TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нема клуч за „Фени“

Дневник - 30.10.2008

Нема да ставиме клуч на „Фени“. Ова вчера им го порача на вработените Константинос Даскалакис, генерален директор на комбинатот за феро никел.Според претседателот на Синдикатот на „Фени“, Илија Хаџиниколов, кај вработените се вратил оптимизмот кога директорот им соопштил дека има благ пораст на цената на никелот на светските берзи и пораст на доларот.Тон никел вчера чинел 12.975 долари наспроти ...

„Фени“ нема да биде затворен

Утрински - 30.10.2008

„Фени“ нема да биде затворен. КАВАДАРЦИ - Поради благото покачување на цената на никелот на Берзата, втората печка на кавадаречки „Фени“ нема да биде исклучена. Ова им го соопштил генералниот директор на комбинатот, Константинос Даскалакис, на синдикалната организација и на вработените на вчерашниот собир.

Нема затворање на Фени

Вечер Прес - 30.10.2008

Нема затворање на Фени. Вработените од Фени нема да протестираат бидејќи фабриката нема да биде затворена до крајот на годинава. Илија Хаџи-Николов, претседател на синдикотот на Фени, во изјава за ВЕЧЕР соопшти дека печката нема да биде изгасната и дека сите вработени ќе останат на своите работни места.

ФЕНИ на протести - Владата не попушта

Утрински - 29.10.2008

Вработени од „Фени“ вчера протестираа барајќи од државниот врв да овозможи преживување на комбинатот. Александар Пешев. Близу 500 вработени од „Фени“ вчера протестираа пред Владата, барајќи од државниот врв да овозможи преживување на кавадаречкиот комбинат, со понуда на поповолни цени за електрична енергија.

Нема поевтина струја за „Фени“

Дневник - 29.10.2008

Металурзите бараат државна помош за да се ублажат влијанијата од светската економска криза. Владата го одби барањето за повластена цена за струјата за „Фени индустри“, а за враќањето на бесцаринската зона и за доделување концесија за ново рудно наоѓалиште ќе расправа на седница.

Ставрески: Со 10% од профитот "Фени" ја решава кризата

Вест - 29.10.2008

Околу 650 работници од "Фени" вчера дојдоа на протести пред Владата во Скопје. Работниците ги повторија барањата што завчера нивните директори му ги кажаа на министерот за економија Фатмир Бесими. Тие бараат враќање на бесцаринската зона, нова концесија за рудникот "Студена вода" и бенефицирана цена на струјата.

Ставрески: ФЕНИ има внатрешни ресурси да ја преброди кризата

Кирилица - 29.10.2008

Вицепремиерот Ставрески пренесе дека со претстваниците на Синдкатот заеднички констатирале оти состојбите во светската економија имаат одраз и кај ФЕНИ. - Потенциравме дека ФЕНИ е една од најпрофитабилните компании која во изминатиот период работеше исклучително профитабилно заради позитивните текови со цените на металите на светските берзи во периодот од 2005 до 2007 година, кога оствари профит ...

СДСМ: Поевтина струја за индустриските капацитети

Н.Македонија - 29.10.2008

СДСМ вчера ја повика Владата на големите индустриски капацитети да им понуди повластена цена на струјата во одреден временски период, со што би помогнала за санирање на финансиската криза, пренесе МИА. Љупчо Лазаров од општинската организација на СДСМ од Кавадарци истакна дека според информациите на партијата, доколку Владата не преземе мерки, фабриката „Фени“, која е најголем работодавец во ...

Ставрески: „Фени“ има внатрешни ресурси да ја преброди кризата

Н.Македонија - 29.10.2008

Вработените во „Фени“ треба да ги насочат своите барања кон раководството на компанијата бидејќи со профитите што ги остваруваше во изминатиот период има ресурси да ја надмине состојбата во која се наоѓа по падот на цената на никелот на светските берзи, порача вицепремиерот Зоран Ставрески откако се сретна со претставници на синдикатот и на менаџментот на „Фени“, пренесе МИА.

Протест на вработени во ФЕНИ

BBC - 28.10.2008

Пред македонската влада денеска протестираа неколку стотици работници од комбинатот ФЕНИ од Кавадарци. Ова е прв јавен протест на македонски работници кои се зафатени од светската економска криза, чија последица беше намалувањето на цената на металите. ФЕНИ веќе испрати на принуден одмор околу 200 од своите илјада работници.

