TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јован само го поларизира односот СПЦ - МПЦ

Дневник - 28.09.2002

По одлуката на српската црква Епископот-скандал, митрополитот Јован (Вранишковски), кој смета дека (како Христос) секогаш може да направи точна процена и така со право да "направи бич од врвци и да ги истера од храмот сите (Јован 2,15)" што не мислат како него, деновиве уште еднаш ја потресе ...

Притворен поранешниот благајник на Повардарската епархија

Утрински - 28.09.2002

Тони Петрушевски подигнал 57.180 евра од Трифун Костовски ВЕЛЕС - По скандалозното признавање од разрешениот владика Јован за подигнатите пари од велешката банка, вчера Секторот за внатрешни работи од Велес поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против Тони Петрушевски, поранешен ...

Притворен поранешниот благајник на Повардарската епархија

Дневник - 28.09.2002

ПОРАДИ СОМНЕВАЊЕ ЗА ПРОНЕВЕРА Светиот синод на МПЦ в четврток ќе го каже дефинитивниот став за потегот на СПЦ Полицијата го притвори поранешниот благајник и архивар на Повардарската епархија, Тони Петрушевски, поради основано сомневање дека сторил кривично дело - затајување.

Притворен ексблагајникот на Велешката епархија за затајување на донацијата за црквата "Св. Пантелејмон"

Вест - 28.09.2002

НА БАРАЊЕ НА ИСТРАЖНИОТ СУДИЈА ВО ВЕЛЕС Истражниот судија на Основниот суд во Велес, на барање на велешкото Основно јавно обвинителство, вчера му изрече мерка притвор од 30 дена на лицето Тони Петрушевски, поранешен благајник и архивар во Повардарската епархија, за сторено кривично дело затајување.

Синодот в четврток ќе расправа за српскиот егзарх

Утрински - 28.09.2002

МПЦ Синодот на Македонската православна црква в четврток ќе одржи редовна седница на која ќе го изгради својот став по скандалозниот чекор на Српската црква, именувајќи го расколникот Јован, до неодамна владика на МПЦ, за српски егзарх на охридско-плаошката епархија.

Приведен поранешниот благајник на повардарската епархија

А1 - 27.09.2002

Тони Петрушевски, поранешен благајник и архивар во повардарската епархија, денеска е притворен и против него е поведена истрага во основниот суд во Велес под обвинение дека сторил кривично дело затајување. На Петрушевски му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, потребни за истрага во која ...

СПЦ не може да се помири со автокефалноста на Охридската архиепископија

А1 - 27.09.2002

„Српскиот патријарх и Саборот не можат да се помират со фактот дека Македонија е суверена држава со своја автокефална Охридска архиепископија“, изјави денеска претседателот на Комисијата за верски односи Ѓорѓи Наумов, кој смета дека поставувањето на Јован за српски егзарх во Македонија претставува ...

Костовски ќе поднесе кривична пријава за кражба против расколникот Јован

Вест - 27.09.2002

Го повикувам Зоран Вранишковски, поранешен владика Јован, да и ја врати донацијата од 57 илјади евра на Велешко-повардарската епархија, чиј привремен надлежен архијереј е владиката Тимотеј, за да се употребат за намената за која се донирани.

Духовните гастарбајтери го изгубија крстот

Дневник - 27.09.2002

Коментар - Катерина Блажевска Српската православна црква најави и експресно именува свој егзарх во Македонија, а Светиот синод на Македонската православна црква тоа го "регистрира" идентично на веста дека во земјава влегол уште еден влажен воздушен бран.

Костовски: Партите се за храмот, а не за Јован

Утрински - 27.09.2002

Јавно обраќање на донаторот на пари за црквата "Св. Пантелејмон" до поранешниот владика на Повардарската епархија Доколку партите во рок од една недела не бидат вратени во Епархијата, следи кривична пријава Повод за моето јавно обраќање е информацијата што се појави деновиве во македонската јавност ...

Македонските верници ќе го расчинат Јован!

Дневник - 27.09.2002

ПО ОДЛУКА НА СПЦ Светиот синод на МПЦ ќе мора да го расчини владиката Јован откако Српската православна црква го прогласи за "егзарх" во Македонија. Во спротивно, највисокиот црковен врв ќе биде соочен со големо незадоволство на верниците, предвидуваат познавачите на состојбите во македонската ...

