TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Средба на СДСМ и ДУИ во Владата

А1 - 20.11.2004

СДСМ и ДУИ денеска постигнаа начелна согласност околу горчливото прашање за правичната застапеноста на Албанците во државната управа. Ова беше една од причините, кои ја прелеа чашата за Хари Костов да поднесе оставка од премиерската функција и жестоко да ја нападне партијата на Ахмети.

ДУИ ќе не претставува во ЕУ, Њујорк и во Кина

Време - 20.11.2004

ПОДЕЛЕНИ АМБАСАДОРСКИТЕ МЕСТА ДУИ во преговори со СДСМ ги доби амбасадорските места во ОБСЕ, ЕУ, Кина, Ватикан, Шведска, Египет, Бугарија, како и конзуларното претставништво во Њујорк. Портпаролката на партијата Ермира Мехмети вели дека овие амбасадорски места биле договорени уште летоска.

ДУИ му избира лидер на СДСМ?

Дневник - 20.11.2004

АЛИ АХМЕТИ КАЈ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ Ахмети барал гаранции дека лидер на СДСМ нема да биде ни Тито Петковски ни Никола Поповски Али Ахмети побарал шефот на државата Бранко Црвенковски да му гарантира дека лидер на СДСМ и, евентуално, премиер нема да биде ни Тито Петковски ни Никола Поповски, дознаваме ...

Бранко и Али ќутенката

Вест - 20.11.2004

КОНСПИРАТИВНОСТ Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера се сретна со претседателот Бранко Црвенковски во неговиот кабинет. Официјално кабинетот и портпаролот на ДУИ Ермира Мехмети потврдуваат дека имало таква средба, но одбиваат да кажат за што разговарале двајцата водачи.

Ахмети им избира мандатар на СДСМ?!

Вечер Прес - 20.11.2004

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не го сака Никола Поповски за мандатар на новата влада, дознава Вечер. По најавата дека, министерот за финансии може да исплива на прво место во СДСМ, а според договорот на раководечката четворка на СДСМ нивниот иден лидер го добива неприкосновеното право да го определи ...

Генералот и ќе не брани?

Вечер Прес - 19.11.2004

Ако при минатата реконструкција на Владата не се успеа да се добие Министерството за одбрана, овој пат ДУИ ќе вложи максимален напор за да го "освои" овој ресор. Особено ако досегашниот министер Владо Бучковски ја напушти оваа позиција и доколку биде идниот премиер.

ДУИ не ги доби Националната библиотека и Музеите на Македонија

Вест - 18.11.2004

МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА ГИ ИМЕНУВА ДИРЕКТОРИТЕ Во пазарот на ДУИ му е даден Музејот за современа уметност на Калето и Центарот за култура во Куманово, каде допрва ДУИ ќе ги каже имињата на своите. И Драмски театар остана со вршител на должност Министерот за култура Благоја Стефановски го кажа ...

Викендов ќе почне да се кове нова влада

Време - 18.11.2004

СДСМ И ДУИ ЈА ПРЕМОСТИЈА КРИЗАТА Раководствата на СДСМ и на ДУИ викендов ќе ги почнат разговорите за можните состав и приоритети на идната влада, откако на завчерашната средба успеале да ја премостат потенцијалната криза во коалицијата.

СДСМ бара од ДУИ поголема ефикасност

Дневник - 18.11.2004

СРЕДБА НА ВЛАДЕЈАЧКИТЕ ПАРТИИ Коалициските партнери в сабота ќе го договараат новиот состав на Владата Партиските раководства на СДСМ и ДУИ прексиноќа се состанаа во Владата за да ја преиспитаат понатамошната коалициска соработка, по оставката на премиерот Хари Костов.

На пик - одбрана или евроинтеграциите

Вечер Прес - 18.11.2004

Во распоредот на сили за составот на новата Влада ДУИ ќе бара плус едно министерство - за одбрана или за евроинтеграции. Првото, во случај Владо Бучковски да биде избран за премиер. Во таа насока во ДУИ велат: "Логично е СДСМ да донесе одлука чиј резултат ќе биде: тој што ќе биде лидер да биде и ...

ДУИ ja доби меѓународна мисија ОБСЕ во Виена

А1 - 17.11.2004

После 2 години барање, инсистирање и преговарање ДУИ доби меѓународна мисија, тоа е ОБСЕ во Виена, дознава А1 од дипломатски извори. Досегашниот амбасадор Александар Тавчиовски сепак нема да ја напушти Виена, тој ќе седне на друга амбасадорска фотеља, но во истиот град, претставувајќи ја Македонија ...

Откачени 40 Албанци оти не биле од ДУИ

Вест - 17.11.2004

ПАРТИСКА БЛОКАДА НА КОНКУРОСТ ЗА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ На Албанците што не се роднини на функционери и не се членови на ДУИ не им важи ни дипломата ни Рамковниот договор Вицепремиерот Муса Џафери пред околу еден месец побарал да се поништи дел од конкурсот за вработување на 80 луѓе припадници на ...

СДСМ и ДУИ се смируваат

Време - 17.11.2004

ДОГОВАРАЊА ЗА НОВАТА ВЛАДА Раководствата на СДСМ и на ДУИ требаше да се сретнат синоќа, по владината седница, во обид да ја спуштат топката по обвинувањата од премиерот Хари Костов на адреса на албанскиот партнер во власта, јавија извори од Владата.

Коалицијата продолжува

Вечер Прес - 17.11.2004

Потесните раководства на СДСМ и ДУИ вчера, по завршувањето на седницата на Владата, остварија средба на која биле разгледани генералните правци на кои ќе се темели соработката на двете партии, по оставката на Хари Костов. На средбата СДСМ била претставувана од Радмила Шеќеринска, Владо Бучковски и ...

Партиските раководства на СДСМ и ДУИ се состанаа во Владата

А1 - 16.11.2004

Партиските раководства на СДСМ и ДУИ попладнево се состанаа во Владата, за да ги договорат контурите и платформата на новата Влада. Али Ахмети и Муса Џафери, како што се дознава, најнапред сакале да слушнат од Митрева, Бучковски и Шеќеринска, дали тие го делат ставот на Костов за неконструктивноста ...

Музеите и Националната библиотека одат кај ДУИ

Вест - 16.11.2004

ВО ПОДЕЛБАТА НА ДИРЕКТОРСКИТЕ МЕСТА "Барањето на ДУИ е по Рамковниот договор, да бидат застапени со 25 отсто", ни одговори министерот за култура Благој Стефановски Во поделбата на директорските места ДУИ ги побарала и ги доби трите институции од културата со статус од посебен интерес за државата: ...