TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Инспекторите ќе ги "чешлаат" новите вработувања

Дневник - 21.09.2002

ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА Се вработуваат со партиска книшка, а има и такви со само еден ден работен стаж Сојузот на синдикатите на Македонија апелира да се запрат непродуктивните вработувања во јавниот сектор, кои не се резултат на реалните потреби.

Партиските вработувања во Неготино

А1 - 20.09.2002

Нови вработувања во Неготино, непосредно пред изборите општинската организација на СДСМ објави дека во Здравствениот дом биле примени на работа 37 лица на неопределено време без конкурс и без почитување на статутот на институцијата.

Купишта решенија за вработување во министерствата и во јавните претпријатија

Дневник - 20.09.2002

ПОСТИЗБОРНИ ВРАБОТУВАЊА Заводот за вработување не соопштува колкав е бројот на нововработените, а тие што се на работа стравуваат дали ќе земаат редовни плати Партиските вработувања во јавните претпријатија и во министерствата продолжуваат со засилено темпо.

Постизборните масовни вработувања наидуваат на револт

А1 - 19.09.2002

120 припадници на специјалната единица „Лавови“ од Битола се во потрага по државјанства, потребни за да можат да добијат решенија за вработување во полицијата. Бранот масовни партиски вработувања ги револтира вработените на „Македонија пат“ и подружницата на ЕСМ од Штип.

Штрајк против новите партиски вработувања во "Македонија пат"

Вест - 19.09.2002

Стотина вработени во "Македонија пат", секција во Штип и исто толку во подрачните единици во Кочани, Смоимирово, Струмица и Свети Николе, вчера ја прекинаа работата. Работниците се револтирани поради тоа што три месеци не зеле плата и бараат да престане масовното вработување во јавното претпријатие.

Упад на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА во јавната администрација

Вест - 19.09.2002

МАСОВНИ ПОСТИЗБОРНИ ВРАБОТУВАЊА Точната бројка не се знае, но се проценува дека новата влада ќе наследи над 120.000 администрација. Реформираната јавна администрација треба да брои 55.000 службеници. Во итањето да се фати последниот воз, Влад Постизборна бинго добивка е решението за работа во некое ...

Експресни вработувања во РЕК Битола

Вест - 19.09.2002

"Точно е дека непосредно пред изборите ги потпишав решенијата на неопределено време во РЕК Битола на 57 лица", изјави за ВЕСТ директорот на комбинатот Владо Сугаревски објаснувајќи ја таквата постапка со неодложната потреба од дури 300 работници со чие вработување би се избегнало ангажирањето на ...

Решенија од старата, плата од новата влада

Дневник - 19.09.2002

ВРАБОТУВАЊА ПРЕД ИЗБОРИТЕ Нововработените веќе седат и на трупчиња, бидејќи нема слободни столови, а ни доцнат и платите и надоместоците за прекувремената работа, велат штипските работници на "Македонија - пат" Работниците во подружницата на "Македонија - пат" во Штип вчера ја прекинаа работата, ...

Протест поради партиски вработувања во Прилеп

А1 - 18.09.2002

Работниците на деловната единица на „Македонија пат“ од Прилеп протестираа изразувајќи незадоволство од новите 20 вработувања. Тие раководителот Цветко Јовчески го обвинија за партиски работни ангажирања, без никаква економска логика.

Постизборно масовно вработување по партиски клуч

А1 - 17.09.2002

И по изборите продолжува трендот на нови вработувања по партиски клуч. По минатонеделните вработувања во државните институции и јавни претпријатија во Скопје, денеска актуелни вработувањата во Битола, Штип и Дебар. Во РЕК Битола забрзано се прават обиди за партиски вработувања по стариот и добро ...