TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Местата каде се прегласува од најголем интерес за странските набљудувачи

А1 - 27.03.2005

Планот на странските набљудувачи за денешниот ден на гласањето е 260-те набљудувачи во тимови од по двајца да посетат по 10 избирачки места. Особено уште од отворањето се набљудуваат 48 избирачки места во вкупно 13 општини, каде се повторува првиот круг од гласањето. „Не бараме проблематично место.

Изјави на лидерите на партиите при гласањето

А1 - 27.03.2005

„Ја исполнив својата граѓанска должност, го дадов својот глас за идниот градоначалник на мојата општина Центар“, изјави Трифун Костовски, кандидат за градоначалник на главниот град кој денеска напладне гласаше во СУ „Раде Јовчевски - Корчагин“ во Скопје.

Објавување на изборните резултати

А1 - 27.03.2005

Државната изборна комисија - ДИК ги објавува вкупните официјални резултати од спроведените избори за советници и градоначалник во рок од три дена од денот на нивното одржување. Избирачкиот одбор е должен веднаш по завршувањето на броењето на гласовите да ги објавуви и истакне сумираните резултати ...

Вториот круг го следат 4.083 домашни и 228 странски набљудувачи

А1 - 27.03.2005

Вториот круг од локалните избори во 57 општини во Република Македонија и повторениот прв круг во 13 општини и во Град Скопје ги следат 4.083 домашни и 228 странски набљудувачи. Најголем број домашни набљудувачи 2.800 има невладината организација (НВО) МОСТ, потоа следат НВО Младински форум ОКО од ...

Костовски и Пенов ќе одат во втор круг

А1 - 27.03.2005

Портпаролката на Изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, Маја Мухиќ, вечерва соопшти оти во местата во кои се прегласува е задржано водството на Костовски, односно 2:1 во негова корист. „Нема ништо ново и првиот круг не менува ништо битно.

Втор круг на локалните избори

А1 - 27.03.2005

Во 57 општини во Република Македонија денеска се гласа за избор на градоначалник од вториот круг на локалните избори, меѓу нив и во 7-те скопските општини Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром, Центар, Кисела Вода и Карпош.

Гласањето низ Македонија во вториот круг од изборите

А1 - 27.03.2005

Без поголеми проблеми мина изборниот ден во Струга и Охрид. Изразено помал одзив на гласачите во вториот круг е забележан во Струга каде според неофицијални проценки излегле околу 20% од граѓаните, за разлика од првиот круг кога гласале 55% од граѓаните.

Серија инциденти во вториот круг од локалните избори

А1 - 27.03.2005

Со повеќе инциденти и напнато, со зголемен број полицајци околу гласачките места денеска граѓаните гласаа во 57 општини во втор круг бираа градоначалник, во 13 се прегласуваше првиот. Во МВР велат дека имало голем број на пријави за интервенција, непроверени информации за инциденти од партиските ...

Алексов: „МОСТ работи согласно меѓународните стандарди“

А1 - 27.03.2005

МОСТ со свои набљудувачи ги следеше претходните парламентарни, претседателски, но и референдумот и тогаш медиумите ги емитуваа нивните информации кои ги даваа на прес конференциите што се одржуваа во текот на изборниот ден. Меѓутоа денес со протестно соопштение до А1 реагираше коалицијата ЗА која ...

ВТОР КРУГ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ И ДЕЛУМНО ПРЕГЛАСУВАЊЕ НА ПРВИОТ КРУГ

Канал5 - 27.03.2005

Во 57 општини во Република Македонија денеска се гласа за избор на градоначалник од вториот круг на локалните избори, меѓу нив и во 7-те скопските општини Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром, Центар, Кисела Вода и Карпош.

МОСТ со 2.800 набљудувачи за вториот круг

А1 - 26.03.2005

Невладината МОСТ ќе го набљудува вториот круг на локалните избори, како и прегласувањето на 29 избирачки места. Пред утрешното гласање, МОСТ ги повика политичките партии да го почитуваат кодексот за фер избори, кој го потпишаа, за да не се повторат нерегуларностите од првиот круг.

ОБСЕ го смени составот од првиот круг

Време - 26.03.2005

СЛЕДЕЊЕ НА ИЗБОРИТЕ Вториот круг од локалните избори во 57 општини во земјава и повторениот прв круг во 13 општини и во општините во Скопје ги следат 5.192 домашни и 260 странски набљудувачи. Најмногу странски набљудувачи и овојпат се тие од ОБСЕ, но во сосема нов состав во однос на првиот круг.

