TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СДСМ бара одговорност за дополнителната дејност на лекарите

А1 - 15.09.2007

СДСМ бара владата на Република Македонија да поднесе одговорност, откако Уставниот суд ја укина забраната за вршење на дополнителна дејност на лекарите по истекот на работното време, која беше дел од владината реформа во здравството.

Владата ќе ги обесштети лекарите кои ги изгубија пациентите во приватните ординации

Канал5 - 15.09.2007

Изгубени лиценци ,откази, дискридитација на лекарите и штета на пациентите –со укинувањето на забраната за вршење на дополнителната дејност владата ја ограничи слободата и правата на здравствените работници –одговорност мора да има и отштета за лекарите –вака реагираше денеска социјалдемократскиот ...

Владата бара механизми за реформите во здравството

А1 - 14.09.2007

По падот на дел од законите во здравството пред Уставниот суд, владата ќе бара нови механизми за продолжување на реформите. Лекарите сега ќе можат да работат и приватно дополнителна дејност, но владата тврди дека ќе се обиде да спречи злоупотреба и препраќање на пациентите во приватните ординации ...

Лекарите може да работат и државно и приватно

Дневник - 14.09.2007

Доктори на клиниките сметаат дека со забраната за дополнителната работа им била направена голема штета и ним и на пациентите и бараат отштета Лекарите од јавното здравство наскоро повторно ќе може дополнително да работат и во приватни болници, бидејќи Уставниот суд завчера ја укина одредбата од ...

Лекарите можат да работат дополнително, одлучи Уставниот суд

Утрински - 14.09.2007

Oспорените одредби вршат ограничување на слободата на работа на здравствените работници Уставниот суд завчера ги укина член 3, 4 и 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита од 2007 година, со кои се ограничуваше правото за дополнителната работа на лекарите по ...

Лекарите ќе можат да работат каде што сакаат во слободното време

Време - 14.09.2007

УСТАВНИОТ СУД ЈА УКИНА ЗАБРАНАТА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ДЕЈНОСТ Лекарите од јавното здравство повторно ќе можат да работат во приватните ординации во своето слободно време. Уставниот суд на завчерашната седница го укина членот од Законот за здравствена заштита што го ограничуваше правото на лекарите да ...

Лекарите ќе можат да работат во приватни болници

Вест - 14.09.2007

УСТАВНИОТ СУД ГИ ПОНИШТИ ЧЛЕНОВИТЕ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНА ДЕЈНОСТ Судот ги оцени членовите 3, 4, и 5 од Законот како неуставни, оти со нив се врши ограничување на слободата за работа на здравствените работници по истекот на работното време Лекарите отсега ќе можат, како и пред 9 месеци, да ...

Владата не прифаќа одговорност за укинувањето на дополнителната дејност на лекарите

Канал5 - 14.09.2007

Колективна тужба за отштета поднесоа лекарите од Клничкиот центар откако уставниот суд ја поништи одредбата од законот со која им се забрануваше на лекарите да работат и во приватните ординации. Лекарска фела бара министерот за здравство Селмани да понесе морална и професионална одговорност.

Лекарите ќе работат дополнително во приватните болници

А1 - 13.09.2007

Падна уште една од клучните реформите во здравството. Уставниот суд ја укина одредбата со која на лекарите им се забрануваше да работат во приватни болници по работното време во државните. Во Министерството за здравство се затечени од оваа одлука. Лекарите, пак, револтирани се ситат на Владата.

Оставка од министерот Селмани и тужби за државата

Канал5 - 13.09.2007

Политичка одговорност и барање за оставка од министерот за здравство Имер Селмани денеска од лекарите по конечната одлука на уставниот суд кој го укина дел од законот за здравствена заштита кој се однесува на забраната за дополнителна дејност на лекарите надвор од својата матична куќа.