TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Американците ослободија 1.000 затвореници во Ирак

Макфакс - 07.08.2005

Багдад Американската војска соопшти денеска оти ослободила околу 1.000 затвореници од затворот Абу Граиб, на барање на ирачката Влада. Во соопштението на американските сили не се наведува дали ослободувањето е поврзано со барањето на ирачките сунити кои преговорите за прифаќање на уставот на ...

Најмалку 25 загинати во три атентати во Багдад

Макфакс - 07.08.2005

Багдад Најмалку 25 лица загинаа, а 35 се ранети во три атентати извршени со автомобили-бомби во центарот на Багдад. Трите автомобили – бомби експлодирале во период од 30-тина минути рано изутрината, соопшти претставник на ирачкото министерство за внатрешни работи.

Најмалку 43 загинати и 76 ранети во експлозиите во Багдад

Макфакс - 07.08.2005

Багдад Најмалку 43 лица загинаа, а 76 се ранети во три атентати извршени со автомобили-бомби во демеска во центарот на Багдад. Според последните информации има 43 загинати и 76 ранети соопшти претставник на министерството за внатрешни работи. Тој додаде дека во експлозиите 22 автомобили се уништени.

Истекува рокот за подготовка на уставот на Ирак

Макфакс - 05.08.2005

Багдад Ирачките политички лидери треба да ги завршат преговорите за новиот устав на Ирак, кој како што беше најавувано денеска треба да биде усвоен од парламентот. Преговарачите и покрај оптимистичките најави на ирачкиот претседател Џалал Талабани вчера не успеаа да постигнат договор за уставот на ...

Ирачкиот парламент денеска за новиот предлог устав

Макфакс - 05.08.2005

Багдад Ирачкиот парламент денеска треба да се произнесе по новиот предлог проект за устав на земјата, јавуваат медиумите. На вчерашните консултации меѓу претседателот Џалал Талабани и лидерите на Сунитите, Курдите и Шиитите не беа надминати одредени несогласувања по текстот на уставот.

Заменикот ирачки министер за правда неповреден во атентат

Макфакс - 04.08.2005

Багдад Ирачкиот заменик министер за правда Хашем Ибрахим преживеа атентат што денеска беше извршен врз него во Багдад, соопшти ирачката полиција. “Возилото во кое се наоѓаше функционерот не беше погодено од истрелите што ги испукаа вооружени напаѓачи и можеше да го продолжи патот“, додаде истиот ...

Најмалку шест војници загинаа во Ирак

Макфакс - 04.08.2005

Бања Лука Најмалку шестмина американски војници загинаа во неколку одвоени напади во Ирак, јавија денеска агенциите, повикувајќи се на соопштение на војската на САД. Според истиот извор тројца војници загинале, а еден бил ранет во експлозија на нагазна мина што се случила во петокот во близината на ...

Ирачкиот претседател се надева на договор за уставот

Макфакс - 04.08.2005

Багдад Ирачкиот претседател Ибрахим ал-Џафари се надева дека ирачките Шиити, Сунити и Курди во следните два дена ќе постигнат договор за спорните точки на новиот устав. Ирачкиот парламент го доби предлогот на уставот во понеделникот пет минути пред полноќ, односно пет минути пред рокот за предавање ...

Убиен соработник на ирачкиот вицепремиер

Макфакс - 04.08.2005

Багдад Висок претставник на Националниот ирачки конгрес, партијата на потпретседателот на Владата Ахмед Чалаби, е убиен денеска в зори во Багдад, соопшти ирачкото Министерство за внатрешни работи. Според официјалната верзија,.вооружени напаѓачи упаднале во станот на претставникот на партијата ...

Убиени 10 Ирачани во нов бран на насилство

Макфакс - 04.08.2005

Багдад Во повеќе одвоени напади денеска во подрачјата на градовите Багдад и Киркук во Ирак се убиени 10 лица, а четворица се ранети. Во Багдад се убиени Хајдар Мохамед Али ел Дуџаили (38), од кабинетот на ирачкиот вицепремиер Ахмад Чалаби задолжен за односи со јавноста, како и двајца мажи врз кои ...

Три напади со автомобил бомба во Рамади

Макфакс - 03.08.2005

Багдад Три автомобили бомби експлодираа денеска во близина до американските трупи стационирани во ирачкиот град Рамади, западно од Багдад, при што три лица се повредени. Според полицијата и очевидци на настанот, нападот бил координиран и бил извршен од бунтовниците.

