По кратката нафтена криза има бензин на сите пумпи, откако завчера беше постигнат договор меѓу рафинеријата „Окта“, Владата и населението на околните села, кои ги тргнаа блокадите на кои стоеја осум дена. На некои бензински пумпи велат дека има недостиг од некои деривати, а причина за тоа бил пожарот што ја зафати рафинеријата во петокот вечер, поради што таа престана да работи.
Во Министерството за екологија привршуваат административните процедури за распишување на тендерот за изработка на Студија во која ќе бидат содржани сите апекти на загадувањето, како и на тендерот за набавка на двете станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Понудениот пакет-мерки на Владата за решавање на проблемот со загадувањето што го врши Окта врз животната средина, а кои ...
Поранешни и сегашни високи функционери и инспектори за животна средина може да добијат прекршочни и кривични пријави затоа што не го третирале сериозно случајот со долгогодишното загадување што го врши рафинеријата „Окта“ врз населението од околните села.
Со пакетот мерки за спас од загадувањето на Рафинеријата, власта ја прекина и нафтената криза во земјава, која се јави откако жителите на скопско Миладиновци ја блокираа работата на Окта. Жителите на скопско Миладиновци вчера ги ставија во мирување осумдневните блокади пред Окта откако Владата најави дека ќе го реши проблемот со загадувањето од скопската Рафинерија.
Без никакви консултации со жителите на селата околу рафинеријата „Окта“ вчера бил потпишан меморандум за соработка во намалувањето на загадувањето меѓу компанијата, општината Илинден и Министерството за животна средина. Челниците на рафинеријата прифатиле да се постави мерна станица за сите загадувачки материи што се испуштаат од неа, да се исчисти каналот во кој се испуштаат отпадните нови и да ...
Повеќе приватни бензински пумпи вчера ги точеа последните резерви на гориво, а скопска Топлификација најави дека ќе увезува мазут за да има парно греење ако проблемот не се реши. Блокадите пред Окта продолжуваат и денеска и покрај вчерашниот договор помеѓу претставници на Министерството за екологија и на скопската Рафинерија, со кој треба да се исполнат некои барања на жителите од Миладиновци за ...
Жителите на селата од општина Миладиновци се надеваат дека Министерството за животна средина ќе изврши притисок врз Рафинеријата и конечно ќе се спроведе трајна еколошка заштита на околината и ќе се набават мерни станици за 24-часовно следење на загадувањето. Шест дена на студ и снег, но со цврста одлука да истраат до крај, жителите на општина Миладиновци особено на селата околу Окта, се решени ...
Снемува дизел, екстралесно гориво, безоловен бензин и други деривати на голем број бензински пумпи, затоа што рафинеријата „Окта“ не може да изнесе ништо од својот фабрички двор поради блокадите на миладиновчани. Рафинеријата не произведува нови горива затоа што мора да ги санира дефектите од пожарот што настана во петокот вечер.
Петкратно зголемување на износот на глобите за правни и за физички лица предвидуваат промените на Законот за животната средина, кои вчера ги усвои Владата. Досегашните казни од 8.000 до 20.000 евра ќе бидат заменети со парични казни од 70.000 до 100.000 евра, информира министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи.