Главниот одбор на Демократската партија на убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, на денешната вонредна седница, ја усвои одлуката, со еден глас против, до наредните општи избори партијата да ја застапува досегашниот заменик-претседател на партијата Зоран Живковиќ.
Во Алејата на великаните на гробиштата во Белград попладнево со високи државни и воени почести беше погребан српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен во средата пред зградата на Владата на Србија. Претходно посмртните останки на претседателот на српската Влада беа изложени во храмот „Свети ...
Министерот за внатрешни работи на Србија Душан Михајловиќ синоќа за телевизијата „Студио Бе“ изјави дека знае кои се извршителите и нарачателите на убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ. „Имаме докази и изјави од уапсените, кои го потврдуваат она што го изјавија и другите членови на злосторничката ...
Припадниците на државната гранична служба на БиХ и на федералнта полиција, во средата на сараевскиот аеродром трагале по Б.К. еден од убијците на Ѓинѓиќ. Но е утврдено дека во БиХ не стигнал, барем не од дописот кој од српската полиција стигнал до босанскиот Интерпол, пишува денеска весникот ...
Интервју - Јован Донев, директор на ЕВРОБАЛКАН Јован Донев, авторот на книгата "Орелот над Балканот", ја завршува книгата со прашањето: може ли регионов да стане зона на стабилност и соработка. Донев во книгата заклучува дека "Балканот е навистина мал за да се дели на европски и балкански".
ПО УБИСТВОТО НА ЃИНЃИЌ Фолк-ѕвездата Цеца, поранешниот шеф на српската Служба за државна безбедност Јовица Станишиќ и поранешниот шеф на "црвените баретки" Франко Симатовиќ - Френки се меѓу 56-те лица што се притворени по убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.
ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Билјана Секуловска БРАНКО ТЕРА НОЌНА ШЕМА , БОРИС ДНЕВНА. НИЕ- УЛИЧНА Убиството на Ѓинѓиќ освен што покажа дека демократијата уште долго нема намера да живее тука, покажа и друго. Дека македонскиот Премиер се појави со реакција за убиството.
Убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ денеска во 14 часот ќе биде погребан во алејата на великаните во новите белградски гробишта. Во белградскиот храм Свети Сава претходно ќе биде одржан помен, на кој ќе чиноначалствува српскиот патријарх Павле.
Ѓинѓиќ, еден месец пред да биде убиен, беше обвинет дека го штити Легија и "црвените баретки" во нивните нелегални бизниси. Во јануари 2003 година беше разнесен магацинот на компанијата "Дифенс роуд", сопственост на контроверзниот бизнисмен Љубиша Буха.
МВР потврдува дека постои поврзаност меѓу подземјата на релација Белград - Скопје КОСТА ПОПОВСКИ- ГОРАН НАУМОВСКИ Криминалците од Македонија тесно соработуваат со земунската мафија која е посочена како подготвувач и извршител на атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.
Изјава Официјалните лица во Белград подвлекуваат дека тврдокорните националисти биле разгневени од подготвеноста на Зоран Ѓинѓиќ да соработува со Хашкиот трибунал и да ги исполнува меѓународните барања да се казнат оние со нечисто минато во војните на Балканот и дека тоа, исто така, може да биде ...
НАЈАВА Скопје - Македонска делегација, предводена од претседателот на Владата, Бранко Црвенковски, ќе присуствува на погребната церемонија на трагично загинатиот премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ, што ќе се одржи денеска во Белград, соопшти Агенцијата за ...
Од нашиот известувач ДИМИТАР ЧУЛЕВ Белград - Полициски и жандармериски сили вчера напладне ја опколија куќата - луксузна повеќекатница на Шилерова улица во Земун, лична резиденција на Душан Спасоевиќ - Шиптар, еден од главнообвинетите за атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.
СРПСКИОТ ПРЕМИЕР ЌЕ БИДЕ ЗАКОПАН ВО АЛЕЈАТА НА ВЕЛИКАНИТЕ Белграѓани и натаму се собираат пред зградата на српската влада и оставаат букети цвеќиња и палат свеќи на местото каде што Ѓинѓиќ беше убиен додека излегуваше од својот автомобил.
Македонска делегација предводена од премиерот Бранко Црвенковски ќе присуствува на погребната церемонија на трагично загинатиот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ што треба да се одржи утре во Белград. Ѓинѓиќ (50) беше убиен пред два дена од напаѓачи кои поставија заседа пред комплексот згради на српската ...
