД 200 НАБЉУДУВАЧИ" Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика изјави денеска дека Унијата има капацитет да формира тим од 200 набљудувачи до крајот на месецов кои ќе го надгледуваат мирот на територијата на Грузија.

Солана: ЕУ ќе формира тим од 200 набљудувачи во Грузија

Макфакс - 14.09.2008

Европската унија (ЕУ) има доволно можности да формира тим од 200 набљудувачи во Грузија пред почетокот на октомври, изјави денеска шефот на дипломатија на ЕУ Хавиер Солана.

Русија се повлекува од Грузија

А1 - 13.09.2008

Се работи за 70 војници, чија задача беше да ја надгледуваат поморската трговија во пристаништето Поти, во насока кон Абхазија. Согласно договорот, Русија до понеделник треба да напушти пет набљудувачки точки на трасата Поти - Сенаки и да ја повлече преостанатата војска од Грузија до 10 Октомври.

Јужна Осетија и Абхазија да одлучат за присуството на набљудувачите

А1 - 13.09.2008

Рускиот премиер Владимир Путин, изјави дека Јужна Осетија и Абхазија како независни држави треба да одлучат дали ќе одобрат присуство на меѓународни набљудувачи на нивна територија.

Русија ќе ја нападне Грузија и да е во НАТО

Вест - 13.09.2008

МОСКВА, 13 септември (Ројтерс) - Рускиот претседател Дмитри Медведев вчера изјави дека дури и ако Грузија се наоѓа на сигурен пат за членство во НАТО, тој нема да се колеба да ја нападне во околности слични како оние од минатомесечниот конфликт.

ПУТИН:"АБХАЗИЈА И Ј.ОСЕТИЈА ЌЕ РЕШАТ ЗА ПРИСУСТВО НА НАБЉУДУВАЧИ"

Телма - 13.09.2008

Рускиот премиер Владимир Путин, изјави дека Јужна Осетија и Абхазија како независни држави треба да одлучат дали ќе одобрат присуство на меѓународни набљудувачи на нивна територија.

Судирот во Јужна Осетија воопшто не е случаен

Дневник - 13.09.2008

Сосема сигурно може да се тврди дека ниту САД ниту кој било друг од НАТО би бил готов да се конфронтира со Москва или, не дај Боже, да влезе во војна, заради Јужна Осетија и/или Абхазија, односно Грузија.

Политичка процена ја запрела продажбата на „сухоите“ на АРМ на Грузија

Н.Македонија - 13.09.2008

Воените авиони „сухои“ не биле продадени во Грузија затоа што Јован Манасијевски, поранешниот министер за одбрана, пресекол во последен момент со образложение дека таа држава била кризно подрачје и дека не било добро за имиџот на Македонија авионите таму да завршат, тврдат за „Нова Македонија“ ...

Медведев: Нема да се двоумам да ја нападнам Грузија и да е во НАТО

Н.Македонија - 13.09.2008

Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјавил вчера дека нема да се двоуми да ја нападне Грузија доколку повторно настане ситуација како онаа од конфликтот во Јужна Осетија, па дури и Тбилиси да е на цврст пат кон членството во НАТО, јави АФП.

Оружјето си врви, сите знаат и сите молчат

Н.Македонија - 13.09.2008

Македонија конечно треба да покаже дека е сериозна држава со сериозни намери ако сака да стане рамноправен партнер во европското и во северноатлантското семејство. Да докаже дека има развиени демократски институции и цврста политичка желба во решавањето на проблемите.

Руските војници се повлекуваат од Поти

Нетпрес - 13.09.2008

Русија денеска ги повлекла војниците од грузиското пристаниште Поти. Според договорот меѓу Никола Саркози и Дмитриј Медведев, Москва треба до 15 септември да ја заврши првата фаза на повлекување и да ги тргне контролните пунктови од пристаништето.

Руската војска се повлекува од Грузија

Макфакс - 13.09.2008

Руската војска денеска почна да се повлекува од стратешкото пристаниште Поти, западна Грузија, согласно договорот склучен на осми септември меѓу Русија и Европската унија(ЕУ).

