TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Жителите на Никуљане се прашуваат како да преживеат

А1 - 22.10.2005

Кумановско Никуљане два дена по акцијата на ветеринарната екипа. Во селото единствено ја нема дилемата околу птичјиот грип. Од почетокот знаеле дека го нема. Нив ги мачат други проблеми. Најважниот - како да се преживее сега? Кој и колку ќе им плати? „Кокошките редовно ги вакцинирав.

Заврши ветеринарната акција во Могила

А1 - 22.10.2005

Денеска во Могила заврши ветеринарната акција за уништување на живината и дезинфекција на теренот. Последните семејства што пружаа отпор и не ги дадоа кокошките сепак се согласија да ги испразнат кокошарниците без полициска асистенција.

Слободан Чокревски: „Очекував подобра соработка од медиумите“

А1 - 22.10.2005

„ Мислам дека јавноста е сведок, а и медиумите, дека ние максимално сериозно пристапивме кон оваа криза “, изјави во интервјуто за А1 Слободан Чокревски, директор на Управата за ветеринарство. Во Хрватска официјално е потврден вирусот на птичји грип, не оној опасниот, како што велат.

Доста ми е од мртви кокошки

Вест - 22.10.2005

ПРВИОТ ВЕТЕРИНАР СЛОБОДАН ЧОКРЕВСКИ : Мострите од сомнителната кокошка од Могила вчера беа испратени на дополнителни испитувања во британскиот институт Вејбриџ со авион на КФОР од Приштина. Во специјалниот контејнер освен примероци од мртвата кокошка за Велика Британија отпатуваа и брисо Мострите ...

Побарани 143, одобрени 13 милиони денари

Време - 22.10.2005

ВЛАДАТА ИЗДВОИ ПАРИ ЗА БОРБА ПРОТИВ ПТИЧЈИОТ ГРИП Од 143 милиони денари, колку што заедно бараат Министерството за земјоделство и Министерството за здравство, за спроведување на мерките за заштита од птичјиот грип, Владата на завчерашната седница одобри само 13 милиони денари.

Да имаше птичји грип во Могила, и кај мене ќе се јавеа симптоми

Дневник - 22.10.2005

ИНТЕРВЈУ: МЕТОДИЈА ДОДОВСКИ, ШЕФ НА КАТЕДРАТА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА Телефоните нонстоп ѕвонеа додека го правевме интервјуто со проф. д-р Методија Додовски, шеф на катедрата на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.

Паниката поради грипот однесе милиони долари

Утрински - 22.10.2005

Стравот во земјава и запрениот извоз ги сардиса живинарите и нанесува огромни штети Магацините на производителите на јајца и пилешко месо се преполни со нивни производи, кои наместо да се пласираат на пазарите, се складираат и чуваат во надеж дека пласманот повторно ќе тргне.

Во Могила уништени над 4.500 кокошки, пајки и гуски

Утрински - 22.10.2005

Во текот на вчерашниот ден отстранета и последната живина БИТОЛА - Од вчера во селото Могила, Битолско, единственото населено место во земјава каде што една единствена пцовисана кокошка покажа индиции на птичји грип, повеќе нема живина.

ТИТО И КОКОШКИТЕ

Вест - 22.10.2005

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Биљана Секуловска СДСМ Е ВО ПАНИКА, НЕ ЗАРАДИ ПТИЧКИОТ ГРИП. ТУКУ ДЕКА ТИТО ПЕТКОВСКИ ЌЕ ПРАВИ ПАРТИЈА. ИМА ЛОГИКА. ОД ГРИПОТ ИЛИ СЕ УМИРА ИЛИ СЕ ПРЕЖИВУВА. А ТИТО- ОСТАНА ВЕЧЕН Целиот свет е потресен со птичјиот грип.

Могила на паднатите

Вест - 22.10.2005

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Почетокот на преговорите со ЕУ ќе биде претседавач ќе биде Турција 1 Толку славна кокошка, како оваа од Могила до сега во Македонија немало. Вчера свечено ги депортиравме посмртните останки во Англија. Со авион на КФОР.