Трифун Костовски си ги бара 57-те илјади евра од расколникот Јован

А1 - 26.09.2002

„Повод за моето јавно обракање е информацијата која се појави деновиве во македонската јавност дека донацијата во износ од 57 илјади евра што ја дадов со намена да бидат извршени поправки во соборната црква „Св. Пантелејмон“ во Велес биле подигнати од поранешниот секретар на повардарската епархија ...

МПЦ најверојатно ќе го отфрли ултиматумот на СПЦ

А1 - 26.09.2002

Синодот на Македонската православна црква најверојатно ќе ги отфрли ултиматумите поставени неодамна од страна на Српската православна црква и ќе побара од српската црква да ја поништи одлуката за прогласување на владиката Јован за охридско - плаошки егзарх, пренесува „Дојче Веле“, повикувајќи се на ...

Јован стана егзарх на српските сили за разнебитување на Македонија

Дневник - 26.09.2002

српската црква назнаЧи своЈ управител во МПЦ За Македонската православна црква ова е уште една глупост на српските свештеници, насочена кон нарушување на односите меѓу македонскиот и српскиот народ Српската православна црква завчера го именува владиката Јован за егзарх на архиепископот пеќки и ...

Јован се заканува со бричење на македонските владици

Утрински - 26.09.2002

Зоран Вранишковски во Битола ја промовира својата нова титула "српски егзарх за Македонија" Вранишкоски призна дека ги подигнал 57.000 евра, донација од Трифун Костовски, за велешката црква "Св. Пантелејмон" БИТОЛА - Битолчанецот Зоран Вранишковски, поранешен епископ Јован во Велешко-повардарската ...

Битола - седиште на егзархијата на расколникот Јован

Вест - 26.09.2002

СПЦ ГО ПРОГЛАСИ РАЗВЛАСТЕНИОТ ВЛАДИКА ЗА ЕГЗАРХ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА Развластениот владика ги одбива инсинуациите за велепредавство и упорно тврди дека со стапувањето во канонско и литургиско единство со СПЦ и со прифаќањето на титулата егзарх, тој се бори за признавање и на државата, и на ...

Јован стана српски егзарх, МПЦ молчи

Утрински - 26.09.2002

Македонската јавност изненадена од скандалозниот чекор на Саборот на Српската православна црква ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА "Чекорот на Саборот на Српската православна црква, со која го наименува некогашниот владика на МПЦ, Јован, за егзарх архиепископ пеќски и патријарх српски, е уште една глупост од ...

МПЦ ќе заземе став за одлуката на СПЦ дури идната недела

А1 - 25.09.2002

По вчерашната одлука на Српската православна црква разрешениот владика Јован да го постави за канонски владика на СПЦ за Македонија, Синодот на Македонската православна црква ќе заземе став дури во текот на следната недела на редовна седница бидејќи повеќето македонски архиереи се надвор од ...

Јован се прогласи за егзарх на Охридската архиепископија со седиште во Битола

А1 - 25.09.2002

Расчинетиот владика Јован денеска се декларираше како егзарх на Охридската архиепископија со седиште во Битола и митрополит на велешко-повардарската епархија назначен од Саборот на СПЦ, најавувајќи дека ќе богослужи во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитри“, во што ќе му помогнеле верниците.

Разрешениот владика Јован прогласен за егзарх на СПЦ

Утрински - 25.09.2002

СОБОР Српската православна црква на вчерашниот Сабор со која претседавал патријархот Павле, го наименува разрешениот владика Јован за егзарх на Пеќката архиепископија и српската патријаршија, со напомена дека оваа одлука ќе биде во сила сў до воспоставувањето на целосен канонски ред во Македонската ...

Расколникот Јован украл донација од 57.000 евра за црквата "Св. Пантелејмон"

Вест - 25.09.2002

ОТКРИЕНА НОВА ПРОНЕВЕРА НА ПОРАНЕШНИОТ ВЛАДИКА НА ПОВАРДАРСКАТА ЕПАРХИЈА Донацијата на бизнисменот Трифун Костовски на барање на поранешниот владика Јован била префрлена на лична девизна сметка во Стопанска банка на теологот Тони Петрушевски, кој на 18 овој месец ги подигнал парите во присуство на ...

