TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Медицинарите добиле прашања што не ги учеле

Време - 07.12.2007

ЗАВРШИ ПРОБНАТА МАТУРА На пробната матура на тестот по математика имаше задачи кои воопшто не сме ги учеле и ги нема во материјалот, реагираа вчера матуранти во скопското средно медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Тие, заедно со останатите матуранти во сите училишта во земјава вчера полагаа ...

Пробната матура го положи тестот

Дневник - 07.12.2007

Со голем број забелешки за прашањата - тешки по математика, лесни од странски јазик - матурантите вчера го завршија пробното дводневно полагање на државната матура, на кое Министерството за образование му даде преодна оценка.

Зрелоста на испит

Дневник - 07.12.2007

Министерството за образование оцени дека успешно заврши пробното полагање на државната матура, средношколците положија, само составувачите на прашањата за тестот паднаа на испитот. Со прашања од типот: „Зошто служат мобилните телефони“ и „Зошто постарите не се смеат?“ не се проверува знаењето што ...

Матурантите се сопнаа на непознати прашања

Вечер Прес - 07.12.2007

Средношколци велат дека по англиски јазик имало прашања кои не ги изучувале во програмата. Надлежните тврдат прашањата се произлезени од наставните програми. Од училишните матурски комисии, пак посочуваат дека речиси 98 од матурантите не се подготвиле за полагањето, па дури заборавиле што учеле За ...

Матурантите полагаа пробна матура

Време - 06.12.2007

ТЕСТИРАЊЕ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА Во училишните ходници, во мирна и опуштена атмосфера, матурантите во сите училишта за средно образование во земјава вчера полагаа пилот-матура. Средношколците околу четири часа полагаа тестови по мајчин јазик, а по налог на надлежните во Бирото за развој, ги ...

Матурантите немаа забелешки за испитот по мајчин јазик

Утрински - 06.12.2007

Првиот дел од пилот-матурата - полагањето на испитот по мајчин јазик, помина без проблеми и поголеми забелешки од средношколците. Над 17.500 матуранти од вкупно 22.000 кои доброволно прифатија да учествуваат во ова пробно тестирање ќе ги добијат резултатите од сработеното само на свое лично барање.

За матурантите тест за првачиња

Дневник - 06.12.2007

Прашањата беа многу лесни, дури и навредливи за нашата интелигенција, коментираа повеќето средношколци Зошто во нашата држава постарите луѓе не се смеат често, зошто младите не се добро информирани за сидата, кога биле пронајдени мобилните телефони, за што се користи интернет...

Прашањата лесни - материјалот подзаборавен

Вечер Прес - 06.12.2007

Многумина од учениците вчера посочија дека прашањата не биле тешки, произлегувале од материјалот што го поминале, но бидејќи не се подготвувале дополнително, веќе некои работи заборавиле Генерална оценка на матурантите, на тестаторите и на директорите во училиштата и на надлежните е дека првиот ...

Пробната матура се реализираше без проблеми

Макфакс - 06.12.2007

Скопје Средношколците од четврта година денеска и вчера полагаа пробна матура, која што се реализираше без проблеми, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Вкупно 17.542 кандидати се пријавиле за полагање на пробната матура која што не беше задолжителна.

Матурантите задоволни од тестовите по мајчин јазик

А1 - 05.12.2007

Лесни прашања, теми кои веќе се изучени. Вака повеќето матуранти ги оценија тестовите по мајчин јазик, кои денеска се полагаа како прв дел од пробната матура. „Многу беше лесно. Сега за оваа пробна матура не се спремавме ништо, подоцна ако се прави матурата, ќе се спремаме повеќе.

Учениците да не користат никакви прирачници

Време - 05.12.2007

МОН ПОРАЧУВА Сулејман Рушити, министерот за образование и наука, годинава не дал дозвола да се користи ниту еден прирачник по предметите што средношколците треба да ги полагаат на државната матура и затоа тие не смеат да користат ваква помошна литература, порачаа од Министерството.