Работниците од ФЕНИ на протести пред Владата

А1 - 28.10.2008

Читам и немо`ам да се изначудам како мо`и владата да ургира во приватни компанија која има склучено договори до крајот на годината по истата цена на никелот пред да падни. Ова е пазарна економија (капитализам) некојпат ќе паѓаат цените на металите некојпат ќе се креваат.

Владата ги одби барањата на вработените на "фени"

Телма - 28.10.2008

Синдикатот на индустријата,енергетиката и рударството не ја исклучува можноста од донесување на порадикални решенија за излез од кризата во која западна овој индустриски гигант.Конечната одлука ке ја донесат на состанокот закажан за утре. - Утре ќе заседава синдикалното раководство и ќе ги извести вработените.Утре треба да се донесе одлуката дали ќе биде блокада на патиштата или повторно доаѓање, ...

Ставревски: Вложете 10 проценти од профитот и ќе ја надминете кризата

Алсат-М - 28.10.2008

Стотина вработените во Фени Индустри протестираат пред зградата на Владата. Работниците застанаа зад нивните газди, кои побараа од Владата намалување на нивните трошоци: струјата да ја плаќаат по домашни цени, враќање на бесцаринската зона и концесија за рудникот Студена вода.

Работниците од „Фени“ денеска ќе протестираат пред Владата

Утрински - 28.10.2008

Ако не добие помош од Владата, на 1 ноември „Фени“ ќе биде затворен. Ангел Данов. Околу 500 работници во кавадаречки „Фени“ денеска ќе протестираат пред Владата. Причината за тоа е неостварената средба со вицепремиерот Зоран Ставревски во изминатите дваесет дена, а на која требаше да се најде начин за надминување на моменталната криза.

Фени на штрајк пред Влада, Ставревски не им понуди државна помош

Канал5 - 28.10.2008

Владата засега нема да понуди државна помош за Фени. Уште еднаш ги одби барањата на вработените за субвенции во транспортот и поевтина електрична енергија. Околу шестотини вработени од Фени протестираа пред Владата во обид да направат притисок државата да им помогне во кризата која ја зафати тешката индустрија. На средбата што вработените ја имаа со владиниот економски тим ветувања немало.

„Фени“ ќе протестира пред Владата

Дневник - 28.10.2008

Околу 1.000 работници од металургијата се на принуден одмор поради ниските цени на металите. Над петстотини работници и транспортери на „Фени“ денеска ќе протестираат пред Владата, откако вицепремиерот Зоран Ставрески не им одговори на барањето за средба на која требаше да расправаат за ефектите од глобалната економска криза.

Работниците на “Фени“ протестираат пред Владата

Нетпрес - 28.10.2008

Неколку стотини работници од “Фени индустри“ денеска излегоа на мирен протест пред Владата. Со транспаренти на кои пишува “Фени е животот на Кавадарци“, веќе еден час вработените од компанијата од Владата бараат одговор по нивните три точки: домашна струја за комбинатот, враќање на бесцаринската зона и концесија за ново рудно наоѓалиште.

Фени индустри на штрајк

Сител - 28.10.2008

Концесија за ново рудно наоѓалиште, субвенционирана струја за комбинатот и безцаринска економска зона. Откако Сител вчера го отвори прашањето каде се милионските профити на сопствениците на Фени, со кои би можеле да ја надминат кризата, менаџментот не беше расположен да зборува пред нашата камера. - Може една кратка изјава? - Од која телевизија сте? - Од Сител. - Сител... Не може.

Штрајк на работниците на Фени индустри

Форум - 28.10.2008

Работници од Фени индустри денес протестираат пред Владата барајќи нивната компанија да има можност да купува поевтина домашна струја, да плаќа помали акцизи и концесии По неуспешната средба на синдикатот на Фени индустри со вицепремиерот Зоран Ставревски , падна одлуката да се оди на протести пред Влада, по неколкучасовни договори меѓу извршниот одбор на СО на Фени индустри и регионалната ...

