ТРЕТИОТ ПАТ ЗАДОВОЛЕН ОД МИТИНГОТ Вчерашниот митинг на широкиот опозициски блок, според коалицијата "Третиот пат", бил масовен, достоинствен и мирен и го посетиле 50.000 граѓани, а од нив 30.000 го следеле. "Протестот помина мирно и без никакви инциденти.
ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ Ако ме поканеа на митингот против новата територијална поделба, ќе дојдеа повеќе луѓе, порача поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски. Според него, протестот е доволен показател дека луѓето не го сакаат законот за територијална поделба и дека тој треба да се ...
Прес на најголемата опозициска партија Завчерашниот протест пред македонското Собрание на кој голем број граѓани го искажаа своето незадоволство од понудениот владин предлог за територијална организација, ВМРО-ДПМНЕ го оценува како "громогласно "не" на поделбата на Македонија".
"ТРЕТИОТ ПАТ" Од митингот упативме силна порака до власта да го повлече предлогот за територијална поделба и се надеваме дека тие ќе го разберат гласот на народот, рече Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз на вчерашната прес-конференција.
ВМРО-ДПМНЕ вчера предупреди дека Здружената опозиција ќе организира уште еден митинг ако власта не се откаже од новиот закон за триторијална организација на Македонија. За протестот што се одржа во понеделникот вчерта во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција оцени дека ваков митинг во ...
СДСМ За СДСМ е најбитно што митингот мина без насилство и без инциденти, изјави вчера Борис Кондарко, портпарол на партијата. - Очигледно дека Струга за ВМРО-ДПМНЕ претставува отрезнување и поука дека мора да се почитува редот во државата.
Реакции по одржаниот митинг на широкиот опозициски фронт во Скопје Идеите на ВМРО-ДПМНЕ водат кон федерализација, го коментираат владејачките партии завчерашниот митинг против територијалната организација, на кој дел од опозицијата гледа како на доволен показател дека нешто треба да се промени во ...
ВМРО-ДПМНЕ ЗА МИТИНГОТ Митингот на обединетата опозиција беше едно громогласно "не" на граѓаните против територијалната организација што ја предлага Владата, рече Алаксандар Бичиклиски, заменик-портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната прес-конференција.
ОПОЗИЦИЈАТА ЗАДОВОЛНА ОД ОДЗИВОТ, АМА ПОКИСНАТА Партнерите од здружената опозиција му забележуваат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека намерно доцнел за да биде sвезда, дека свирела партиската химна и дека граѓанскиот протест доби партиска заднина.
Дел од опозицијата извлече поуки од немилите настани во Струга и навреме ги презеде сите активности за мирниот протест пред Собранието да не добие поинакви размери, изјави за МИА Владо Бучковски, потпретседателот на СДСМ и министер за одбрана - Митингот нема да промени ништо сериозно.
МИТИНГ НА ЗДРУЖЕНАТА ОПОЗИЦИЈА Емил Зафировски Граѓани од сите краеви на земјава завчеравечер по дожд излегоа пред Собранието во главниот град за да и испратат јасни пораки на власта дека не ја прифаќаат понудената територијална организација на локалната самоуправа.
Организаторите задоволни од масовноста на протестот Со масовниот протестен митинг што го организираше опозицискиот блок партии, граѓаните и испратија јасна порака на власта дека не се согласуваат со проектот на Владата за поделба на Македонија.
ЕКСПРЕМИЕРОТ ГЕОРГИЕВСКИ, МАЕСТРО ЗА ПРОТЕСТИ Од странците слушаме само голи декларации кои значат разнебитување на Македонија, изјави вчера Георгиевски Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Љубчо Георгиевски вели дека опозицискиот митинг против територијалната поделба бил добар, но дека ...
Дел од опозицијата извлече поуки од немилите настани што се случија во четвртокот навечер и петокот наутро во Струга и навреме ги презеде сите активности мирниот протест пред Собаранието да не добие поинакви размери, изјави потпретседателот на СДСМ и министер за одбрана, Владо Бучковски во својата ...