Матурантите полагаат пилот-матура

Време - 05.12.2007

ДЕНЕСКА И УТРЕ Околу 17.000 матуранти денеска во училиштата за средно образование ќе полагаат пилот-матура, најавија вчера од Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму додадоа дека годинава за прв пат матурантите ќе имаат можност да полагаат државна матура во август, во случај да не ...

18.000 средношколци полагаат пробна матура

Вест - 05.12.2007

Во средните училишта во Македонија, денес во девет часот почнува пробното полагање државна матура. Матурантите од четиригодишното средно образование 240 минути писмено ќе одговараат на прашањата по предметот мајчин јазик (македонски, албански или турски).

Денес и утре пробна матура за 17.500 средношколци

Утрински - 05.12.2007

БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА За над 17.500 матуранти од сите средни училишта во државава денес во 9 часот ќе се реализира пробната матура по мајчин јазик. Испитот ќе трае 240 минути за секој да има доволно време за одговарање. Утре во истото време ќе се полага изборниот предмет, што ќе трае 180 минути, а ...

Денеска и утре пробно полагање

Дневник - 05.12.2007

Околу 17.500 средношколци, од вкупно 20.000, денеска и утре ќе полагаат пробна државна матура во средните училишта. Поради тоа учениците од прва, втора и од трета година два дена нема да одат на настава. Тестирањата ќе почнат во 9 часот.

За укинување на матурата ќе се бориме на Уставен суд

Дневник - 05.12.2007

Барањата за одлагање на државната матура за следната година не се замрени, вели Михаел Младеновски , член на Иницијативниот одбор за укинување на државната матура . Тој и останатите матуранти денеска и утре ќе ги полагаат пробните тестови, кои треба да бидат подготовка за официјалната матура што ...

Успешно завршен првиот ден од пробната матура

Канал5 - 05.12.2007

Успешно помина првиот ден од пробното тестирање за државна матура – 70 проценти од матурантите дојдоа на пробниот тест за да си ги проверат знаењата од мајчин јазик – македонски албански или турски Успешно помина првиот ден од пробното тестирање за државна матура 70 проценти од матурантите дојдоа ...

Тестирање за пробна матура

Вечер Прес - 05.12.2007

Полагањето почнува во 9 часот и првиот ден матурантите ќе имаат на располагање 4 часа за одговарање на прашањата, а вториот ден - три часа. За полагање се пријавиле 17.542 матуранти од кои 10.078 ќе полагаат странски јазик, а 7.464 математика.

Пробна матура за над 17,000 средношколци

Макфакс - 05.12.2007

Скопје Над 17,000 средношколци од четврта година денеска и в среда ќе полагаат пробна матура, која со измените во образовниот систем е задолжителна од оваа учебна година. Матурантите денеска ќе полагаат тест по мајчин јазик, а на вториот ден во зависност од нивниот избор ќе полагаат математика или ...

Средношколците ќе полагаат пробна матура

А1 - 04.12.2007

17.542 пријавени средношколци утре и задутре ќе го проверат своето знаење, полагајќи ја пробната матура. Од Бирото за развој на образованието велат, дека изминатиот период направиле отстапки во однос на државниот испит, кои само ќе им оделе во прилог на учениците.

Утре и задутре ќе се полага пробна матура

Канал5 - 04.12.2007

Повеќе од седумдесет отсто од матурантите утре и задутре ќе полагаат пробна матура. Од министерството за образование објаснуваат дека тестовите воопшто не се насочени кон проверка на знаењето и способностите на учениците, туку главна цел е матурантите и наставниците искуствено да поминат низ ...

Македонска матура во Мелбурн

Вечер Прес - 04.12.2007

Изминатиов викенд во Мелбурн се одржа 16. Матурска вечер на учениците кои успешно ги положија испитите по македонски јазик за 2007 година, а пред една недела во Сиднеј за прв пат беше организирана ваква матурска вечер. Како што вели еден од наставниците во Австралија, Ицо Најдовски, ова се настани ...