Владата го упатува “Фени“ решение да се бара првенствено внатре во компанијата

Нетпрес - 28.10.2008

Вицепремиерот Зоран Ставревски работниците од “Фени“ ги упати решението за проблемите во компанијата да ги бараат првенствено во разговори со раководството. “Во изминатите три години “Фени“ оствари профит од 200 милиони долари. Со 10 отсто од остварениот профит може да ја пребродат кризата во еден добар дел“, изјави Ставрески по средбата со претставниците на “Фени“, на која што учествуваа и ...

Михајловски го злоупотребува синдикатот за лична заработувачка

Вечер Прес - 28.10.2008

Менаџментот на компанијата треба дел од добивката да ја потроши за намалување на загубите од актуелната криза, а не да бара помош од државата, предлага Ставрески. Владата нема да му помогне на кавадаречкиот комбинат Фени во пребродување на кризата поради падот на цените на никелот на берзите бидејќи компанијата во изминатите три години остварила добивка од 200 милиони долари.

Фени Индустри утре на штрајк пред владата

А1 - 27.10.2008

Договор помеѓу Владата и менаџерите, а не клуч за Фени Индустри побараа денеска вработените од кавадаречкиот металургиски гигант. Тие се загрижени за своите работни места, по најавите на првите луѓе на компанијата, дека ниските цени на металите ќе ги натераат да ги изгаснат печките.

Комбинатот „Фени“ се заканува со протест пред Владата

Дневник - 27.10.2008

Комбинатот „Фени“ се заканува со протест пред Владата. Протест пред Владата утре ќе одржат работниците на „Фени“ ако денеска синдикалците на кавадаречкиот комбинат не се сретнат со вицепремиерот Зоран Ставрески, најави претседателот на синдикатот, Илија Хаџиниколов. Одлуката била донесена по дваесетдневни барања за средба со вицепремиерот.

Вработените во „Фени“ ќе протестираат

Утрински - 27.10.2008

Вработените во „Фени“ ќе протестираат. Околу 900 работници на „Фени" од Кавадарци се закануваат со протест, доколку денес не се сретнат со вицепремиерот Зоран Ставрески, за да побараат помош од тешката состојба во која се наоѓа оваа индустрија, најави ИО на синдикатот на „Фени“.

Работниците на “Фени“ утре на протести

Нетпрес - 27.10.2008

По неуспешната средба на синдикатот на “Фени индустри“ со вицепремиерот Зоран Ставревски, падна одлуката утре да се оди на протести пред Влада, по неколкучасовни договори меѓу извршниот одбор на СО на “Фени индустри“ и регионалната синдикална организација, која во целост даде подршка во заштита на работниците.

Прават милиони, а бараат народни пари

Сител - 27.10.2008

Газдите на Фени прават профит, а бараат помош во народни пари. Според информациите до кои дојде Сител, компанијата до крајот на годината ќе продава по веќе склучени договори со цени на никел од 18 илјади долари по тон со што 2008-та би ја завршила со заработувачка од околу 20 милиони евра.

Фени убедлив против новиот прволигаш Овче Поле

Кирилица - 27.10.2008

Благодарение на одличната игра во третата четвртина, шампионот на Македонија, екипата на Фени Индустри, дојде до убедлива победа против новакот од Свети Николе, тимот на Овче Поле. Гостите од Свети Николе се покажаа како достоен противник со солиден состав, но главните играчи Мек Кензи и Ристиќ иако дадоа половина од поените на својата екипа, загубија и огромен број на топки, а тоа искусната ...

ВЕЧЕР го објави тајниот металуршки план кој од денеска го спроведуваат

Вечер Прес - 27.10.2008

ВЕЧЕР го објави тајниот металуршки план кој од денеска го спроведуваат. Фени бара ние да му ја платиме загубата. Лани не го делеа профитот, а сега кога пак ќе заработи нешто, бара граѓаните да му ја платат помалата заработувачка од никелот. Газдите на кавадаречкиот комбинат Фени прават профит, а бараат помош од државата и ги тераат вработените денеска да штрајкуваат пред Владата.

Ќе протестираат работници на комбинатот „Фени“

Н.Македонија - 27.10.2008

Околу деветстотини вработени во кавадаречкиот комбинат за никел „Фени“ за утре најавуваат масовни протести пред Владата ако не успеат да издејствуваат средба со вицепремиерот Зоран Ставрески. Како што рече Илија Хаџи-Николов, првиот синдикалец на фирмата, ова било одлучено по неколкуте неуспешни обиди да се сретнат со владини претставници.