TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Синодот на МПЦ не го усвои скандалозниот документ од Ниш

А1 - 25.05.2002

Синодот на Македонската Православна Црква, по јавниот притисок, на денешната вонредна седница не го усвои скандалозниот документ од Ниш, кој предвидува МПЦ да добие само автономија во рамките на спц, а не автокефалија, и да се преименува во Охридска Архиепископија.

По државата се разнебитува и МПЦ

Вест - 25.05.2002

ДЕНЕС ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СИНОДОТ На преговорите во Ниш, владиците Петар, Наум и Тимотеј, без одлука на Синодот, потпишале документ со кој Македонската православна црква се преименува во автономна православна Охридска архиепископија, на ш Владиците Петар, Наум и Тимотеј потпишале документ, со кој ...

Владиците ја туркаат МПЦ во прегратките на Пеќката патријаршија

Дневник - 25.05.2002

СВЕТИОТ СИНОД ДЕНЕСКА Ќе РЕШАВА за СУДБИНАТА НА Македонската Православна Црква Ако се прифати скандалозна одлука за "автономна православна Охридска архиепископија", митрополитите Кирил и Агатангел ќе ги повикаат верниците во одбрана на самобитноста на МПЦ и ќе предизвикаат раскол во Црквата ...

Синодот на МПЦ пред раскол

А1 - 24.05.2002

Синодот на Македонската Православна Црква на утрешната вонредна седница може да се соочи со раскол поради тоа што дел од владиците го прифаќаат, а дел го отфрлаат предлогот - МПЦ да биде признаена како Автономна Православна Охридска Архиепископија.

Членовите на Синодот поделени околу автономијата

Утрински - 24.05.2002

По преговорите меѓу МПЦ и СПЦ во Ниш Членовите на Синодот дефинитивно се поделени околу последниот предлог на Српската православна црква со кој на МПЦ и се нуди широка автономија под името ?самостојна автономна православна Охридска архиепископија°.

Автокефалност и ништо друго!

Дневник - 23.05.2002

Коментар - Бранко Ѓорѓевски Откако ја убеди Вселенската патријаршија да се откаже од какво и да е посредство и ја доби поддршката од Руската и Грчката црква, Белградската патријаршија на СПЦ на маса го стави предлогот за идниот статус, кој МПЦ наводно, треба да го прифати - самостојна, автономна ...

МПЦ ги испраќа монасите во манастирите во соседните земји!

Утрински - 23.05.2002

Група родители на замонашени деца алармираат дека тие се испратени во Бугарија Верче Георгиевска Родителите на замонашените деца алармираат дека Македонската православна црква ги испраќа монасите во манастирите во соседните земји.

МПЦ со полна автономност, потоа автокефалност

А1 - 22.05.2002

По последната рунда разговори меѓу Српската и Македонската православна црква скоро е извесно решението на повеќедеценискиот спор во врска со непризнавањето на самостојноста на МПЦ. Иако македонските архиереи велат дека се не е готово и дека конечниот збор ќе го има Синодот на МПЦ, нашите извори ...

СПЦ предлага автономија под име Охридска архиепископија

Утрински - 22.05.2002

Според Дојче веле, постигнат компромис на преговорите во Ниш Во преговорите меѓу Македонската и Српската православна црква е постигнат напредок во врска со нацртот-докуменот за признавање на МПЦ, јави вчера радиото Дојче веле.

Македонската православна црква ќе стане Охридска архиепископија?

Дневник - 22.05.2002

СПОРЕД ДОЈЧЕ ВЕЛЕ Во преговорите за признавање на Македонската православна црква е постигнат напредок во преговорите со Српската православна црква, јави вчера радиото Дојче Веле - Програма на македонски јазик. Според овој договор постигнат на последната рунда преговори во Ниш, одреден е термин за ...

Српската црква нуди само автономија за МПЦ

Утрински - 20.05.2002

Последните разговори меѓу Македонската и Српската црква не донесоа ништо ново ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Последните разговори меѓу комисиите на Српската и Македонската православна црква, одржани кон крајот на минатата недела во Ниш, претставуваат значаен и драгоцен чекор кон решавањето на статусот на МПЦ.