8 август 2008 за Русија е како 11 септември 2001 за САД

А1 - 12.09.2008

Рускиот претседател Дмитриј Медведев го спореди 8 август 2008 година, кога започна руско-грузиската криза, со 11 септември 2001 година кога беа извршени нападите вo Њујорк и Вашингтон.

Американски мевлем за Русите

Утрински - 12.09.2008

Дискусијата на американскиот Конгрес за Грузија доживеана во Русија како сигнал дека Вашингтон е на пат да ја признае вистината Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Намерата на членките на НАТО повторно да ја вооружат Грузија значи дека Запад не извлекол лекција од последните случувања на ...

Русија ја обвини ЕУ за дволичност

Утрински - 12.09.2008

Русија ја обвини ЕУ за дволичност МОСКВА - Русија ја обвини ЕУ дека потпишала договор со Грузија за распоредување мировни посматрачи, што е во спротивност со договорот постигнат неколку часа претходно со Москва.

Јужна Осетија и Абхазија сакаат во Руската Федерација

Дневник - 12.09.2008

Абхазија ќе поднесе молба за приклучување кон сојузот на Русија и Белорусија, а властите во Јужна Осетија изразија желба да и' се приклучат на Руската Федерација, јави МИААбхазискиот претседател Сергеј Багапш не ја исклучи ни можноста Абхазија да се приклучи кон Заедницата на независни држави (ЗНД) ...

И „сухоите“ на АРМ за малку ќе завршеле во Грузија

Н.Македонија - 12.09.2008

И четирите воени авиони „сухои“ на АРМ за малку ќе биле продадени во Грузија, дознаваме од извори во Министерството за одбрана.

Медведев повторно би ја нападнал Грузија

Форум - 12.09.2008

Рускиот Претседател Димитри Медведев изјавил дека дури и под услов Грузија да биде на цврст пат кон членство во НАТО, тој не би се поколебал повторно да ја нападне земјата под услови слични на минатомесечните кои доведоа до конфликтот.

Медведев ја споредува војната во Грузија со 11-Септември

Нетпрес - 12.09.2008

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денес во Москва изјавил дека 8 август за Русија е “исто што и 11 септември 2001 година за САД“, алудирајќи на грузиската воена офанзива во бунтовничкиот регион Јужна Осетија.

Лавров: ЕУ без дозвола за набљудувачи во грузиските покраини

Макфакс - 12.09.2008

Набљудувачите на Европската унија (ЕУ) нема да добијат дозвола да делуваат во отцепените грузиски покраини Абхазија и Јужна Осетија. Ова го изјавил шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во телефонски разговор со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.

Лавров во посета на Абхазија и Јужна Осетија

Макфакс - 12.09.2008

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, в недела и понеделник ќе пристигне во прва посета на грузиските сепаратистички региони Абхазија и Јужна Осетија. Ова денеска го соопштија официјални претставници на двата региони.

Медведев за тероризмот

BBC - 11.09.2008

Рускиот претседател Медведев изјави дека Соединетите држави треба да и' се приклучат на Москва во борба против тероризмот наместо да поддржуваат земји кои тргнуваат во воени авантури. Јасно мислејќи на Грузија, Медведев рече дека Вашингтон не треба да развива односи со, како што рече „гнили режими".

Русија: ЕУ го искривува договорот за Грузија

Вест - 11.09.2008

МОСКВА, 11 септември (Ројтерс) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера ги обвини лидерите на Европската унија дека бескрупулозно го искривуваат договорот меѓу Русија и ЕУ за распоредување на меѓународни набљудувачи за прекин на огнот во Грузија.

Претпазливост над конфронтација

Утрински - 11.09.2008

Администрацијата на САД го гледа наследникот на Путин, претседателот Медведев, како човек кој разбира дека иднината на Русија е како сила на 21 век Во месецот по руската инвазија на Грузија, администрацијата на Буш изработи политика што треба да задоволи некои либерални критичари и да ги вознемири ...