Кокошката могилка со голема помпа беше испратена за Лондон

Утрински - 22.10.2005

Владата ја утврди стратегијата за борба против болеста Ургентно од Буџетот се повлечени пет милиони денари за борба против птичјиот грип Јасмина Јовановска Мострите од кокошката могилка за која постои сомневање дека е заразена од птичји грип, по четиридневни подготовки, со голема помпа вчера ...

КОКОШКИНО СЛЕПИЛО

Утрински - 22.10.2005

ЅВЕЗДАН ГЕОРГИЕВСКИ Кокошката летна за Лондон. Добро е, благодарам на прашањето. Можеби страда од некое кокошкино слепило, ама во секој случај петлите и натаму ќе кукуригаат. Доколку ги оставиме во живот, се разбира. Речиси е неверојатно на каков начин и со колкава брзина Македонија се приклучува ...

Ветеринарството доби 98 милиони денари за борба против птичји грип

Вест - 22.10.2005

На Министерството за земјоделство и на Ветеринарната управа Владата завчера им одобри 98 милиони денари за борба против птичји грип и Њу каселската чума. Интервентно од Министерството за финансии управата ќе добие 5 милиони денари со кои ќе набави тестови за испитување на птичји грип и вакцини за ...

Живинарите не се плашат од птичиј грип

Канал5 - 22.10.2005

Живинарите кои чуваат помал број на кокошки не стравуваат од појава на птичиј грип. Тие не ги следат ниту мерките од Втеринарната управа, птиците да се чуваат затворени за да не доаѓаат во меѓусебен контакт или во допир со дивите птици.

Чокревски испрати

Дневник - 22.10.2005

МОСТРИТЕ спакувани зА АНАЛИЗА Сомнителната кокошка, осум мостри крв и живина од истиот двор во Могила, вчера со авион на НАТО полетаа од Приштина за Лондон, Велика Британија. Освен крвта, во референтната лабораторија во Вејбриџ ќе се испитуваат и брисевите што се земени од грлата на кокошките.

Кокошките од Висока Маала пцовисале од чума

Утрински - 22.10.2005

Ветеринарна станица Струмица Струмица - Нема место за паника, бидејќи резултатите од примероците што ги однесовме во Ветеринарниот институт во Скопје потврдија дека станува збор за чума, изјави Благој Дончев, директор на Ветеринарната станица во Струмица.

Во село Корешница пцовисаа 1.000 кокошки

Утрински - 22.10.2005

Во Демиркаписко Жителите на демиркапиското село Корешница се во паника откако деновиве е забележан помор на над илјада кокошки. Во неколку куќи е пцовисана целата живина што ја одгледувале. Жителите велат дека во почетокот мислеле дека е во прашање некакво труење, но откако поморот станал масовен ...

Могилчани оштетени со пет милиони денари?

Вечер Прес - 22.10.2005

И во текот на вчерашниот ден во селото Могила продолжи акцијата на Државниот ветеринарен инспекторијат за целосно уништување на живината како превентивна мерка за спречување на појава од птичји грип. Изминатите денови беа уништени над 3000 пердувести животни, а уште толку угинаа претходно.

Живинарството во Македонија пред тотален колапс

А1 - 21.10.2005

Живинарството пред тотален колапс. Сомнителната кокошка дури да летне за Англија и додека да се добијат резултатите, фармите ќе пропаднат. Дневно, сите живинарски фарми прават загуба од над 50 илјади евра, само поради намалената продажба и сопрениот извоз на јајца.

Кокошката од Могила ќе биде испратена во Лондон

А1 - 21.10.2005

Примерокот за анализа од сомнителната кокошка заедно со уште осум други мостри попладнево со возило на ФАО отпатува за Косово. Од таму со воен авион на УНМИК патува во светската лабораторија во Велика Британија , каде ќе се испитува дали кај сомнителниот примерок е присутен вирусот на птичјиот грип.

Фармите бараат отштета од 45 милиони денари

Време - 21.10.2005

ПОРАДИ ЗАГУБИТЕ Сопствениците на живинарските фарми бараат Владата да им исплати отштета од 45 милиони денари поради зголемените трошоци за преземање мерки за заштита од птичјиот грип и поради непродадени производи. Најголемиот дел од парите, околу 33 милиони денари, е за производителите на јајца ...

