TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Земјотрес во Бангладеш

А1 - 27.07.2003

Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровара скала денеска го потресе главниот град на Бангладеш, Дака. Според локалното радио, земјотресот, што траел 20 секунди, предизвикал паника кај населениото кое ги напуштило своите домови.

Скопје 40 години по земјотресот

А1 - 26.07.2003

Старото и новото Скопје живеат заедно, 40 години по земјотресот. Дали ова денешното може да се спореди со современите светски метрополи? „За овие 40 години Скопје израснува во еден модерен град, мислам дека развојот одеше по еден висок пат.

Серија земјотреси ја потресоа североисточна Јапонија

А1 - 26.07.2003

Околу 300 лица, од кои двајца потешко, се повредени во серијата земјотреси што од синоќа го потресуваат североисточниот дел на Јапонија. Најсилниот земјотрес со епицентар во префектурата Мијаги, околу 300 километри од Токио, имал интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала.

Земјотрес во Турција

А1 - 26.07.2003

Три земјотреси денеска го погодија округот Денизли во југозападна Турција. Најсилниот земјотерс бил со интезитет од 5,6 степени по Рихтеровата скала. На овој потрес му претходеле два послаби. Во регинот на Денизли и вчера беа регистрирани неколку послаби земјотреси.

Одбележување 40 години од катастрофалниот земјотрес

А1 - 26.07.2003

Тоа утро на 26 јули 1963-та згаснаа животите на 1.070 скопјани под урнатините на Скопје, погодено со катастрофалниот земјотрес од 9 степени според Меркалиевата скала. Повеќето од жртвите не се разбудија тоа утро. Под урнатините исчезнаа цели семејства, како семејството Поповски од зградата број 13 ...

Архитектонски лотос во спомен на Кензо Танге и на недосонуваниот сон

Утрински - 26.07.2003

Обновување на светскиот сон за Скопје како град на солидарноста и на иднината Четириесет години по катастрофалниот земјотрес во Скопје, една лична иницијатива ја обновува заборавената идеја за градот Феникс како град на солидарноста и иднината.

Централната манифестација на Кале

Дневник - 26.07.2003

СКОПЈЕ ЈА ОДБЕЛЕЖУВА ГОДИШНИНАТА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ Градоначалникот Пенов, претседателот Борис Трајковски, премиерот Бранко Црвенковски и министерот за транспорт Миљаим Ајдини ќе го постават камен-темелникот на новата автобуска станица На датата на катастрофалниот земјотрес, скопскиот градоначалник ...

Одбележување на 40 години од земјотресот во Скопје

Канал5 - 26.07.2003

Денешното сеќавање на јуни 63тата започна со минута молк за настраданите во земјотресот, како и со положување венци за загинатите. почит оддадоа претседателот Борис Трајковски, Градоначалнуикот Ристо Пенов, преставници на Владата и на Собраниет Денешното сеќавање на јуни 63тата започна со минута ...

потсетување на земјотресот 1963

Канал5 - 26.07.2003

26 јули 1963, 5 часот и 17 минути. скопје беше погоден од катастрофален земјотрес. тоа утро земјата се разбуди пред луѓето. во 5 часот и 20 минути по вториот удар со јачина од 9 степени по меркалиевата скала скопје беше под прашина и урнатини. 5 час 26 јули 1963, 5 часот и 17 минути.

40 години од скопскиот земјотрес

А1 - 25.07.2003

„И наеднаш почна да тресе. Помислив дека е атомска бомба. Зградите се нишаа. Сфатив дека е земјотрес. Се околу мене се рушеше“, се сеќава скопјанецот Ѓорги Игневски на утрото пред 40 години, во 5 часот и 17 минути. 1.070 жртви, повеќе од 5.000 повредени, стотици инвалиди, близу 20.000 жители без ...

Во Музеј на Скопје изложба "Скопје не заборава"

Вест - 25.07.2003

СКОПСКО ЛЕТО ВИКЕНДОВ Вечерва (20, 30 ч.) Музеј на Скопје ќе отвори изложба насловена "Скопје не заборава". Ќе бидат изложени фотографии и документи од земјотресот во Скопје. Изложбата има три дела. Првиот дел "Скопје се сеќава" е посветен на мигот кога цел еден град стана минато.

Во Скопје преовладува кич во архитектурата

Утрински - 25.07.2003

Архитект Љубе Пота за планирањето, за обновата на градот по земјотресот, за денешната изградба Како изгледаше Скопје пред да се случи катастрофалниот земјотрес во 1963 година? - Земјотресот се случи тогаш кога Скопје доживуваше расцут.

Катастрофален удар за миг го срамни Скопје

Утрински - 25.07.2003

Земјотрес ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Утре скопјани се потсетуваат и одбележуваат четириесет години од третиот земјотрес што го погоди Скопје во далечната 1963 година на 26 јули во 5 часот и 17 минути. Потресот бил со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала и траел околу 17 секунди.

Невидена сила која срамнува се на земјата

Утрински - 25.07.2003

Земјотресите како непредвидлива појава претставуваат најголема природна катастрофа Земјотресите како непредвидлива појава претставуваат најголема природна катастрофа. Катастрофалните земјотреси можат да однесат стотици илјади жртви, а материјалните штети можат да достигнат вредност од повеќе ...

Градот е највисоко човеково достигнување, ризница на неговиот труд

Утрински - 25.07.2003

Живко Поповски, архитект, за изградбата на Скопје по земјотресот За научниците и за историчарите кои ја проучуваат судбината на градовите сигурно ќе биде од интерес и градот Скопје кој се спротивстави на елементарната непогода и на уривањето.

Плакети за граѓаните што во 1963 година му помогнаа на градот

Дневник - 25.07.2003

ПРИЗНАНИЈА По повод 40-годишнината од катастрофалниот земјотрес, градоначалникот Ристо Пенов денеска ќе им врачи плакети на заслужни граѓани што во 1963 година се ангажирале да му помогнат на градот. Плакета за посебен ангажман ќе добијат Драгољуб Ставрев, тогашен потпретседател на градското ...

Во урнатините на домот ми останаа само семејните фотографии

Дневник - 25.07.2003

40 години од катастрофалниот скопски земЈотрес Најтешко ми беше кога велеа: Ова е Сашо. Неговото семејство загина во земјотресот, вели психологот Сашо Петковски Вечерта пред земјотресот со родителите и со сестра ми бевме на циркус, се сеќава сега 47-годишниот скопјанец Сашо Петковски.

Го загубив семејството и детството го поминав во дом

Дневник - 23.07.2003

40 години од катастрофалниот скопски земЈотрес Два дена пред земјотресот од необјасниви причини семејството Поповски го прекинало одморот и се вратило дома во зградата 13 во Карпош, а од семејството преживеал само Петар Скопјанецот Петре Поповски единствен од своето семејство го преживеал ...

Градот Скопје посмртна плакета ќе му даде само на Благој Попов

Вест - 22.07.2003

ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ ГИ ДЕЛАТ СКОПЈАНИ НА ЗАСЛУЖНИ И ПОЗАСЛУЖНИ ЗА КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО 1963 ГОДИНА Семејството на сега починатиот Максимир Стојановиќ, кој 1963 година заедно со својот колега ја исклучил струјата во целиот град и го спасил Скопје од пожар, бара плакета за заслуги, но во ...