Погребувајќи ги мртвите, Грузија гледа нови борби

Утрински - 11.09.2008

Грузија го анализира својот пораз од Русија и се надева дека ќе ги обнови вооружените сили ТБИЛИСИ - Раководството на Грузија, само неколку недели откако нејзината војска панично падна пред руската армија, почна да го анализира својот пораз и се надева дека ќе ги обнови и обучи вооружените сили, ...

Застрелан грузиски полицаец

Утрински - 11.09.2008

Застрелан грузиски полицаец ТБИЛИСИ - Грузиски полицаец е застрелан во главата и сериозно повреден од неидентификуван напаѓач, на крајот од тампон-зоната, контролирана од руските сили, и соседна на отцепената Јужна Осетија, јави вчера грузиската полиција.

Ј.ОСЕТИЈА И АБХАЗИЈА БАРАТ ПОТЕСЕН СОЈУЗ СО РУСИЈА

Телма - 11.09.2008

Се разбира дека ќе станеме дел од Русија. Немаме намера да формираме некаква независна Осетија”, која денеска ја пренесоа повеќе светски агенции.

Македонија, сепак, ѝ продавала оружје на Грузија

Н.Македонија - 11.09.2008

Македонија ѝ продавала оружје на Грузија во 2006 година преку посредници од Србија и од Бугарија, дознава „Нова Македонија“.

Русија и ЕУ со спротивни ставови за набљудувачите на Унијата

Н.Македонија - 11.09.2008

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана вчера изјавил дека планираната европска мисија, составена од набљудувачи на Унијата, ќе биде распоредена на целата територија на Грузија, вклучувајќи ги и Јужна Осетија и Абхазија, но официјална Москва веднаш ја отфрлила ...

ЕУ ЌЕ ИСПРАТИ 200 СВОИ НАБЉУДУВАЧИ ВО ГРУЗИЈА

Сител - 11.09.2008

Европската унија се подготвува до 1 октомври, годинава, да испрати 200 свои набљудувачи во Грузија, објави агенцијата РБК, повикувајќи се на изјава на високиот претставник на ЕУ за безбедност и надворешни работи, Хавиер Солана.

Абхазиja сaка во сојузот со Белорусија и Русија

Кирилица - 11.09.2008

Молба за приклучување кон Сојузната држава меѓу Русија и Белорусија, планира да поднесе Абхазија, ја пренесе Интерфакс изјавата на абхазискиот претседател Сергеј Багапш .

Багапш и Кокојти сакаат со Русија

Вечер - 11.09.2008

Абхазија планира да поднесе молба за приклучување кон Сојузната држава меѓу Русија и Белорусија, изјави абхазискиот претседател Сергеј Багапш.

ЕУ ќе испрати набљудувачи во Грузија

Нетпрес - 11.09.2008

Европската унија се подготвува до 1 октомври, годинава, да испрати 200 свои набљудувачи во Грузија, објави агенцијата РБК, повикувајќи се на изјава на високиот претставник на ЕУ за безбедност и надворешни работи, Хавиер Солана.

Кокојти сака да ја види Јужна Осетија како дел од Русија

Нетпрес - 11.09.2008

Лидерот на Јужна Осетија, Едвард Кокојти изјавил дека би сакал Јужна Осетија да биде дел од Русија. “Ние тежнееме кон тоа и не сме расположени да правиме некоја тајна околу овие наши намери“, рекол јужноосетијскиот претседател пред членовите на меѓународниот клуб Валдај во Сочи, пренесува Итар-тас.

Кокојти: Погрешно ме разбравте, Осетија не сака во Русија

Нетпрес - 11.09.2008

Претседателот на Јужна Осетија, Едвард Кокојти изјавил дека медиумите погрешно ја разбрале неговата денешна изјава и дека Јужна Осетија не сака да се спои со Руската Федерација.