Партиите од здружениот опозициски фронт се задоволни од митингот против територијалната поделба, тврдејќи дека народот синоќа во Скопје и покажал на Владата дека нема да дозволи земјата да се дел по етнички граници. Тие сметаат дека Владата треба да веднаш си поднесе оставка.
Вчерашниот митинг на широкиот опозициски блок според коалицијата „Третиот пат“, бил масовен, достоинствен и мирен и го посетиле 50.000 граѓани, а од нив 30.000 го следеле. „Граѓаните упатија јасна порака дека не се согласуваат со предлогот на Владата за поделба на Македонија и од неа побараа ...
Ден после митингот на здружениот опозициски фронт против новата територијална поделба, животот во главниот град сеуште не е нормализиран. Улиците околу Собранието се сеуште затворени за сообраќај, единствено го нема силното полициско обезбедување.
Министерството за внатрешни работи денеска упати јавна благодарност до учесниците на синоќешниот митинг во Скопје, кои покажале дека „незадоволсвото може да се изразува мирно и без инциденти“, како и до организаторите на протестот поради „соработката со полицијата“.
За слободниот стрелец Љубчо Георгиевски, како што тој самиот себеси се нарекува како припадник на партија без печат, синоќешниот митинг на опозицијата поминал во ред. Можело да биде и подобро, доколку тој бил поканет да учествува во организацијата на митингот, вели Георгиевски, но и вака народот ...
Опозицискиот блок вчера се подготвуваше за голем митинг против територијалната организација Борис Георгиевски Мирни и достоинствени протести на кои граѓаните ќе го искажат своето несогласување со предложената територијална организација и одбегнување какви било инциденти или провокации е целта која ...
ВЧЕРА ПРЕД ГОЛЕМИОТ ОПОЗИЦИСКИ МИТИНГ Емил Зафировски Невообичаена и вознемирувачка тишина со слаба раздвиженост владееше вчера во Скопје, неколку часа пред почетокот на големиот митинг против новата територијална организација.
ВЧЕРА ПОПЛАДНЕ Повеќе од 20.000 луѓе со автобуси и автомобили тргнаа вчера попладне кон Скопје, на закажаниот митинг на опозицијата пред парламентот. Околу 3.000 граѓани на Струга и околината, со 10 автобуси и многу возила, вчера организирано тргнаа на митингот во Скопје.
ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ Под силно полициско обезбедување повеќе илјади граѓани повикани од блокот на здружената опозиција протестираа синоќа пред Собранието на Македонија против предлогот на Владата за нова територијална поделба. Од протестот, лидерите на опозициски политички партии, претставници на ...
Се собравме за да испратиме порака до меѓународната заедница и до сите кои сакаат да ја делат Македонија, дека сакаме да ја сочуваме како унитарна, независна и суверена држава. Ова беше една од пораките на митингот на здружената опозиција против новиот закон за територијална организација пред ...
Владејачките партии се плашат од можно романско сценарио на денешниот митинг пред Собранието Борис Георгиевски Владејачките партии СДСМ и ЛДП стравуваат од можни безредија и инциденти во пресрет и за време на одржувањето на митингот на опозицијата закажан за вечерва во Скопје.
ВЕЧЕРВА МИТИНГ ПРЕД СОБРАНИЕТО Сунчица Стојановска Масовен митинг против владиниот предлог за територијална организација на општините ќе се одржи вечерва во 20 часот пред Собранието. Митингот ќе биде мирен, на него ќе присуствуваат партии од опозицијата, граѓански здруженија, академици, спортисти и ...
ВЕЧЕРВА ГОЛЕМ МИТИНГ Вечерашниот митинг ќе биде мирен, но со силна порака до власта да го повлече предлогот за територијална организација на државата, изјавија опозициските партии, здруженијата на граѓани, невладините организации и поединци што се во блокот на здружената опозиција, организатор на ...