TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Повторно одложен случајот со малтретираните градежни работници

Канал5 - 19.11.2008

Судијата надлежен за хашкиот предмет Mалтретирани мавровски работници нема закажано датум кога ќе стартува судењето против пратеникот Хисен Џемаили и останатите обвинети за воено злосторство откако денеска не се одржа рочиштето затоа што Денот на дрвото е неработен.

Пратеникот Хисен Џемаили казнет со половина плата

Дневник - 18.11.2008

Собраниската комисија за избори и именувања вчера реши на пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили, обвинет за хашкиот случај „Малтретирани мавровски работници“ да му скрати 60 отсто од октомвриската плата бидејќи неоправдано отсуствувал на 12 собраниски седници. Откако во септември Собранието му го одзеде имунитетот, Џемаили не се појави ни во законодавниот дом, ниту на судско рочиште.

Обвинетиот пратеник Хисен Џемаили поканет на кафе во Собранието

Утрински - 18.11.2008

Алити му забележа на Велјановски зошто Џемаили не бил опоменат за отсуството од парламентот. Светлана Унковска. Пратеникот од редовите на ДУИ, Хисен Џемаили, еден од обвинетите за случајот „Мавровски работници“, и по трет пат нема да седне на обвинителна клупа.

Платата на Џемаили ги скара пратениците

А1 - 17.11.2008

Каде е Хисен Џемаили, го бараат и МВР и судот, но сега и Собранието, за да му соопштат дека поради неоправдано отсуство ќе го казнат со 60 проценти помала плата. И сето ова повод за меѓусебни обвинувања. Започна неговиот сопартиец со барање кое ако не беше смешно ќе беше трагично, а го оправдуваше со Деловникот. „Дали е претходно известен и пратеникот“, вели Рафиз Алити, ДУИ.

Никако да стартува процесот за малтретираните мавровски работници

Канал5 - 17.11.2008

Никако да стартува процесот за малтретираните мавровски работници. По два неуспешни обида полицијата да ги приведе пратеникот Хисен Џемаили и другите обвинети за насилство врз градежниците, в среда судењето ќе се помести за еден месец затоа што Денот на дрвото е неработен. Се уште нема утврдено датум кога ќе биде закажано продолжението.

Хисен Џемаили со скратена плата

Канал5 - 17.11.2008

Хисен Џемаили за октомври ќе земе преполовена плата. Собранието, на предлог на спикерот Вељановски, го казни пратеникот на ДУИ поради тоа што минатиот месец не се појавил на работа, без притоа да го извести Парламентот за своето отсуство. Неговиот сопартиец Алити бараше одлуката да се одложи зашто, повикувајќи се на Деловникот, рече дека претседателот на Собранието прво требало да го повика ...

Собранието парично ќе го казни Џемаили поради отсуство од седниците

Алсат-М - 17.11.2008

Пратеникот од редовите на ДУИ Хисен Џемаили поради отсуство на парламентарните седници ќе биде казнет со околу 55 илјади денари. Според новиот правилник ако пратеникот отсуствува 3 пати во ред и не го информира претседателот на Парламентот за секоја седница ќе биде казнет со по 5%. Џемаили до сега отсуствувал на 12 седници што подразбира и казна од 60% од неговата месечна плата.

Џемаили наместо во притвор, со намалена плата

Форум - 17.11.2008

Пратеникот Хисен Џемаили од ДУИ по кој полицијата трага за случајот Малтретирани мавровски работници ќе добие преполовени септемвриска и октомвриска плата поради тоа што не присуствувал на собраниските седници во овие месеци, а своето отсуство не го најавил.

Велјановски ќе му ја крати платата на Џемаили

Форум - 17.11.2008

Трајко Велјановски, претседател на Собранието ќе му ја скрати платата на пратеникот Хисен Џемаили од ДУИ за 60 отсто поради тоа што 12 пати едноподруго не присуствувал на собраниските седници. Џемаили не е појавен на своето работно место откако Собрнаието во септември му го одзеде пратеничкиот имунитет поради обвиенението во случајот Малтретирани мавровски работници.

Пратениците се скараа за платата на Џемаили

Алфа - 17.11.2008

Да му се скрати од платaта на пратеникот од ДУИ Хисен Џемаили кој по одземањето на имунитетот не е достапен за судот , обвинет е дека учествувал во малтретирањето на работниците од градежното претпријатие Маврово, или да се признае дека ваквата мерка е само покритие за како што обвинува опозицијата игрите што ги прави МВР со неговото апсење.

На пратеникот хисен Џемаили ќе му бидат одземени 60 отсто од платата

Сител - 17.11.2008

Оваа Предлог - одлука ја усвои денеска на седница Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Претседателот на Комисијата Илија Димовски рече дека е доставено известување од претседателот на Собранието за неоправдано отсуство на пратеникот Џемаили и согласно член 31 од Деловникот за работа на Собранието на пратеникот кој отсуствува најмалку трипати едноподруго на собраниските седници му се ...

Хисен Џемаили со шеесет проценти помала плата

Вечер Прес - 17.11.2008

Иако Џемаили е обвинет за воено злосторство против човештвото и по него трага и МВР, вчера неговите сопартијци, но и СДСМ и ЛДП побараа Собранието, барем телефонски да го извести дека ќе расправа за неговата плата. Пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили обвинет за малтретирање на градежните работници од Маврово во конфликтот во 2001 година два месеци ќе зема помала плата за 30 проценти.