TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Паркирањето на „Максим Горки“ најскапо во градот

Дневник - 03.05.2007

Паркирањето на улицата Максим Горки ќе биде најскапо во градот. Советот на Град Скопје ја прифати одлуката за дополнување на ценовникот на Јавното претпријатие „Градски паркинг“, според која еден час паркирање на „Максим Горки“ ќе чини 50 денари, а месечната претплата ќе биде 5.000 денари.

Од понеделник ќе се наплаќа паркирањето во "Рамстор"

Вест - 03.05.2007

Паркирањето на паркингот во "Рамстор" од понеделник ќе се наплаќа, одлучи управата на трговскиот центар. Првите два часа за паркираните возила ќе бидат бесплатни, ако возачите покажат фискална сметка од која било продавница од "Рамстор".

Ред на уште 4 паркиралишта

Вечер Прес - 03.05.2007

Покрај досегашните 16 паркиралишта, под капата на Градот во иднина ќе бидат и паркинг просторот кај Технометал, Макпетрол, Саем Крњево и улицата "Максим Горки" Градот во најскоро време ќе започне со опремување и наплата на четири нови локации за паркирање.

Спротивно на Законот паркинг ќе наплаќа општински човек

Вест - 02.05.2007

ОПШТИНА БУТЕЛ ГИ КРШИ ЗАКОНИТЕ, НИКОЈ ОД НАДЛЕЖНИТЕ НЕ РЕАГИРА И од Градот и од Министерството за локална самоуправа велат дека Бутел како општина не може да стопанисува со паркинг, туку треба да формира јавно претпријатие или да го даде паркингот под концесија Општина Бутел ќе почне да го наплаќа ...

„Градски паркинг” презеде три нови паркиралишта

Време - 02.05.2007

ОДЛУКА Паркинзите пред управната зграда на „Макпетрол” и кај Скопското сајмиште, како и улицата Максим Горки се трите нови простори што ќе ги уредува и кои ќе ги стопанисува јавното претпријатие „Градски паркинг”, според одлуката што ја изгласа советот на градот.

Бесплатен паркинг само за муштериите во „Рамстор“

Дневник - 02.05.2007

Управата на трговскиот центар „Рамстор“ ќе почне да им наплатува паркинг на граѓаните што не пазарат, а се паркираат во рамките на центарот. Посетителите што ќе пазарат во „Рамстор“ два часа ќе имаат бесплатен паркинг. Ибру Радевски, одговорна за односи со јавноста, вели дека ова решение е во ...