Нови три дена за “пеглање“ на разликите за ирачкиот устав

Макфакс - 03.08.2005

Багдад Ирачките преговарачи добија рок од уште три дена за да го усогласат текстот на новиот ирачки Устав, јавуваат британските медиуми. Новата сесија следува по вчерашната драма, кога Сунитите одбија да го потпишат понудениот текст, сметајќи дека ваквиот устав ќе ја подели земјата.

Во повеќе одвоени инциденти убиени 11 Ирачани

А1 - 02.08.2005

Во повеќе одвоени инциденти во Ирак во текот на ноќта убиени се 11 Ирачани. Шеикот Акил ал Маадиди од сунитската џамија Ал Муџахитин во багдадскиот кварт Газалија синоќа беше застрелан од страна на непознати лица. Неговиот брат беше потешко ранет и подоцна во болница им подлегна на повредите.

Убиени осум ирачки полицајци

Макфакс - 02.08.2005

Багдад Осум ирачки полицајци се убиени денеска во напад на вооружени и маскирани лица северно од Багдад, соопшти претставник на ирачките сили за безбедност. Инцидентот се случил во градот Тармија, откако од заседа бил нападнат патнички автобус во кој се наоѓале осум ирачки полицајци, тројца патници ...

Неколку стотици загинати во панично бегство во Багдад

Макфакс - 01.08.2005

Багдад Стотици луѓе загинаа денеска во стампедо на еден мост во Багдад, јавуваат светските агенции. Полицијата потврди дека трагедијата се случила откако некој јавил дека меѓу шиитските верници, кои биле на пат за џамијата во стариот дел на Багдад за да го прослават маченикот Муса ал-Кадим, има ...

Седумина загинати во напад на шиитска џамија во Багдад

Макфакс - 01.08.2005

Багдад Најмалку седум лица загинаа, а 36 се ранети во денешниот минофрлачки напад врз шиитска џамија во Багдад, соопшти полицијата. Според истиот извор, биле извршени три одвоени напади врз масата што се движела кон џамијата, без да бидат соопштени други детали.

Загинаа четворица американски војници

Макфакс - 01.08.2005

Багдад Четворица американски војници загинаа, а шестмина беа повредени доцна синоќа во напад на бунтовници врз патрола во северниот ирачки град Бејџи, додека уште еден американски војник го загуби животот во самоубиствен бомбашки напад во Багдад, потврдија официјални извори.

Убиени тројца ирачки војници

Макфакс - 01.08.2005

Фалуџа: Тројца ирачки војници загинаа во напад со граната утринава во Фалуџа, на 50 км западно од Багдад. Ирачкото министерство за одбрана го потврди нападот без да даде други детали. Градот Фалуџа се наоѓа во ткн. триаголник на смртта, регион западно од Багдад, што ги опфаќа и градовите Махмудија ...

Најмалку 56 лица загинале во американски воздушни напади

Макфакс - 01.08.2005

Багдад Најмалку 56 лица се убиени во американските воздушни напади врз областа Каим, блиску до границата со Сирија, на околу 300 километри од Багдад. “56 лица се убиени во серијата воздушни напади над Каим", изјави извор од службите за безбедност во Багдад.

Нови инциденти во Ирак

Макфакс - 01.08.2005

Багдад Најмалку еден ирачки полицаец беше убиен денеска кога во центарот на Багдад била истрелана граната, јавија агенциите. Според ирачкото Министерство за внатрешни работи во нападот биле повредени седум ...

Најмалку 47 лица загинале во американските воздушен напад во Ирак

Макфакс - 01.08.2005

Багдад Најмалку 47 лица загинале во два американски воздушни напади на градот Каим, западен Ирак, во близина на границата со Сирија, соопштија од локалната болница. Од болницата велат дека 35 лица загинале во нападот врз една куќа, а други 12 ги загубиле животите во напад на друга куќа.

Последен биланс - Над 800 загинати во стампедото во Ирак

Макфакс - 01.08.2005

Багдад Ирачкиот премиер Ибрахим Џафари објави тридневна национална жалост, по трагедијата во што се случи денеска во Багдад во која според најновиот биланс загинаа околу 850 лица. Ова според последните податоци на ирачките безбедносни служби, е бројот на жртвите во Багдад, кои се удавиле во водите ...