Лавров: Јужна Осетија нема намера да и се придружи на Русија

Нетпрес - 11.09.2008

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денес изјавил дека Јужна Осетија нема намера да и се приклучи на Русија, а тоа го потврдил и јужноосетијскиот лидер Едвард Кокојти, кој прецизирал дека неговата претходна изјава, дека Цхинвали сака да биде дел од Русија, е погрешно разбрана.

Грција е подготвена да испрати набљудувачка мисија во Грузија

Макфакс - 11.09.2008

Грција е подготвена да учествува во цивилната набљудувачка мисија на Европската унија во Грузија. Ова вчера го соопшти портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Георгиос Кумуцакос, истакнувајќи дека Грција „има желба да учествува во таа мисија, но се уште не се познати, ниту бројот, ...

Лавров: Ј. Осетија нема намера да стане дел од Русија

Макфакс - 11.09.2008

Јужна Осетија нема намера да стане дел од Руската федерација, соопшти денеска рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. „Јужна Осетија не сака да се присоедини кон ниту една држава“, изјави Лавров денеска во Варшава.

Јужна Осетија ќе стане дел од Русија

Макфакс - 11.09.2008

Сепаратистичката област Јужна Осетија, чија независност Русија ја призна во август, ќе влезе во состав на Руската федерација. Ова денеска го изјави претседателот на Јужна Осетија, Едвард Кокојти.

Русија ќе се повлече од

Време - 10.09.2008

Францускиот претседател Никола Саркози и неговиот руски колега Дмитриј Медведев се договорија Русија комплетно ќе ги повлече своите трупи од Грузија до први ноември, јавија светските агенции.

Русија и Венецуела со воени вежби на Карибите

Време - 10.09.2008

Неколку руски бродови и 1.000 војници ќе учествуваат во заедничките вежби со Венецуела во Карипско Море, кои ќе се одржат во текот на оваа година, пишува провладиниот венецуелски весник „Веа“.

Русија долго ќе остане во Јужна Осетија и во Абхазија

Вест - 10.09.2008

МОСКВА, 10 септември (Ројтерс) - Руската армија вчера ги најави плановите за поставување на околу 7.600 војници во сепаратистичките региони во Грузија, што претставува нагол пораст на бројот што беше распореден пред воената интервенција на Москва минатиот месец.

Руските мировници ќе ги заменат 7.600 војници

Утрински - 10.09.2008

Во Јужна Осетија и во Абхазија ќе бидат распоредени по 3.800 руски војници за да се спречи повторување на грузиската агресија Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Руската армија вчера најави план за испраќање 7.600 војници во грузиските региони Јужна Осетија и Абхазија.

САД ЛУТИ НА НИКАРАГВА ПО ПРИЗНАВАЊЕТО НА АБХАЗИЈА И Ј.ОСЕТИЈА

Телма - 10.09.2008

САД ЛУТИ НА НИКАРАГВА ПО ПРИЗНАВАЊЕТО НА АБХАЗИЈА И Ј.ОСЕТИЈА Американскиот министер за трговија Карлос Гутиерес ја откажа посетата на Никарагва планирана за крајот на септември, со образложение дека сега „ситуацијата е променета“.

Руси ќе ги бранат сепаратистите во Грузија

Дневник - 10.09.2008

Малку недостасувало Саркози (лево) да си замине од преговорите но Медведев (во разговор со Лавров) ја смирил ситуацијата Руската војска планира да распореди по 3.800 војници во двата сепаратистички региона во Грузија, чија независност вчера и официјално беше признаена од Кремљ.

Руските трупи започнаа да се повлекуваат од Грузија

Форум - 10.09.2008

Русија започна со повлекување на своите трупи од Грузија само еден ден по договорот меѓу ЕУ и Москва, но истовремено воспостави и дипломатски односи со грузиските сепаратистички региони Абхазија и Јужна Осетија коишто неодамна ги призна како независни.

ВО ГРУЗИЈА ВО СУДИРОТ СО РУСИЈА ЗАГИНАА 295 ЛИЦА

Сител - 10.09.2008

Во судирите загинаа тројца новинари - двајца грузиски и еден холандски снимател, додека 14 грузиски војници се водат како исчезнати. Според претходните официјални податоци на Тбилиси, од 16 август загинаа 182 лица, од кои 67 цивили.

