TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МПЦ ги "преспа" одликувањата

Вечер Прес - 10.09.2005

Доделувањето на првите државни одликувања од претседателот Бранко Црвенковски помина без присуство на претставници на Македонската православна црква, кои, по правило, присуствуваат на сите позначајни манифестации во државата. Овојпат немаше ниеден.

"Los Hermanos - live" во Скопје

Вечер Прес - 10.09.2005

На 23 септември од 21 до 04 часот во Анекс Халата на Скопскиот Саем ќе се случува голема журка. На журката ќе настапат бендот Los Hermanos, Dj S2 и домашните диџеи Никола Ризов и Маци. Билетите во претпродажба може да се најдат во Чув Де Чув, Дали, Шуш Буш, Скопски Саем, 091 Скејтшоп - Скопје, ...

30.000 "уаааа" за Севе

Вечер Прес - 10.09.2005

Хрватската пејачка, најпозната по аматерската снимка од нејзиниот сексуален чин со женетиот херцеговски бизнисмен Милан Лучиќ, и татко на три деца, на пријателскиот натпревар меѓу Хрватска и Бразил (одигран на 17 август на сплитскиот Пољут) била исвиркана од сплитската публика.

"Дом и дизајн" се сели на Канал 5

Вечер Прес - 10.09.2005

Новата програмска сезона, популарната семејно-забавна емисија "Дом и дизајн" ќе ја дочека на нова телевизиска фреквенција - овој пат на Канал 5. Почнувајќи од 18 септември, секоја недела од 11 до 13 заедно со водителката Маја Поцевска и нејзините гости од естрадата и јавниот живот, гледачите ќе ...

Ламбе: Кажано е се

Вест - 09.09.2005

"Кажано е се" е новата песна од Ламбе Алабаковски, ексклузивецот на "М2 продукција". Деновиве ќе биде промовирана по сите македонски радиостаници. Наскоро ќе биде снимен и видеоспот. По баладата "Каде, песно моја", оваа песна е со брз ритам.

"Легнати полицајци" во Дексион и Волково

Вечер Прес - 09.09.2005

По барање на граѓаните деновиве ќе бидат поставени "легнати полицајци" на улица "4 Јули" во населбата Дексион и на улица "101" во село Волково, пред основното училиште "Ѓорче Петров" и кај почетната станица на 22. - Станува збор за фреквентни места, на кои е загрозена безбедноста на децата.

Во багажник на "опел" пронајден труп на бизнисмен - "лихвар"

Вечер Прес - 09.09.2005

Во вторникот попладнето, како во налик на сцените од холивудските крими-филмови, завиткан во црна најлонска вреќа во багажник на автомобил паркиран крај хотелот "Александар Палас" беше пронајден трупот на триесетгодишниот Горан Митковски, бизнисмен од Скопје.

Нема дозвола за "Хејтвејв 2005"

Вечер Прес - 09.09.2005

Грчката влада вчера изјави дека ќе го забрани одржувањето на манифестацијата "Хејтвејв 2005". "Грчката влада не одобрува собирања со расистички предзнак. Ќе бидат преземени сите мерки за да не се одржи манифестацијата", изјави портпаролот на грчката влада Теодорос Русопулос.

Гештаковски се "изгуби" во власта

Вечер Прес - 09.09.2005

"Не можеме да правиме корекции и промени. Немаме мандат од министерот за здравство!" Ова се зборовите со кои пратеникот на СДСМ, Кире Гештаковски, ги предупреди членовите на Собраниската комисија за здравство и претставниците на соодветното Министерство, кои откако од седницата замина првиот лекар ...

"Кажано е се" - нова песна од Ламбе

Вечер Прес - 09.09.2005

Деновиве по радио-станиците ќе биде дистрибуирана новата песна на ѕвездата на М2 продукција - Ламбе Алабаковски. Песната се вика "Кажано е се", автор е Дарко Димитров, а текстот е на Раде Врчаковски - Врчак. По баладата "Каде песно моја" оваа песна е со брз ритам, а наскоро за истата ќе биде снимен ...

Русија ќе биде опкружена со "банана-републики"

Вечер Прес - 09.09.2005

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна за бившите советски азиски републики рече дека би можеле да се претворат во ,,банана републики" поради притисокот на странските држави во спроведувањето на реформите во нив. Според неговите зборови, западните влади грешат кога ги поддржуваат невладините ...

Аристотел: "За небото"

Вечер Прес - 09.09.2005

Аристотеловата книга "За небото", излезе од печат деновиве, во издание на АЗ - БУКИ. Во неа е поместено космолошкото учење на Аристотел, неговите мисли за вселената. Неговата астрономија, нормално, се разликува од модерната теорија, но вредна е, покрај другото, и поради историјата на астрономијата ...

Ќе го прекрстиме и ќе работиме со "Милениум"

Вечер Прес - 09.09.2005

Владата донесе одлука годинава интензивно да продолжи продажбата на локалите во ГТЦ што беше запрена во 2003 година. Колку сте задоволни и колку пари се инкасирани досега? -Локалите ги продаваме по ценовникот од 1997 година, не направивме никакви измени во цените, освен за неколку дуќани на Кејот ...