Ветеринарите бараат полициска асистенција во Могила

Утрински - 21.10.2005

Акцијата за уништување на живината во битолското село вчера не беше завршена ГОЦЕ КАРЕВСКИ БИТОЛА - Триесетина членови на ветеринарните екипи од Битола и од Прилеп, кои изминативе два дена систематски ја реализираат акцијата за целосно уништување на живината во селото Могила како превентива од ...

Кокошката ќе лета со КФОР

Дневник - 21.10.2005

ПО ЧЕТИРИ ДЕНА ВЛАСТИТЕ конеЧно НАЈДОА ПРЕВОЗ Со специјален авион на КФОР, пцовисаната кокошка од Могила денеска треба да полета за Лондон, а потоа со специјално возило ќе биде пренесена на анализа во референтната лабораторија во Вејбриџ.

Могилци не добија документ за уништената живина

Вест - 21.10.2005

"Не можеме во Могила да однесеме компјутер и печатач и на секој стопан на самото место да му издаваме потврда колку птици му се уништени. Откако ќе се заврши со акцијата, секое домаќинство ќе добие документ по кој ќе се обештетуваат", изјави директор Жителите од битолското село Могила не добија ...

И полицајците во лов на пилиња?

Време - 21.10.2005

ВЕТЕРИНАРИТЕ ПОБАРАА ПОМОШ ВО МОГИЛА Пеце Стефановски Педесетина семејства во Могила не им дозволуваа на ветеринарните екипи да им ја уништат живината, па затоа денеска управата ќе ја продолжи акцијата во ова битолско село со помош од полицијата, информираат надлежните.

Да се ангажираат и невработените ветеринари

Време - 21.10.2005

ЗЕМЈОДЕЛСКАТА ПАРТИЈА ПРЕДЛАГА Ако се покаже дека во битолското село Могила има птичји грип, на земјава ќе и требаат најмалку три години за да се справи со оваа болест. Како што истакна портпаролот на Земјоделско-народната партија, Тони Михајловски, на вчерашната прес-конференција, државата не ...

Фармерите трупаат резерви од пилешко месо и јајца

Дневник - 21.10.2005

СТРАВОТ ОД ПТИЧЈИ ГРИП УДРИ ПО ЖИВИНАРИТЕ Сопствениците на живинарски фарми се во паника по појавата на сомневањата дека во земјава има птичји грип. Повеќето од нив го почнале бизнисот со кредити од деловните банки и се плашат дека ќе останат без работа и не ќе можат редовно да ги враќаат парите ...

Кокошката од Могила преку Косово лета за Британија

Канал5 - 21.10.2005

Сомнителниот случај од Могила конечно попладнево ќе биде испратен на анализа за да се утврди дали станува збор за птичји грип во Велика Британија. Примерокот од крвта и брисот од грлото на кокошката, заедно со уште осум примероци на кокошки кои биле во истиот двор, со возило на ФАО ќе биде ...

Се дезинфицираат и луѓето!

Вечер Прес - 21.10.2005

Приодите за влегување во селото Могила вчера беа контролирани од специјални екипи, кои вршеа дезинфекција со препаратот "виркон С" против птичји грип. На влезовите им се дезинфицираа гумите на возилата, а на луѓето чевлите. Истовремено, ветеринарните екипи го продолжија уништувањето на живината.

Примероците од сомнителната кокошка сеуште во Македонија

А1 - 20.10.2005

Примероците од сомнителниот случај на заболената кокошка од Могила сеуште не се испратени на анализа во лабораторијата во Лондон. Мострите ќе патуваат утре со авион на НАТО . Британските експерти треба да утврдат дали кај нас е присутен смртоносниот вирус на птичјиот грип.

При крај акцијата во Могила

А1 - 20.10.2005

Во Могила вечерва е мирно, меѓутоа два дена 8 ветеринарни екипи од Битола и Прилеп вршеа уништување на живината. Според првичните податоци, околу 4.000 кокошки и пилиња се уништени. Сепак, останува бројката дека се угинати околу 5.000, кои се носат во ископана специјално за таа намена депонија, ...