Израел ја прекина воената соработка со Грузија

Кирилица - 10.09.2008

Официјален Израел ги прекинал сите воени контакти со Грузија. Била издадена наредба на сите кои се занимаваат со трговија на воена опрема да ги прекинат соработките со Грузија. Причина за оваа одлука најверојатно е загриженоста од можно влошување на односите на Израел со Русија.

Грузиски полицаец убиен во близина на пункт на руските сили

Нетпрес - 10.09.2008

Еден грузиски полицаец е убиен денес во близина на руски контролен пункт во тампон зоната, на самиот излез од грузиската отцепена автономија Јужна Осетија, соопштува грузиската полиција.

Руси убиле грузиски полицаец?

Нетпрес - 10.09.2008

Еден грузиски полицаец е убиен денеска во близина на рускиот контролен пункт во тампон зоната, на самиот излез од грузиската отцепена автономија Јужна Осетија, соопштила грузиската полиција.

Москва: Набљудувачите на ЕУ без пристап до Абхазија и Ј.Осетија

Макфакс - 10.09.2008

Набљудувачите на Европската унија (ЕУ) нема да бидат разместени во грузиските сепаратистички области Абхазија и Јужна Остија.

Саакашвили: Повлекувањето на Русија од Грузија е чекор напред

А1 - 09.09.2008

Русија воспостави дипломатски односи со Абхазија и Јужна Осетија и во базите на овие две земји ќе зачува 7.600 војници, изјави рускиот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков.

Европско-рускиот договор поздравен од Саакашвили

BBC - 09.09.2008

Грузискиот претседател Михаил Саакашвили претпазливо го поздрави ветувањето од Москва дека ќе ги повлече своите единици од територијата што се' уште ја окупира околу отцепените области Абхазија и Јужна Осетија.

Русија останува во Грузија

BBC - 09.09.2008

Русија вели дека е веројатно дека нејзините трупи ќе останат во отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија долго време. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека седумтте илјади војници се потребни за да ја спречат Грузија да преземе контрола.

Саркози и Баросо кај Медведев

Вест - 09.09.2008

МОСКВА, 9 - Францускиот претседател Никола Саркози, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана вчера го убедуваа рускиот претседател Дмитриј Медведев да ја забрза примената на меѓународниот ...

Бесланските гробишта како опомена

Утрински - 09.09.2008

Во сите досегашни војувања, данокот го платија невини луѓе. Така беше и последниот пат Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ КАВКАЗ - Ќе почне ли повторно да се пука во Јужна Осетија и во Абхазија? Ќе се запали ли целиот Кавказ однадвор, пред се' соседните Чеченија, Дагестан и Ингушетија.

Кремљ не се откажува од признавањето на Јужна Осетија и Абхазија

Утрински - 09.09.2008

Медведев, во Москва, му порача на Саркози, дека во изминатиот месец се случиле „важни работи“ на Кавказот Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Во преговорите за нормализација на ситуацијата на Кавказот, во Грузија, Јужна Осетија и во Абхазија, мора да се уважат новите реалности што се ...

МОСКВА ВОСПОСТАВИ ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ СО АБХАЗИЈА И Ј.ОСЕТИЈА

Телма - 09.09.2008

МОСКВА ВОСПОСТАВИ ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ СО АБХАЗИЈА И Ј.ОСЕТИЈА Русија денеска официјално воспостави дипломатски односи со Јужна Осетија и Абхазија, кои на 26 август ги призна како независни држави, соопшти рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со неговите колеги од двете ...

Саркози и Медведев се договорија за Грузија

Н.Македонија - 09.09.2008

Русија се согласи на нов краен рок од еден месец за повлекување на сите сили од Грузија, освен од бунтовничките региони Јужна Осетија и Абхазија, изјавил францускиот претседател Никола Саркози по средбата со неговиот руски колега Дмитриј Медведев во Москва.