Партиите да им дадат шанса на граѓаните

Време - 26.03.2005

СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРЕТСТАВНИК НА ЕУ, САЛИН Меѓународната заедница до сите политички партии во Македонија упатува единствена порака - да им се овозможи на граѓаните да одлучат на изборите и да им се даде шанса да ја покажат својата политичка зрелост.

Ќе се избираат градоначалници на 57 општини

Време - 26.03.2005

УТРЕ ВТОР КРУГ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Гласачите од 57 општини утре ќе избираат градоначалници меѓу двајцата кандидати што постигнале најдобар резултат во првиот изборен круг. Изборите се завршени за 18 општини, каде што новите градоначалници беа избрани уште во првиот круг.

Затворски и парични казни за нарушување на изборниот процес

Време - 26.03.2005

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА ПРЕДУПРЕДУВА Во Кривичниот законик се предвидени казни за поттикнувачите и за сторителите на кривичните дела против изборите и гласањето, соопшти вчера Министерството за правда. - За употреба на сила, за сериозна закана или за друг начин на оневозможување или спречување на ...

В недела избор на 57 градоначалници

Утрински - 26.03.2005

В недела ќе се одржи едновремено и втора изборна рунда, но и прегласување за локални лидери и за советнички тимови Поради прегласувањето на неколку изборни места е одложен вториот изборен круг во Скопје и изборната пресметка меѓу Ристо Пенов и Трифун Костовски КАТИЦА ЧАНГОВА Граѓаните на 57 општини ...

Изборите ќе ги следат над 3.260 набљудувачи

Утрински - 26.03.2005

Мониторинг Гласањето в недела ќе го следат над 3.000 домашни и околу 260 странски монитори. Граѓанската асоцијација “Мосттт” ќе распореди 2.800 монитори, од кои дел ќе бидат на избирачките места во седумте скопски општини каде што се прегласува, а другите ќе набљудуваат над 60 отсто од гласачките ...

Се избираат градоначалници во 57 општини

Дневник - 26.03.2005

УТРЕ ВТОР КРУГ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Граѓаните на Македонија утре во 57 општини ќе гласаат во вториот круг од локалните изборите за градоначалник, меѓу кои се и скопските општини Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром, Центар, Кисела Вода и Карпош.

Фер избори немаат цена

Дневник - 26.03.2005

Уводник - Бранко Ѓорѓевски Ако не можеме да организираме фер избори, со кои почнува и завршува демократијата во секоја земја, зошто тогаш очекуваме многу повеќе од тоа - да бидеме во европско друштво За гласови во Тетовско се нуделе од 500 до 1.500 денари.

Во вториот круг 5.500 набљудувачи

Дневник - 26.03.2005

МОНИТОРИНГ Вториот круг од локалните избори во 57 општини и повторениот прв круг во 13 општини и во Скопје ќе ги следат 5.192 домашни и 260 странски набљудувачи. Најмногу странски набљудувачи има од Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ, која ќе ги следи локалните ...

Ќе се прегласува за градот Скопје и во дваесетина општини

Дневник - 26.03.2005

В НЕДЕЛА За градоначалник и за советници на Скопје утре, во општините Гази Баба, Чаир и Шуто Оризари, во седум избирачки места, ќе се прегласува првиот круг. Гласањето ќе се повтори на местата 2.959, 2.961, 2.968 и 2.972 во Шуто Оризари, кои се наоѓаат во основните училишта "26 Јули" и "Браќа Рамиз ...

СДСМ ја обвини опозицијата дека нуди искривена слика за изборите

А1 - 25.03.2005

На ден пред молкот, штабот на владеачката коалиција повика на фер и демократски избори. Тие ја обвинија опозицијата дека понудила искривена слика за изборите во првиот круг, која не одговара ниту на проценките што ги дале странските набљудувачи.

Мајкл Салин: „Пораснете и направите добри избори“

А1 - 25.03.2005

Бараме зрелост од вас, бараме демократија на изборите. Ова е денешната порака на Мајкл Салин, евро-дипломатот во Македонија до граѓаните и се разбира, особено до Владата на Бучковски, која е одговорна за секој погрешен чекор на изборите.

Дозволете ни да избереме!