Српската полиција денеска упадна во домовите на Душан Спасојевиќ и Миле Луковиќ, кои Владата ги именува како лидери на групата „Земунски клан“, осомничена за атентатот врз српскиот премиер Соран Ѓинѓиќ, објавија српските медиуми.
Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Карла Дел Понте утре ќе допатува во Белград за да присуствува на погребот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Дел Понте во средата, веднаш по атентатот, изјави дека е во шок поради убиството на Ѓинѓиќ, чија смрт ја оцени како „голема загуба“.
ПО АТЕНТАТОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАД Прв меѓу дваесетте осомничени е Милорад Луковиќ - Легија, поранешниот шеф на специјалниот полициски одред "Црвени баретки" Мафијашката група Земунски клан, предводена од поранешниот шеф на полициските специјалци Милорад Луковиќ - Легија и од неговиот кум Душан ...
Жалење Скопје - ВМРО-ДПМНЕ изразува најдлабоко жалење по повод атентатот врз претседателот на српската влада, Зоран Ѓинѓиќ. Според партијата, атентатот на Ѓинѓиќ е "кукавички чин директно насочен против легитимно избраната власт на една суверена држава и против нејзината натамошна ...
ТВРДЕЊЕ БЕЛГРАД - "Зоран Ѓинѓиќ бил мртов пред да падне на земјата", објави "Данас" и додава дека, според лекарската екипа, неговото срце било разнесено, бидејќи влезната рана во десната комора на срцето била со големина шест на два сантиметри, а излезната четири на еден сантиметар.
Состојбата на ранетиот телохранител на српскиот премиер Милан Веруловиќ е стабилна и тој се наоѓа надвор од животна опасност, јавуваат лекарите од белградскиот Ургентен ...
Од нашиот известувач ДИМИТАР ЧУЛЕВ БЕЛГРАД - Србија вчера се разбуди шокирана од убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, а полицијата почна голем лов по припадниците на озлогласените криминални групи, главни осомничени за убиството на претседателот на владата.
Криминалот кој десет години ја потресува Србија го доведе општеството пред хаос Драган Николиќ Според првите коментари на српските аналитичари, убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ е кулминација на "трендот на убивање", кој десет години ја потресува Србија.
ЗЕМУНСКИОТ КЛАН АТЕНТАТОР НА СРПСКИОТ ПРЕМИЕР Српската полција веќе привела неколку лица, членови на криминалната група т.н "земунски кланови" како главни осомничени за учество во атентатаот на српскиот премиер. Меѓу 20-те осомничени се ...
Според сознанијата на полицијата, во српскиот главен град постојат најмногу мафијашки кланови. Тие информации кажуваат дека во Белград постојат 13 организирани кримнални групи, а лидерска позиција имаат Земунскиот и Сурчинскиот клан.
По убиството на српскиот премиер, МВР спроведува поголема будност во заштитата на функционерите Сашко Димевски Македонските државни функционери и објектите од витално значење, по завчерашното убиство на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, имаат засилено физичко обезбедување, но тоа не се однесува на ...
ВЕСТИ * Мечот од МЕХЛ-лигата меѓу Металопластика и Вардар В., кој требаше да се одигра во средата во Шабац, е одложен поради воведувањето вонредна состојба во Србија, по убиството на Зоран Ѓинѓиќ, премиерот на државата. Терминот на одигрување на мечот ќе биде дополнително утврден.
Д-р Љубомир Фрчковски, професор на Правниот факултет за реперкусиите на последните атентати врз регионалната стабилност Гордана Дувњак Имам впечаток дека како која од државите, кои се клучни на линијата север -југ, како и за стабилноста на Западен Балкан, а тоа се, пред сў, Македонија и Србија, кои ...
Српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ ќе биде погребан в сабота, во 14 часот, во Алејата на великаните на белградските нови гробишта. Истиот ден, во храмот "Св. Сава" ќе биде одржано опело во чест на покојниот ...
Коментар - Митко Билјаноски "Ме повлече. Не сум се замислувал како некој што се занимава со политика. Политиката е како дрога. По одредена доза, повеќе нема граница, ве држи под тензија. По природа сум борец, сакам да победувам.
СПОРЕД БЕЛГРАДСКИТЕ ВЕСНИЦИ Атентатот врз премиерот Зоран Ѓинѓиќ бил професионално организиран и ниту панцирен елек не можел да го спаси премиерот од снајперските истрели со специјална муниција од мало растојание, пишуваат белградските весници.