Русија не отстпува од своите намери

Форум - 09.09.2008

Русија денеска воспостави дипломатски односи со Абхазија и Јужна Осетија. Ова го соопшти рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров . Како образложение на овој чекор Москва укажа на паралелите со признавање на независноста на Косово од страна на голем број западни држави.

Саркози го убедил Медведев

Кирилица - 09.09.2008

Руската војска за еден месец ќе се повлече од грузиската територија во Абхазија и во Јужна Осетија, а Европската унија ќе испрати набљудувачи, договориле францускиот и рускиот претседател Никола Саркози и Дмитриј Медведев .

Русија воспостави дипломатски односи со Абхазија и Јужна Осетија

Кирилица - 09.09.2008

Русија денес воспоставила дипломатски односи со Јужна Осетија и Абхазија, чија што независност ја призна на 26 август. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, по состанокот со министрите за надворешни работи на двете поранешни грузиски сепаратистички републики, Сергеј Шамбо и Мурат Жоев , ...

Воспоставени дипломатски односи

Вечер - 09.09.2008

Русија вчера официјално воспостави дипломатски односи со грузиските сепаратистички региони Јужна Осетија и Абхазија, кои на 26 август ги призна како независни држави, соопшти рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со неговите колеги од двете самопрогласени републики во ...

Саркози добил уверување од Русија за повлекување на војските

Нетпрес - 09.09.2008

“Оружјето ќе замолчи“. За Никола Саркози тоа е најважниот резултат постигнат за време на вчерашните преговори со рускиот претседател Дмитриј Медведев, кој траеше 4 часа во Москва, пишува денеска весникот “Фигаро“.

Лавров: Руските војски долго ќе останат во Абхазија и во Јужна Осетија

Нетпрес - 09.09.2008

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјавил дека руските војски долго време ќе останат во Абхазија и во Јужна Осетија, објави агенцијата “Франс Прес“ (АФП).

Руската армија ќе се стационира во Абхазија и во Јужна Осетија, не мировници

Нетпрес - 09.09.2008

Редовна руска армија ќе биде распоредена на териториите на Јужна Осетија и Бахазија, а не мировници, изјавил денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, јави агенцијата РИА Новости.

Пекинг: Кина ја разбира ситуацијата во Абхазија и Јужна Осетија

Нетпрес - 09.09.2008

Пекинг: Кина ја разбира ситуацијата во Абхазија и Јужна Осетија Кина ја “разбира историската сложеност и реалната ситуација во Абхазија и Јужна Осетија“, изјавила денес во Пекинг портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Ју Жијанг.

Русија воспостави дипломатски односи со Абхазија и Јужна Осетија

Нетпрес - 09.09.2008

Русија денес воспоставила дипломатски односи со Јужна Осетија и Абхазија, чија што независност ја призна на 26 август. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, после состанокот со министрите за надворешни работи на двете поранешни грузиски сепаратистички републики, Сергеј Шамбо и Мурат Жоев, ...

Руските трупи започнале со повлекување

Нетпрес - 09.09.2008

Руската војска го напуштила грузиското село Ганмухури во близина на административната граница со Абхазија, соопштуваат грузиските претставници. Тоа е “прв знак на повлекување“ на силите кои во Грузија влегле на 8 август, изјавил за АФП претставник на грузиското министерство за внатрешни работи.

Русија воспостави дипломатски односи со Абхазија и Јужна Осетија

Макфакс - 09.09.2008

Русија денеска воспостави дипломатски односи со двете грузиски сепаратистички области, Абхазија и Јужна Осетија Дипломатските односи се воспоставени со размена на ноти, соопшти шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Грузија против Русија во Хаг

А1 - 08.09.2008

Грузија денеска ќе побара од Меѓународниот суд на правдата во Хаг пресуда со која ќе се бара Русија да го запре кршењето на правата на Грузијците во Јужна Осетија и Абхазија.