Помор на 1.000 кокошки во струмичкото село Висока Маала

Утрински - 20.10.2005

Од птичја чума СТРУМИЦА - Во селото Висока Маала сместено на планината Огражден е забележан помор на 1.000 кокошки. Поморот се случил во текот на вчерашниот и завчерашниот ден, а според ветеринарите можна причина за смртта на кокошките е чумата која се јавува кај овој вид живина.

Живината се уништува, селаните се исплашени

Утрински - 20.10.2005

Во битолското село Могила почна убивањето на пердувестите животни Во Могила вчера се уништуваше сета пердувеста живина. Акцијата на ветеринарите ќе продолжи и денеска. Селаните потврдуваат дека масовно пцовисување на живината се случувало и порано, но не во толкав обем како сега АЛЕКСАНДРИЈА ...

Далеку е Англија

Вест - 20.10.2005

СОМНИТЕЛНАТА КОКОШКА ОД МОГИЛА НИКАКО ДА СЕ КАЧИ НА АВИОН ЗА ЛОНДОН Ветеринарната управа на Македонија се уште бара директна авионска линија до Лондон. Најприфатливи се летовите на Бритиш ервејс од Приштина кои слетуваат дирекно во Лондон.

Во Могила убиено се што лета

Дневник - 20.10.2005

МАСОВНО УСМРТУВАЊЕ НА ЖИВИНАТА Кокошарниците во дворовите во битолското село Могила останаа празни. Ветеринарна екипа од Битола и од Прилеп вчера ја почна најавената акција за масовно усмртување на живината во Могила. Акцијата наиде на отпор кај жителите што редовно ја вакцинирале живината.

Во кумановско Никуљане се потврди птичјата чума

Вест - 20.10.2005

Извршената анализа во Ветеринарниот институт во Скопје покажала дека причината за поморот на над 1000 кокошки во селото Никуљане е болеста чума кај живината односно таканаречената пипка. По налог на ветеринарниот инспектор за да се спречи проширувањето на оваа болест, шест екипи лекари и ...

Ветеринарите ги бркаа кокошките, могилчани ги криеја

Време - 20.10.2005

ПРЕВЕНТИВАТА ОД ПТИЧЈИ ГРИП НАИДУВА НА ОТПОРИ Пеце Стефановски Триесетина ветеринарни инспектори, лекари и ветеринарни техничари од Битола и Прилеп, вчера, уште во раните утрински часови, го запоседнаа битолското село Могила, каде што претходниве две-три недели беше забележан масовен помор на ...

Живинарите не можат да ги продадат јајцата

Време - 20.10.2005

ПОРАДИ ЗАБРАНАТА ЗА ИЗВОЗ Поради забраната за извоз на Косово и во Хрватска, од еден милион јајца, колку што дневно се произведуваат во Македонија, непродадени остануваат дури 400.000, се пожалија вчера живинарите. - Денеска од српско-хрватската граница е вратен еден камион со македонски јајца, а ...

Не е птичји грип, туку птичја чума

Време - 20.10.2005

ВЕТЕРИНАРНАТА УПРАВА ТВРДИ Велика Атанасова Во кумановското село Никуљане, Штип и во пробиштипското село Долни Стобол нема птичји грип, туку кокошкина чума, односно таканаречена њукаселска болест, тврди директорот на Управата Слободан Чокревски, повикувајќи се на првичните резултати од анализите на ...

Помор на кокошки во селото Висока Маала

Дневник - 20.10.2005

ОПШТИНИТЕ БЕЗ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ Во струмичкото село Висока Маала, на падините на планината Огражден, ветеринарите регистрираа помор на околу 1.000 кокошки. Според нив, не се работи за птичји грип, туку за чума кај кокошките. Примерок од пцовисаните кокошки вчера е испратен во Институтот за ветерина ...

