TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Русија одобри транзит на оружје за германската војска во Авганистан

Макфакс - 21.11.2008

Русија и даде дозвола на германската војска преку нејзина територија да пренесува оружје и друга воена опрема за германските сили во Авганистан, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „Сојузната царинска служба издаде општа дозвола за железнички превоз на оружје, воена опрема и друга воена техника, преку руска територија, за потребите на германските сили во Авганистан“, се наведува во ...

Русија и‘ дозволи транзит на Германија

Форум - 21.11.2008

Русија и‘ дозволи на Германија низ нејзината територија да врши транзит на опремата која и‘ е потребна за акцијата во Авганистан. Ова е прв пат Москва да и‘ дозволи на странска земја да ја користи железничката линија на нејзината територија за превоз на товар од ваков вид. Досега, Германија можеше да го користи само воздушниот простор на Русија за потребите во Авганистан.

Нов медицински тим во Авганистан

Утрински - 19.11.2008

Нов медицински тим во Авганистан. Скопје – Медицински тим на Армијата на Македонија ќе биде испратен во мировната мисија во Авганистан, одлучи вчера едногласно парламентот. За учеството на македонскиот медицински тим во мисијата ИСАФ во Авганистан гласаа 67 пратеници. Тимот е составен од тројца лекари и три медицински сестри и во Авганистан ќе замине најдоцна до средината на декември.

Шест медицинари ќе заминат во северен Авганистан

А1 - 18.11.2008

За првпат македонски војници ќе бидат распоредени и надвор од главниот град на Авганистан, Кабул. Три лекари и три медицински сестри ќе бидат распоредени во северен Авганистан во составот на норвешка воена болница, во авганистанската провинција Фариаб која се граничи со Туркменистан. Во оваа провинција има 420 норвешки војници.

Кина нема да испрати војници во Авганистан

Алсат-М - 18.11.2008

Кина денеска соопшти дека нема да испрати свои војници во Авганистан, отфрлајќи ги шпекулациите дека е можно Пекинг да ја поддржи меѓународната коалиција во таа држава. Британскиот премиер Гордон Браун во петокот изјави дека Кина би можела да испрати свои војници затоа што постои глобален консензус дека Авганистан претставува „линија на фронт“ во борбата против тероризмот.

Македонија испраќа медицински тим во Авганистан

Алсат-М - 18.11.2008

Медицински тим на Армијата на Македонија ќе биде испратен во мировната мисија во Авганистан, одлучи денеска едногласно парламентот. За учеството на македонскиот медицински тим во мисијата ИСАФ во Авганистан гласаа 67 пратеници. Тимот е составен од 3 лекари и 3 медицински сестри и во Авганистан ќе замине најдоцна до средината на декември.

Кина нема да испрати војници во Авганистан

Макфакс - 18.11.2008

Кина денеска соопшти дека нема да испрати свои војници во Авганистан, отфрлајќи ги со тоа шпекулациите дека е можно Пекинг да ја поддржи меѓународната коалиција во таа држава. Британскиот премиер Гордон Браун во петокот изјави дека Кина би можела да испрати свои војници затоа што постои глобален консензус дека Авганистан претставува „линија на фронт“ во борбата против тероризмот.

Македонија испраќа медицински тим во Авганистан

Макфакс - 18.11.2008

Медицински тим на Армијата на Македонија ќе биде испратен во мировната мисија во Авганистан, одлучи денеска едногласно парламентот. За учеството на македонскиот медицински тим во мисијата ИСАФ во Авганистан гласаа 67 пратеници. Тимот е составен од 3 лекари и 3 медицински сестри и во Авганистан ќе замине најдоцна до средината на декември.

Собранието донесе Одлука за испраќање единица на АРМ - медицински тим за учество во мировна операција во Авганистан

Кирилица - 18.11.2008

Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев појасни дека македонскиот медицински тим заедно со медицинскиот тим на Кралството Норвешка ќе учествува во меѓународните сили за безбедност во Авганистан и треба да замине од 10 до 17 декември. - Ние првпат учествуваме со вакво високо ниво на медицински тим.

Јунг: Ситуацијата во Авганистан е напната

Канал5 - 17.11.2008

Берлин, 17 ноември (МИА) - Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг, по нападот на патролата на германската војска во Авганистан, оцени дека безбедносната ситуација во оваа централноазиска земја е напната, најавувајќи за денеска префрлање на еден од двајцата повредени германски војници во Дизелдорф.