Нов погон на "Бонум" во Драгоманце

Вечер Прес - 09.09.2005

Во селото Драгоманце е отворен нов производствен капацитет на фирмата "Бонум". Објектот, кој порано беше во сопственост на чевларскиот гигант Чик, сега има капацитет за преработка на 6.000 тони зеленчук, а располага со 5.000 метри квадратни платоа и 5 хектари земјиште.

Шерингам ја "стартуваше"

Вечер Прес - 09.09.2005

Џоди Марш Поранешниот репрезентативец на Англија, Теди Шерингам, и со своите 39 години, се уште предизвикува голем респект кај противниците, овојпат во дресот на лондонскиот премиерлигаш Вест Хем Јунајтед, за кого игра од минатата година.

Премиерно со "Дон Пасквале"

Вечер Прес - 07.09.2005

Вечерва во Центарот за култура во Битола ќе се одржи премиерата на операта "Дон Пасквале" од Гаетано Доницети во изведба на поголем број битолски пејачи и музичари, а во режија на Цветан Стојановски. За утревечер е закажана реприза, а можно е операта да биде уште еднаш или два пати изведена во ...

"Добра вода" ќе го живне Ковач

Вечер Прес - 07.09.2005

Ковач е минијатурно селце во срцето на Порече. Се наоѓа на само километар и пол од многу попознатото село Самоков, каде до неодамна работеше фабриката "Сувенир" што ја снабдуваше со оружје некогашната ЈНА. Високо во пазувите на планината над Самоков, одвај стоте жители на Ковач со погледи свртени ...

"Окта да престане да не труе!"

Вечер Прес - 07.09.2005

Рафинеријата ОКТА веднаш да постави филтри за прочистување на гасовите што ги испушта, а Министерството за животна средина и инспекторите да преземат одговорност што и дозволија да работи без системи за заштита на околината и воздухот.

Шуми за неуспехот го обвини "Бриџстоун"

Вечер Прес - 07.09.2005

Досегашниот првак во Формула 1 Михаел Шумахер во неделата се прости од титулата, за чија одбрана ги загуби и теоретските шанси. За неуспешната сезона тој го обвини призводителот на гуми "Бриџстоун". "Годинава навистина беше многу тешка", вели Шуми и додава: "Сакам да добијам нова кола, со која ќе ...

Повторно на жешкото столче на "Милионерот"

Вечер Прес - 07.09.2005

Вториот циклус на квизот "Кој сака да биде милионер?" продолжува со емитување на 15 септември. Изборот на натпреварувачи за новите емисии траеше непрекинато цело лето. Подготовките се во својот завршен дел, снимањето е како и досега во Филмскиот град во Бојана, Софија.

Амариља "трчаше" по дресот на Адријано

Вечер Прес - 07.09.2005

Португалскиот судија Карлос Амариља успеа да се избори за дресот на Адријано по победата на Бразил од 5:0 над Чиле. Напаѓачот на Интер постигна хет-трик и беше најзаслужен што "кариоките" по 18-пат се пласираа на Светските првенства. Адријано го постигна петтиот гол за својата селекција во 92.

"Тешкото" ја раскажува македонската приказна

Вечер Прес - 07.09.2005

Со првите строфи од песната "Тешкото" од Блаже Конески и првите чекори од орото кое ја симболизира вистинската македонска приказна, прексиноќа во руската престолнина Москва за првпат беа отворени "Деновите на македонската култура" во оваа земја.

(Не)зависност во "сивиот дом"

Вечер Прес - 07.09.2005

Република Македонија утре треба да слави. Или, барем треба да слави, со пригодни свечености да ја одбележи 14-годишнината од референдумот на кој граѓаните се определија за раздружување од бившата ју-федерација и нов почеток, градење на самостојна, суверена и независна држава.

"Мај плејс" го слави првиот роденден

Вечер Прес - 07.09.2005

"Мај Плејс" едно од поурабаните скопски кафулиња во сопственост на познатиот угостител Соме, утревечер го слави својот прв роденден. По тој повод во кафулето ќе се случува голема роденденска журка на која се поканети сите постојани гости, но и оние кои сакаат да бидат дел од забавата, чиј почеток е ...

Добриот дух на Зденко живее на "Скалинада"

Вечер Прес - 07.09.2005

Во трогирската кула Камерленго викендов се одржаа две вечери во чест на славниот композитор Зденко Руњиќ. Во првата вечер признанието на Хрватското здружение на композитори за најдобра обработка на песна од Зденко Руњиќ, го доби Дарко Рундек за песната "Потражи ме у предграѓу".

"Крстоносен поход" против затајувачите на данок

Вечер Прес - 07.09.2005

Атина, 7 септември (МИА) - Грчката Влада неделава почна вистински "крстоносен поход" против даночните должници при што под лупа ќе бидат ставени четири илјади сметки на големи фирми и видни бизнисмени, пишува вчерашен "Катимерини".

"Бовин" извезува и во Хонгконг!