Време - 25.03.2005

Диана Младеновска В недела, со се уште недефинираната состојба од пред две недели, ќе се гласа и за првиот и за вториот круг од локалните избори. Таква хаотична состојба, особено кога ќе се земат предвид изборните и постизборните опашки што се влечат од првиот круг, не ветува ништо добро.

ДУИ и „Заедно“ пак одат секој посебно

Време - 25.03.2005

ПОРАДИ ПРЕГЛАСУВАЊАТА Партнерите во Владата-ДУИ и коалицијата „Заедно“ нема да соработуваат ниту во второто „продолжение“ од локалните избори, најмногу поради тоа што во големите центри, како Скопје или Тетово ќе нема втор изборен круг, туку прегласување.

Втор круг со висок ризик

Утрински - 25.03.2005

В недела се гласа за локални лидери, а истовремено се повторуваат изборите на 40 избирачки места Од прегласувањата во државата во првиот круг, главно за совет и за градоначалник, а некаде само за совет, ДИК ги соопшти општините Кичево (1 место), Куманово (4 места), Зелениково (3 места), Конче (1 ...

Трифун има мали шанси да победи без втор круг

Време - 24.03.2005

В НЕДЕЛА ГЛАСАЊЕ И ЗА ДВАТА КРУГА Трифун Костовски може да стане градоначалник во првиот круг само ако на прегласувањето на седумте избирачки места в недела излезат речиси сто проценти од гласачите и ако сите гласаат за него.

„Летаат“ членови на избирачки одбори

Време - 24.03.2005

ПОРАДИ ИЗБОРНИТЕ НЕРЕГУЛАРНОСТИ Општинските изборни комисии вчера ги смениле членовите на избирачките одбори во 11 општини, каде што, поради нерегуларности, в недела ќе се прегласува првиот изборен круг. Прво биле сменети сите членови на четирите избирачки одбори во Шуто Оризари за избирачките ...

Триесетина избирачки одбори се распуштаат

Утрински - 24.03.2005

Инструкции на Државната изборна комисија Избирачките одбори во скопската Општина Шуто Оризари веќе се разрешени Триесетина избирачки одбори се распуштаат од општинските изборни комисии поради констатирани неправилности во нивното работење.

И гласачите на Пенов не можат да му донесат победа на Костовски

Утрински - 24.03.2005

Победа може да се постигне само ако сите 6.093 запишани гласачи излезат на избори и ако 5.752 гласачи, или 94,4 проценти од нив, го заокружат само името на Костовски. Логиката вели дека скопјани ќе добијат градоначалник дури во вториот круг што, според прописите, се одржува две недели по ...

Странските набљудувачи на штрек

Дневник - 24.03.2005

ПОДГОТОВКИ Набљудувачите од ОБСЕ-ОДИХР в недела со големо внимание ќе го следат гласањето, особено на местата на кои ќе се прегласува првиот круг. Од ОДИХР не даваат прецизен одговор дали на критичните места ќе обезбедат 12-часовен мониторинг, како што бараше Демократската унија за интеграција, и ...

Во седум скопски општини ќе се гласа за градоначалник

Дневник - 24.03.2005

В НЕДЕЛА Граѓаните на седум скопски општини в недела ќе гласаат во вториот круг за избор на градоначалници. Тоа се Центар, Карпош, Гази Баба, Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров и Кисела Вода, а е одложен вториот круг за избор на градоначалник на Скопје.

ЕУ прави црна изборна листа

Дневник - 24.03.2005

БРИСЕЛ ВО АКЦИЈА Европската Унија подготвува нов црн список со лица од Македонија што се одговорни за инцидентите од првиот круг на локалните избори. Списокот ќе биде објавен по вториот круг ако и во него има нерегуларности, вели за "Дневник" висок европски дипломатски извор.

Смена на членовите на одборите

Вечер Прес - 24.03.2005

По состанокот на членовите на ДИК со претседателите и замениците на општинските изборни комисии каде што се поништени гласања на избирачки места е договорено да бидат сменети членовите на избирачките одбори. Според информациите сменети се членовите на избирачките одбори во избирачките места каде ...

ОИК ги разрешила членовите на 4-те избирачки одбори во Шуто Оризари

А1 - 23.03.2005

Општинската изборна комисија ги разрешила членовите на 4-те избирачки одбори во Шуто Оризари, каде во недела ќе има прегласување на првиот круг од локалните избори. Државната изборна комисија денеска се сретна со претседателите и нивните заменици на општинските изборни комисии каде ќе се гласа.