Масовен помор на живина и во Струмичко

Вест - 20.10.2005

Во населеното место Висока маала, струмичко, деновиве е забележан помор на кокошки. Неофицијално во ова село, изумреле околу 1000 кокошки. На самото место на терен излегле екипи од ветеринарна станица и зеле примероци од изумрените кокошки кои се доставени во Институтот за ветеринарство во Скопје, ...

Затворени вратите во Косово и во Хрватска за македонските јајца

Утрински - 20.10.2005

Поради страв од птичји грип НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Земјите од соседството ги затвораат вратите за македонските јајца, откако завчера се појави првиот сомнителен случај на птичји грип во битолското село Могила, иако сў уште нема официјална потврда дали станува збор за оваа опасна болест.

Нема авион за кокошката

Дневник - 20.10.2005

Угинатата кокошка од Могила, кај која се откриени антитела што предизвикуваат сомнеж дека заболела од птичји грип, се уште не е испратена на анализа во британскиот институт во Вејбриџ. Се очекува мострата да биде испратена денеска или утре, со лет од Приштина до Лондон.

Американците ни го подметнаа птичјиот грип

Вест - 20.10.2005

ЖИВИНАТА ВО МОГИЛА СЕ УНИШТУВА Селаните не даваат отпор при уништувањето на нивната живина, но се убедени дека во Могила птичји грип нема и дека сето ова е подметнато од Американците за да им се продаваат американските копани Ветеринарни инспектори засилени со голем број ветеринарни лекари и ...

Могила сардисана од ветеринари

Вечер Прес - 20.10.2005

Во селото Могила вчера започна еутаназија на живината. Триесетина екипи до Битола и Прилеп облечени со специјална опрема, од куќа до куќа ја уништуваа живината. Операцијата спроведена и организирана од државните ветеринарни служби се извршуваше со виткање на вратот на живината со задушување, која ...

"Пипката" и ја скрои судбината и на живината во Никуљане

Вечер Прес - 20.10.2005

Целокупната живина во село Могила веќе се уништува, а истата судбина најверојатно ќе ги снајде и домашните птици во кумановско Никуљане, како и оние од селата во Штипско и Пробиштипско во кои имало помор на живина, најави вчера директорот на Ветеринарната управа Слободан Чокревски.

Косово и Хрватска го забранија увозот на јајца од Македонија

А1 - 19.10.2005

Затворени граници, исплашени потрошувачи, намален извоз и намалена домашна потрошувачка на пилешко месо и јајца. По косовските и хрватските ветеринарни служби го запреа увозот од Македонија по информациите на властите, дека има еден сомнителен случај од битолска Могила, кој ќе се праќа на анализа ...

Акција за ништење на целокупната живина во Могила

А1 - 19.10.2005

Во пелагониското село Могила, денеска започна превентивната акција на ветеринарната управа за уништување на целокупната живина и вршење дезинфекција на дворовите и кокошарниците во цело село. Осум екипи составени од ветеринарни инспектори, лекари и техничари, имаат задача да ги отстранат сите ...

Во Никуљане нема случај на птичји грип

А1 - 19.10.2005

Нема сомнителен случај на птичји грип кај живината во кумановско Никуљане. Првичните анализи покажале дека масовниот помор го предизвикала кокошкина чума позната како Њукасл, а примероците од Штип, Пробиштип и Струга, сеуште се испитуваат.

Стручњаците тврдат дека птиците пцовисуваат од чума

Утрински - 19.10.2005

КУМАНОВО КУМАНОВО - „Нема нови сознанија за помасовен помор на птици во приватни живинарници во Кумановско, а за денеска ги очекуваме резултатите од Ветеринарниот институт од Скопје од примероците на пцовисани кокошки во селото Никуљане°, ни изјави вчера директорот на Ветеринарно-сточарскиот центар ...

Хрватска ги затвори границите за македоската живина

Канал5 - 19.10.2005

И Хрватска го затвори пазарот за Македонската живина и јајца. Информацијата што за Канал 5 ја потврди началникот на хрватската гранична ветеринарна инспекција Гордан Јарбиќ се уште не стигнала официјално до македонските власти. И Хрватска го затвори пазарот за Македонската живина и јајца.