Вечер Прес - 07.09.2005

Приватната винарија "Бовин" продолжува успешно да работи и секојдневно да бележи големи резултати. Денес "Бовин" произведува црвени и бели вина од 15 сорти грозје, кои се широко прифатени, а лани првпат почна и со производство на лозова ракија.

Цените непознати, ќе преработуваат грозје за "Винеа"

Вечер Прес - 07.09.2005

ШТИП.- Винарската визба во Штип пред повеќе од една година ја купи американскиот бизнисмен Љупчо Аневски. Овој бизнисмен подоцна ја купи и Винарската визба "Повардарие" во Неготино. Сега, американскиот бизнисмен има проблеми преку глава во неготинската визба и се обидува да ги реши.

Верица ќе снима спот за песна "стара" пет години

Вечер Прес - 07.09.2005

По пет години откако на Скопје 2000 ја испеа "Знаеш дека знам", Верица Пандиловска се подготвува да и даде видео лик на таа тема, со што ќе направи еден пресек во се она што досега го работела. Седум одбрани хитови заедно со нивните спотови, прес материјал и фотографии и снимки од концерти ќе бидат ...

Раиконен се надева на "помош" од Алонсо

Вечер Прес - 07.09.2005

РУЕМЛАНГ, 7 СЕПТЕМВРИ (РОЈТЕРС).- Кими Раиконен од Мекларен се надева на "мала помош" од ривалот од Рено, Фернандо Алонсо во освојувањето на титулата во Формула 1. На четири трки пред крајот на првенството, Шпанецот е лидер во генералниот пласман и има 27 бодови предност пред Финецот.

"Враќање" на Благоја Грујоски

Вечер Прес - 06.09.2005

Точно на пладне, во вториот ден на Охрид фест, во кафулето Мецофорте Благоја Грујовски го промираше својот трет албум "Враќање". -Преку насловот го симболизирам моето враќање на естрадата бидејќи во некоја смисла извесно време бев отсутен. Работев новинар во Македонско радио.

"60 години ОН" не бидуваат без "Планетариум”

Вечер Прес - 06.09.2005

Се повеќе се чини дека големото платно "Планетариум", преточено во истоимениот филм, станува заштитен знак на промоцијата на современата македонска уметност. Откако филмот освои прва награда за “Нењ ѕорк интернатионал индепендент филм&видео фестивал”, се повеќе ја провоцира светската јавност, и ...

"Ќе му удрам тупаница на Буш"!

Вечер Прес - 06.09.2005

Властите на Њу Орлеанс велат дека заврши поголемиот дел од евакуацијата од разурнатите делови на градот и дека спасувачите почнале да пребаруваат куќа по куќа во потрага по преживеани. Познато е дека повеќето луѓе веќе си заминале од градот, но има и такви кои се решени да останат.

Пребукираност во "Мирко Милески"

Вечер Прес - 05.09.2005

Поради реконструкција на ученичкиот дом "Мирко Милески" од Кичево, во кој се дислоцирани четири паралелки, ќе биде завршена за неполни два месеци. Од тие причини во единствениот објект на Центарот за средно образование, наставата се одвива во три смени, каде што поради пребукираноста на објектот, ...

Александра ја "брка" четврта

Вечер Прес - 05.09.2005

Втоната во стручни книги, популарната Александра Пилева деновиве сериозно е посветена на испититот кој треба да го положи и да почне да ја слуша четвртата година на Технолошкиот факултет, како редовен студент. Во меѓувреме оди и на по некој настап низ Македонија, се подготвува за претстојниот ...

Владите да се откажат од дел од "колачот"

Вечер Прес - 05.09.2005

На Европа и се заканува опасност од "драматичен скок" на цената на бензинот поради недостиг на гориво, со што веќе се соочуваат САД по катастрофата што ја предизвика ураганот Катрина во јужните американски сојузни држави, пишува "Гардијан" повикувајќи се на анализите на експерти за движењата на ...

Публиката ја расипа забавата "40 часа авто мото спорт"

Вечер Прес - 05.09.2005

Прекрасен викенд во организација на Автомото сојузот на Македонија, кој во чест на двата јубилеи, 60 години АМСМ и 100 години автомобилизам во државата, градот го анимираше со спектаклот наречен "48 часа авто мото спорт". Се почна во петокот, кога од плоштадот Македонија стартуваше атрактивното, ...

Груевски ги "измисли" непосредните спогодби

Вечер Прес - 05.09.2005

Од СДСМ го прашуваат поранешниот министер за финансии, Никола Груевски дали во периодот од 15 септември до 1 ноември 2002 година, пред да ја предадат власта, ВМРО-ДПМНЕ има склучено 94 непосредни спогодби за продажба на државно земјиште и има продадено 17 пати повеќе метри квадратни од она за што ...

Бразилките, дефинитивно се "закон"

Вечер Прес - 05.09.2005

Како што знаеме, Атина има голем проблем со одржувањето и со рентабилното работење на спортските објекти, кои по ланската Олимпијада, речиси и згаснаа. Но, како "зрак на светлост во тунелот" се покажа стадионот за одбојка на плажа "Фалиро", каде што минатата недела се одржуваше Светскиот куп, а ...