Костовски сака втор круг

Вест - 23.03.2005

Конечните решенија на Врховниот суд за првиот круг од локалните избори за Скопје ја потврдија тезата дека Македонија живее во неокомунизам, во демократија, обвиткана со превезот на лажни фер и демократски избори, и лажни желби за пат кон НАТО и ЕУ, смета штабот на независниот кандидат за ...

Фер избори со пендрек демократија

Вест - 23.03.2005

ВЛАДАТА ОЦЕНИ ДЕКА СМЕ ИМАЛЕ СКАНДИНАВСКИ ИЗБОРИ, АМА ТОКМИ СТРАТЕГИЈА ЗА ВТОРИОТ КРУГ Владата ја стави државата во мирување зашто "додека траат изборите, Владата, а со тоа и Република Македонија, нема друг приоритет освен спроведување на фер и демократски избори кои треба да поминат во демок ...

Уфрлања, групно гласање, кршења, тепачки - недостигаа уште убиства

Време - 23.03.2005

ШТО Се СЕ СЛУЧИ ВО ПРВИОТ ИЗБОРЕН КРУГ Од учество на шефицата на кабинетот на премиерот во градската изборна комисија, преку скршени гласачки кутии и групни гласања, до закани со убиства е распонот на неправилностите што ги забележаа партиските и набљудувачите на невладините организации на првиот ...

Костовски и Пенов на прегласување во седум избирачки места

Време - 23.03.2005

ВО СКОПЈЕ ЗАСЕГА НЕМА ВТОР ИЗБОРЕН КРУГ Во Скопје в недела ќе нема втор изборен круг за градоначалник, туку ќе се прегласува првиот круг на седум избирачки места со околу 6.000 гласачи, соопшти вчера ДИК. Од исходот од прегласувањето зависи дали Скопје ќе добие градоначалник в недела или ќе се оди ...

Во Скопје ќе прегласуваат 6.000 избирачи

Утрински - 23.03.2005

ДИК соопшти дека на 27 март ќе се повторат изборите за скопски градоначалник во Шуто Оризари, Чаир и во Гази Баба Повторување на првиот круг во седум гласачки места КАТИЦА ЧАНГОВА Во Скопје, на 27 март, ќе прегласуваат 6.000 избирачи.

Овие избори се најдемократски, тврди Владата

Утрински - 23.03.2005

Заклучок Спроведувањето фер и демократски избори кои треба да поминат во европска атмосфера е единствениот приоритет на Владата и на државата додека траат изборите. Ова е заклучокот на Владата, која на завчерашната седница ја разгледуваше информацијата за текот на првиот круг од локалните избори.

Место прегласување на првиот, се бара втор круг гласање в недела

Утрински - 23.03.2005

Остри оцени на штабот на Костовски за власта, избирачките органи и Врховниот суд За да победи Костовски во првиот круг во осумте избирачки места каде што се прегласува, треба да излезат сите запишани 6.093, а за него да гласаат 5.800 Сашко Димевски Конечните решенија на Врховниот суд за првиот круг ...

Врховниот суд во спрега со власта

Дневник - 23.03.2005

ШТАБ НА ТРИФУН КОСТОВСКИ Прегласување во осум гласачки места е со цел да се покрие фалсификатот и вториот круг да се одржи на 10 април, вели Дарко Марковиќ Одлуките на Врховниот суд по жалбите од првиот круг на изборите потврдуваат дека живееме во неокомунизам и во мутант-демократија која е ...

В недела нема втор круг за градоначалник на Скопје

Вечер Прес - 23.03.2005

В недела нема да има втор круг локални избори за градоначалник на град Скопје, потврди вчера портпаролот на Државната изборна комисија, Зоран Таневски. Скопјани ќе гласаат во втор круг само за општински градоначалници, а во седум избирачки места ќе се прегласува првиот круг на изборите.

Нема да има втор круг во Скопје

А1 - 22.03.2005

Од Државната изборна комисија и официјално е потврдено дека во недела во Скопје нема да има втор круг за градоначалник. Причина за тоа е што првиот круг на гласање поради утврдени неправилности мора да се повтори во 7 избирачки места во 3 скопски општини. На 4 места ќе се прегласува во Шуто Оризари.

Во Скопје ќе се прегласува на десетина избирачки места

Време - 22.03.2005

ПРОДОЛЖУВА НЕИЗВЕСНОСТА ЗА СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК В недела најверојатно ќе нема втор изборен круг за градоначалник на Скопје, туку само прегласување на првиот круг во 9 избирачки места. Тоа, според неофицијални информации, е исходот од прифатените приговори до општинските изборни комисии и жалби ...