Можно е кокошки во Могила да угинале од птичји грип

Време - 19.10.2005

ВЕТЕРИНАРИТЕ СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА ВИРУСОТ ВЕЌЕ СТАСАЛ Адријана Георгиев Велика Атанасовска Во Могила има сомневање дека еден од четириесетте примероци на угината живина е заболен од птичји грип. Од Ветеринарната управа истакнуваат дека утре или најдоцна задутре, сомнителниот примерок ќе биде испратен ...

Кокошките во могила умреле од “њукасл”, една сомнителна мостра испратена на анализа во Британија

Канал5 - 19.10.2005

Првичните резултати од земените мостри од умрените птици во битолското село Могила покажуваат дека станува збор за болеста “њукасл” односно атипична чума, информира директорот на Ветеринарната управа Слободен Чокревски. Првичните резултати од земените мостри од угинатите птици во битолското село ...

Пцовисаната кокошка од Могила ќе се испитува во Лондон

Утрински - 19.10.2005

Странски експерти ќе извршат анализа дали пцовисаната птица во Битолско била заболена од птичји грип Битолското село Могила од вчера е под карантин и се преземаат сите противепидемилошки мерки како превентива ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Една од 40.

Неизвесност – сомнителниот случај од Могила се уште не тргнал за Лондон

Канал5 - 19.10.2005

На Чокревски и неговите соработници им треба дополнително време за да го подготват сомнителниот случај за анализа во Велика Британија. Неопходен бил и брис од грлото, а не само примерок од крвта на умрената кокошка. На Чокревски и неговите соработници им треба дополнително време за да го подготват ...

Кокошките во Никуљане пцовисале од чума

Утрински - 19.10.2005

Од Ветеринарната станица во Куманово демантираат Кумановскиот регион нема подрачја поволни за пренесување птичји грип преку преселба на птиците, вели Јовица Стојковски КУМАНОВО - „Никуљане е првото од 110 села што ги опфаќа Ветеринарната станица од Куманово кое сигнализираше дека има појава на ...

Птичји грип во Македонија?

Дневник - 19.10.2005

угината кокошка ОД МОГИЛА НА АНАЛИЗА ВО БРИТАНИЈА Македонските ветеринарни експерти вчера го забележаа првиот сомнителен случај на птичји грип од Македонија во битолското село Могила. Мостра од угинатата кокошка се уште не е испратена на анализа во лабораторијата во Велика Британија, бидејќи вчера ...

Вирусите не се "убиваат" со ќорци

Дневник - 19.10.2005

Љубица Балабан Додека нашите здравствени и ветеринарни власти се натегаа која опрема, во колкави количества и колку пари да побараат за заштита од птичјиот грип, додека преведуваа стручни соопштенија на "народен јазик", смртоносниот вирус затропа и на нашите порти.

Во Могила и во Гермијан нема птичји грип

Утрински - 19.10.2005

По посетите на ветеринарните инспектори на селата во Битолско Селаните од битолските села велат дека болеста од која пцовисале кокошките ја познаваат откако знаат за себе и за живината БИТОЛА - По посетите на ветеринарните инспектори на живинарниците во битолските села Могила и Гермијан изминатиов ...

Масовно угинување на живина и во селото Гермиан

А1 - 18.10.2005

Веќе неколку дена масовно угинување на живина е забележано во битолското село Гермиан, близу грчката граница. Жителите кои чуваат по 200 несилики во семејство, не можат да кажат точна бројка за поморот, но се претпоставува дека пцовисале околу 1.000 кокошки и пилиња .

Кај птиците во Могила Њукаселска болест

А1 - 18.10.2005

Во битолско Могила откриен сомнителен случај, за кој во Ветеринарната управа не знаат дали се работи за птичји грип. Ветеринарната управа утре ќе ги испрати примероците на анализа во Светската референтна лабораторија во Англија. Резултатите се очекуваат за една недела.

Жителите на Могила не знаат од што изумре живината

А1 - 18.10.2005

До 17 часот и 30 минути жителите на Могила речиси и да не беа запознати од што изумре живината, мирно си седеа, некои си работеа, ветеринарните техничари вршеа вакцинација во кокошарниците. Градоначалникот на општината Могила Славко Велевски најави вечерва во 20 часот и 15 минути собир со жителите, ...