Саркози бара Москва да се придржува до мировниот план

А1 - 08.09.2008

Францускиот претседател Никола Саркози ја повика Русија да се придржува до обврските од Мировниот план за јужен Кавказ. Русија мора целосно да ги повлече трупите на позициите на кои се наоѓаа пред почетокот на конфликтот, рече Саркози на средбата со неговиот руски колега Дмитриј Медведев.

РУСИЈА СЕ СОГЛАСИ НА ПОВЛЕКУВАЊЕ И НА ПРИСУСТВО НА ЕУ-НАБЉУДУВАЧИ

Телма - 08.09.2008

Се случи тоа што изгледаше невозможно - денеска во Москва за време на посетата на францускиот престедател Никола Саркози, рускиот претседател Дмитри Медведев се согласи на договор војската на Руската федерација во рок од еден месец да се повлече од териториите на Грузија, но и на Абхазија и Јужна ...

Делегација на ЕУ во Москва

Форум - 08.09.2008

Делегација на ЕУ, предводена од францускиот претседател Никола Саркози денеска оди во Москва на разговори со руските власти околу кавкаската криза и иднината на меѓусебните односи. Саркози најави дека од руските власти ќе бара целосно спроведување на мировниот договор со Грузија.

ТЕШКА МИСИЈА НА НИКОЛА САРКОЗИ ВО МОСКВА

Сител - 08.09.2008

Францускиот претседател Никола Саркози се наоѓа пред тешка задача во својата мисија во Москва за да ја убеди Русија да се надминат разликите со Западот околу кризата во Грузија, пишува лондонски „Индепендент“.

КОМЕРСАНТ-РУСИЈА УТРЕ ЌЕ ВОСПОСТАВИ ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ СО АБХАЗИЈА И ЈУЖНА ОСЕТИЈА

Сител - 08.09.2008

КОМЕРСАНТ-РУСИЈА УТРЕ ЌЕ ВОСПОСТАВИ ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ СО АБХАЗИЈА И ЈУЖНА ОСЕТИЈА Русија утре официјално ќе воспостави дипломатски односи со Амхазија и Јужна Осетија, пишува денеска рускиот весник „Комерсант“, повикувајќи се на извор од абхазиското Министерство за надворешни работи.

Саркози во посета на Москва

Кирилица - 08.09.2008

Целта на посетата на Никола Саркози се разговори со Дмитри Медведев околу неодамна потпишаниот мировен договор меѓу Русија и Грузија. Франција смета дека овој договор не е во целост испочитуван од страна на Русија. Со Саркози во Москва пристигнуваат и Жозе Мануел Баросо и Хавиер Солана .

Судот во Хаг ќе расправа по тужбата на Грузија кон Русија

Кирилица - 08.09.2008

Пред десетина дена Грузија ја поднесе тужбата до Меѓународниот суд на правдата во Хаг со која бара пресуда за да на Русија и се наложи да го запре кршењето на правата на Грузијците на територијата на Абхазија и Јужна Осетија. Се очекува прво судот да одлучува дали е надлежен за овој случај.

МЕЃУНАРОДНИОТ СУД ВО ХАГ ПОЧНА ДА ЈА РАЗГЛЕДУВА ЖАЛБАТА НА ГРУЗИЈА ПРОТИВ РУСИЈА

Сител - 08.09.2008

МЕЃУНАРОДНИОТ СУД ВО ХАГ ПОЧНА ДА ЈА РАЗГЛЕДУВА ЖАЛБАТА НА ГРУЗИЈА ПРОТИВ РУСИЈА Меѓународниот суд во Хаг денеска почна да ја разгледува жалбата на Грузија која бара на Русија да и биде наредено „да го запре етничкото чистење“ во Абхазија и Јужна Осетија.

Медведев: ЕУ да знае дека во Ј. Осетија има нова реалност

Кирилица - 08.09.2008

Средбата на францускиот претседател со неговиот руски колега во Москва не поминал успешно за Саркози, известуваат западните медиуми.