Донацијата на Костовски за велешката црква завршила во џебот на владиката Јован

Утрински - 25.09.2002

Нов скандал на бившиот владика на Повардарската епархија ВЕЛЕС - Донацијата на фирмата "Кометал" од Скопје вредна 57.000 евра, со која требаше да бидат реновирани 12-те столба во соборната црква "Св. Пантелејмон" во Велес од филијалата на Стопанска банка во готовина на 18 септември ја подигнал ...

СПЦ го прогласи Јован за егзарх во Македонија

А1 - 24.09.2002

Српските владици го играат докрај сценариото за разнебитување на Македонската православна црква преку „тројанскиот коњ“, разрешениот владика Јован. Врвот на СПЦ, и покрај укажувањата за штетноста на одлуката која ќе се одрази на добрите односи на двете држави и двата народа, на денешната седница на ...

Српската црква го токми Јован за свој патријарх во Македонија

Дневник - 24.09.2002

ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СПЦ Светиот архијерејски собор на Српската православна црква (СПЦ) вчера го одржа вонредното заседание во Белград, на кое се очекува да биде донесена одлука за прогласување на разрешениот владика на МПЦ г. Јован за "егзарх охридски и плаошки".

Разрешениот владика Јован денеска ќе биде назначен за српски егзарх

Утрински - 24.09.2002

Српската црква на вонредна седница на Соборот крои нов план за растурање на МПЦ ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Разрешениот владика на МПЦ Јован, наспроти најавите, ќе биде назначен од страна на Српската православна црква за српски владика со титулата егзрах охридско-плаошки, најверојатно, на денешната вонредна ...

Ако не го расчини Јован, МПЦ ќе се "расчини" самата

Дневник - 24.09.2002

Коментар - Бранко Ѓорѓевски Без оглед каква одлука деновиве ќе донесе српскиот црковен врв за разрешениот владика Јован, јасно е дека приказната со него и со експозитурата на српските интереси во Македонија штотуку почнува, или дека се уште не е завршена.

Расколникот Јован во Белград ја чека титулата српски егзарх во Македонија

Вест - 24.09.2002

НОВ НАЛЕТ НА СПЦ ВРЗ МПЦ - Јас сум во Белград и секој момент очекувам Светиот архијерејски сабор на СПЦ да ме назначи за егзарх охридско - плаошки и за поглавар на Православната црква на Поранешната Југословенска Република Македонија", ни изјави вчера донеодамнешниот владика повардарски г.

Случајот „Јован“ ги заострува и државните односи на Скопје и Белград

А1 - 23.09.2002

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква денеска го започна дводневното вонредно заседание. На него, според најавите, ќе се разговара за црквената просвета за веронауката, но се очекува да стане збор и за односите со Македонската православна црква.

СПЦ ќе го избере расколникот Јован за поглавар на МПЦ

Вест - 23.09.2002

Светиот архијерејски сабор на Српската православна црква, утре има намера да го избере расколникот Јован за"егзарх охридско-плаошки и за поглавар на Православната црква на Поранешната југословенска Република Македонија". Ваквата намера на Српската православна црква ја обелодени Светскиот македонски ...

Расколникот Јован сака да стане српски егзарх во Македонија

Дневник - 23.09.2002

НАЈАВЕН ЦРКОВЕН ПУЧ Портпаролот на МПЦ, господин Тимотеј, не верува во ваквите најави, коментирајќи ги со зборовите "гладна кокошка просо сонува" Расчинетиот владика Јован очекува Светиот архијерејски сабор на Српската православна црква на утрешната вонредна седница да го прогласи за егзарх ...

Јован-поглавар со титула егзарх охридски и плаошки?!

Утрински - 23.09.2002

СПЦ ќе постави свој човек, како што се вели, на црквата во ПЈРМ ВЕЛЕС- Поглаварот на СПЦ, патријархот Павле, според она што деновиве може да се слушне во Велес, се очекува на 24 септември да го интронизира владиката Јован во поглавар на, како што се вели, црквата на поранешната југословенска ...

Ме принудуваа да му го продадам манастирот на владиката Јован

Утрински - 23.09.2002

Прота Стојко Ристовски ја опишува неправдата спрема него и неговиот манастир во Теово Јован ми забрани да доаѓам во Велес, но и во Теово, плашејќи се да не му се случи бунт ВЕЛЕС - Во 1998 година кога се исправи како величествено црковно здание манастирот "Св.