Преглед на секој што ќе се врати со кивавица од Турција

Дневник - 18.10.2005

ЗАШТИТНИ МЕРКИ ПРОТИВ ПТИЧЈИОТ ГРИП Лицата што патуваат во Романија, Турција и во други земји каде што има жаришта на птичјиот грип треба веднаш да се јават на лекар ако по враќањето во земјата добијат зголемена телесна температура и кашлица.

Кокошките во Кумановско ги коси птичја чума

Вест - 18.10.2005

РАНО Е ЗА ПАНИКА Според симптомите ветеринарите, се речиси убедени дека над 1000 кокошки во Никуљане умреле од "њукастел" или птичја чума поради тоа што не се редовно вакцинирани По поморот на домашната живина во селото Никуљане, вчера на терен излезе екипа од ветеринарната станица во Куманово која ...

Во селото Гермијан умреле 1.800 птици

Време - 18.10.2005

МЕДИУМИТЕ ЈАВУВААТ ЗА НОВ ПОМОР Во селото Гермијан, во близината на грчката граница, од непознати причини умреле 1.800 птици, јавува српскиот весник „Данас“. Викендов, наводно, двајца рибари на Тиквешко Езеро пронашле два мртви пеликани.

Помор на птици во кумановско Никуљане

А1 - 17.10.2005

Кокошките во Кумановско Никуљане умираат повеќе од два месеца. Ветеринарната служба, дури сега се заинтересира за поморот во Никуљане. Се правдаат - немало поплаки од селаните. Кокошарниците се или полни со умрени кокошки или празни .

Птиците пцовисале од њукаселска болест

Дневник - 17.10.2005

Стручни екипи на Ветеринарската инспекција и на Ветеринарската станица во Битола штотуку завршиле со увидот во битолското село Могила. Место за паника нема. Кокошките имале њукаселска болест, во народот позната како пипка. Ја имале кокошките на семејства што не извршиле вакцинација.

Помор на кокошки и мисирки

Дневник - 17.10.2005

ВО БИТОЛСКИТЕ СЕЛА ГЕРМИЈАН И МОГИЛА Над 1.000 кокошки и мисирки пцовисаа во изминативе три дена во битолските села Гермијан и Могила. Селаните велат дека живината секоја петта година ја коси болеста позната меѓу народот како чума и тие не се сомневаат дека причината за поморот на живината е ...

Помор на кокошки во Могила, управата тврди дека не е грипот

Време - 17.10.2005

ЗАГРИЖЕНОСТ ВО ПЕЛАГОНИСКИТЕ СЕЛА Пеце Стефановски Масовен помор на кокошки, кој е забележан во пелагониското село Могила, внесе паника кај локалното население иако ветеринарните власти негираат дека станува збор за опасната болест птичји грип, која, според агенциските вести, се повеќе го стега ...

Умираат кокошки во Никуљане

Канал5 - 17.10.2005

Владата освен што ја официјализира постојаната забраната за увоз на пилешко месо од Турција и Романија, други насоки како да се однесуваат со појавата на птичјиот грип граѓаните, фармерите, ловците и одгледувачите на домашни и диви птици, се уште нема.

Сотрени над 1.000 кокошки

Вест - 17.10.2005

НЕПОЗНАТА ЕИДЕМИЈА ЈА КОСИ ЖИВИНАТА ВО СЕЛО НИКУЉАНЕ КУМАНОВСКО Кога ќе се разболат, кокошките прво малаксуваат, а потоа креваат температура и им крчи во градите, пијат многу вода и за ден два паѓаат во дворот како покосени, велат селаните Над 1.000 кокошки угинале во кумановското село Никуљане.

Карантин за живината, забранет лов за дивите птици

Утрински - 17.10.2005

Македонија презема мерки против птичјиот грип кој во регионот мутира и станува смртно опасен Фармерите ќе мора да ги стават домашните птици во карантин, а на ловџиите од денеска ќе им се стави вето за лов на диви птици. Ова се двете основни мерки што Ветеринарната управа како предлог ќе ги достави ...