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ЈА ПРЕКИНЕ СОРАБОТКАТА СО НАТО ПОРАДИ ГРУЗИЈА

Сител - 08.09.2008

РОГОЗИН НАЈАВИ ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ НАТО-РУСИЈА РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ЈА ПРЕКИНЕ СОРАБОТКАТА СО НАТО ПОРАДИ ГРУЗИЈА Русија ќе ја прекине соработката со НАТО ако Грузија се присоедини кон Акциониот план за членство во Алијансата, предупреди денеска постојаниот претставник на Русија во НАТО ...

Русија е против набљудувачка мисија на ЕУ во Грузија

Кирилица - 08.09.2008

- Москва е против доаѓање на набљудувачка мисија на Европската унија во Грузија, бидејќи во таа земја веќе е се присутни мисии на Обединетите нации и ОБСЕ, истакнал портпаролот на руското министерство за надворешни работи Андреј Нестеренко .

ЕУ ВО ОБИД ДА ЈА РАЗРЕШИ КРИЗАТА ВО КАВКАСКИОТ РЕГИОН

Сител - 08.09.2008

ЕУ ВО ОБИД ДА ЈА РАЗРЕШИ КРИЗАТА ВО КАВКАСКИОТ РЕГИОН Делегација на ЕУ, предводена од францускиот претседател Никола Саркози денеска во Москва разговара со руските власти околу кавкаската криза и иднината на меѓусебните односи.

Нова реалност за Кавказот

Вечер - 08.09.2008

Рускиот претседател Дмитриј Медведев на средбата со неговиот француски колега Никола Саркози и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во резиденцијата Мајн дорфф во Подмосковието предложи грузиско-јужноосетискиот конфликт да биде решен на нови реални основи,откако ќе бидат ...

Клаус: Признавањето на Косово предизвика признавање на грузиските региони

Нетпрес - 08.09.2008

Чешкиот претседател Вацлав Клаус денес оценил дека одлуката на Русија да ја признае независноста на отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија е испровоцирана од одлуката на западните земји да ја признаат независноста на Косово и ја обвинил Грузија за воените борби на Кавказот.

Саркози на чело на делегацијата на ЕУ во Москва и Тбилиси

Нетпрес - 08.09.2008

Францускиот претседател Никола Саркози, чија што земја претседава со Европската унија, денес ќе ја предводи делегацијата на Унијата во посетата на Москва и Тбилиси, за од руските и грузиските власти да добие гаранција за смирување на ситуацијата во Грузија.

Медведев: Разговарајте за Грузија во светло на “новата реалност“

Нетпрес - 08.09.2008

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денес му понудил на францускиот претседател Никола Саркози за решавањето на кризата во Јужна Осетија да се разговара земајќи ја во предвид “новата реалност“ настаната во изминатиот месец, кога дошло до борби во таа отцепена грузиска република.

Москва против мисија на ЕУ во Грузија

Нетпрес - 08.09.2008

Портпаролот на руското министерство за надворешни работи Андреј Нестеренко денес изјавил дека Москва е против распоредување на набљудувачка мисија на Европската унија во Грузија, бидејќи во таа земја веќе е се присутни мисии на Обединетите нации и ОБСЕ.

Грузија против Русија пред Меѓународниот суд на правдата

Макфакс - 08.09.2008

Грузија денеска ќе побара од Меѓународниот суд на правдата во Хаг пресуда со која ќе се бара Русија да го запре кршењето на правата на Грузијците во Јужна Осетија и Абхазија.

Русија е против мисија на ЕУ во Грузија

Макфакс - 08.09.2008

Русија е против испраќањето набљудувачка мисија на Европската унија во Грузија, затоа што смета дека тоа ќе доведе до „непотребна фрагментација“ на мисиите на Обединетите нации и на ОБСЕ, кои што веќе се на место. Ова денеска го соопшти портпаролот на руското Министерство за внатрешни работи.

Средба Саркози-Медведев

Макфакс - 08.09.2008

Средба на претседателите на Франција и на Русија Никола Саркози и Дмитриј Медведев, се одржа денеска во замокот Мајндхоф во околината на Москва, во рамки на решавање на конфликтот околу грузиската сепаратистичка република Јужна Осетија.