Прегласувањето ќе му пресуди на Пенов

Вест - 22.03.2005

НЕИЗВЕСЕН ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ ЗА СКОПЈЕ Според вчерашните податоци од Државната изборна комисија, утврдено е дека ќе се прегласува на 4 избирачки места во Шуто Оризари, и на по едно во Бутел, Ѓорче Петров и Гази Баба, на кои вкупно треба да гласаат 58 Скопје в недела ќе го прегласува првиот круг ...

Партиите го злоупотребуваат албанскиот и ромскиот етникум

Утрински - 22.03.2005

Изборите во Македонија добиваат лоши оцени од меѓународната заедница во исти средини КАТИЦА ЧАНГОВА Во речиси секој изборен циклус политичките партии злоупотребуваат дел од гласачкото тело во Македонија. Инструментализирањето во политички цели стана традиција во последнава изборна декада, а ...

Острени: Заканите на ДПА за бојкот се трик за да нў успие

Утрински - 22.03.2005

Прес во ДУИ ТЕТОВО - “Реториката која се користи за оценување на првиот круг на локалните избори, како и чекорите што се преземаат за демонстрирање, наводно, незадоволство поради поразот, кој е резултат на волјата на граѓаните поради слабиот ангажман во управувањето со локалната власт, ја заострува ...

Во Скопје ќе има прегласување

Утрински - 22.03.2005

Поништено е гласањето во 13 општини. Чаир и Сарај неизвесни, повторно гласање во седум места во главниот град Ако Костовски освои доволно гласови, втор круг ќе нема КАТИЦА ЧАНГОВА В недела нема да се одржи втор круг за избор на градоначалник на Скопје, туку ќе се прегласува за првиот.

Ќе се одложи вториот круг во Скопје?

Дневник - 22.03.2005

државна изборна комисиЈа Гласањето во првиот изборен круг во Скопје ќе биде поништено во седум избирачки места во општините Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Бутел и Гази Баба, со вкупно 5.840 гласачи, соопшти вчера Државната изборна комисија.

ДУИ бара постојан 12-часовен мониторинг на денот на изборите

А1 - 21.03.2005

Реториката која се користи за оценувањето на првиот круг на локалните избори како и чекорите кои се превземаат за демонстрирање на работното незадоволство поради поразот кој е резултат на волјата на граѓаните и поради нивниот слаб ангажман во управувањето на локалната власт ја заострува климата и ...

Прегласување на 8 избирачки места во Скопје

А1 - 21.03.2005

Врховниот суд вечерва го заврши разгледувањето на жалбите пристигнати до него. Во Скопје судот одлучил в недела да се прегласува првиот круг за избор на градоначалник во 4 скопски општини на вкупно 8 избирачки места. Ќе се прегласува на 4 избирачки места во Шуто Оризари и на по едно во Бутел и Гази ...

ЕУ е разочарана од првиот изборен круг

Време - 21.03.2005

САЛИН ЗА СЛОБОДНА ЕВРОПА Европската Унија е изненадена и разочарана од случувањата во првиот круг на локалните избори, изјави специјалниот претставник на ЕУ во Македонија, Михаил Салин, во интервју за радиото Слободна Европа.

ЕУ разочарана од првиот изборен круг

Вест - 21.03.2005

САЛИН ЗА СЛОБОДНА ЕВРОПА "По се она што се случуваше во првиот изборен круг, се добива впечаток дека е поважно кој ќе ја добие битката за Шуто Оризари отколку да се добие битката за Европа", вели специјалниот претставник на Европската уни Специјалниот претставник на Европската унија во Македонија ...

Опозицијата го прикрива поразот со тврдењето за изборен фалсификат

Утрински - 21.03.2005

Лидерите на партиите од коалицијата "За" потпишаа Декларација за фер избори Лидерите на партиите од коалицијата „За Македонија заедноои на средбата во саботата заеднички ги осудија неправилностите во неколку општини и избирачки места во првиот круг од гласањето за локалните избори.

Салин: ЕУ е разочарана од случувањата во првиот изборен круг

Утрински - 21.03.2005

Специјалниот европретставник во Македонија за Радио Слободна Европа Специјалниот претставник на Европската унија во Македонија, Михаил Салин, во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека Унијата е изненадена и разочарана од случувањата во првиот круг на локалните избори.