Изјава Претседателот на македонската Влада, Бранко Црвенковски, изрази искрено жалење во свое и во име на македонските граѓани поради убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. "Атентатот на Ѓинѓиќ е насилнички акт насочен против демократијата и против стабилизацијата на регионот", истакна ...
Претседателот Борис Трајковски денеска испрати телеграма со сочувство по повод атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, подвлекувајќи дека атентатот претставува атак врз демократските процеси во Србија. „Овој безумен акт ќе не обедини и дополнително ќе не мотивира да му застанеме на патот на ...
Српскиот парламент денеска со едноминутен молк му оддаде признание на премиерот Зоран Ѓинѓиќ. На вонредната седница, пратениците беа запознаени и со воведувањето вонредна состојба, што уследи по атентатот на српскиот премиер.
„Земунскиот клан“, осомничен за атентатот врз српскиот премиер Ѓинѓиќ, имал интереси и во Македонија. Тие соработувале со македонското подземје изминативе години, а покрај тоа имале и легални бизниси со фирми во Македонија, тврдат за А1 добро информирани извори.
Српската полиција во изминатите 24 часа приведе 56 лица осомничени за учество во атентатот врз премиерот Зоран Ѓинѓиќ, соопшти денеска шефот на белградската полиција Милан Обрадовиќ. По водачите на „Земунскиот клан“, Милорад Луковиќ - Легија, Душан Спасојевиќ - Шиптар и Миле Луковиќ - Кум, ...
Убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ е подеднакво загуба и за Србите и за Албанците, бидејќи тој ја разбираше реалноста на овој нестабилен простор, изјави косовскиот политичар Адем Демаќи. „Ние од Ѓинѓиќ не баравме ништо, меѓутоа имавме високо мислење за него“, ја печати денешен „Коха Диторе“ ...
ВО СНАЈПЕРСКИ НАПАД среде бел ден ВО БЕЛГРАД Владата вчера попладне од Парламентот побара да воведе вонредна состојба во земјата - вицепремиерот Небојша Човиќ е назначен за вршител на премиерската должност Српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ вчера е убиен со истрели од огнено оружје во дворот на Владата ...
Македонска Влада "Очигледно дека станува збор за класичен терористички чин, без оглед на тоа кои се мотивите, односно дали е политички или криминално мотивиран атентат. Македонската Влада најостро го осудува овој терористички акт и се надева дека властите во Белград ќе ги пронајдат атентаторите врз ...
АТЕНТАТ НА СРПСКИОТ ПРЕМИЕР ВО БЕЛГРАД Во атентатот, што се случил околу 12.45 часот пред зградата на српската влада во Белград, премиерот, Ѓинѓиќ бил погоден во стомакот и грбот, а се претпоставува дека врз него е пукано од снјапер БЕЛГРАД, 13 март (АП) - Српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ (50 г.
Каде се корените за атентатот што вчера беше извршен во центарот на Белград Драган Николиќ >„Политичарите во Србија ги загрозува мала, но многу моќна група организирани криминалци од типот на Милорад Луковиќ-Легија (поранешен командант на "Црвените баретки").
Убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ наиде на најостри осуди, со пораки дека атентатот треба детално да се испита и виновниците што побрзо да бидат осудени. „Првиот збор што ми паѓа на памет е страшно. Самиот факт дека не ни се случува првпат политичко насилство е ужасно предупредување колку ...
Српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ (50) им подлегна на повредите во 13.30 часот како последица на раните здобиени во атентатот извршен врз него во 12.25 часот пред зградата на Владата на Србија, во центарот на Белград, соопшти српската Влада по вонредната седница.
Премиерот Бранко Црвенковски од името на Владата и граѓаните на Македонија упати телеграма со сочувство до Владата на Република Србија по повод атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. „Згрозен од запрепастувачката вест за грозоморното убиство на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, во мое и и во име ...
Убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ е сторено за да се прекине намерата во текот на денот да се уапсат главните личности на „Земунскиот клан“, кој се поврзува со името на Милорад Луковиќ - Легија, некогашен командант на полициската единица „Црвени баретки“, соопшти српската влада.
Вонредна состојба е воведена вечерва во Србија по атентатот врз премиерот Зоран Ѓинѓиќ. Указот за воведување вонредна состојба пред телевизиските камери го потпиша вршителот на должноста Претседател, Наташа Мичиќ. Таа ги повика силите за безбедност, војската и полицијата, како и политичките партии ...