Претседателот на САД Џорџ Буш деновите испратил писмо до премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган во кое го предупредува дека евентуалната едностарана воена интервенција на Анкара во северен Ирак може да доведе до судири меѓу турските и американските сили, пишува денеска весникот „Милиет“.
Иако формално е наречен „последна шанса за мир“, самитот Буш - Блер - Азнар парктично ќе го означи крајот на дипломатскиот процес околу ирачката криза. Според аналитичарите, Блер, Буш и Азнар средбата ќе ја искористат да се договорат како понатаму и всушност ќе биде последен договор пред нападот ...
Советот на Револуционерната команда на Ирак синоќа објави декрет со кој се формираат четири регионални раководства под команда на претседателот Садам Хусеин со цел да се преземат неопходните чекори да се одбие секоја странска агресија, јави ирачката национална агенција ИНА.
Група од 70 поранешни американски конгресмени упатија писмо до претседателот на САД Џорџ Буш со барање за преземање дополнителни дипломатски чекори пред евентуалното воено решавање на ирачката криза. Конгресмените, од кои повеќето се републиканци-сопратијци на Буш, а само четворица се членови на ...
Хрватска нема да учествува во војната против Ирак, а ќе ги поддржи и САД и нивните сојузници само ако воената интервенција биде одобрена од ОН. Ова го соопштил шефот на дипломатијата Тонино Пицула во пораката до американскиот амбасасдор во Загреб.
Во повеќе градови во светот денеска се одржуваат демонстрации против војната во Ирак, што се продолжени на недоамнешните масовни протести во кои учествуваа повеќе од еден милион луѓе. Околу 10.000 демонстранти се собраа во центарот на Токио за да ги изразат своето противење на евентуалната војна ...
Русија се изјасни МОСКВА - Еден висок руски официјален претставник вчера беше цитиран како вели дека британските предлози за дополнување на резолуцијата за Ирак која е поддржана од страна на САД во Советот за безбедност на ОН не се конструктивни и нема да ја спречат војната.
ВЛАДАТА ОДГОВОРИ НА НОН-ПЕЈПЕРОТ ОД ВАШИНГТОН Се уште нема дециден одговор дали Македонија застана на страната на САД , или ќе чека прво Советот за безбедност на ОН да гласа за акција во Ирак Македонија на коалицијата против Садам може да и понуди користење на воздушниот простор, на аеродромот ...
Одговор на претседателот до државниот секретар Колин Пауел Претседателот Трајковски смета дека од суштински интерес за Македонија е да застане зад соработката со САД, тоа да го направи јасно и недвосмислено во соодветна форма и процедура.
ПАРИЗ/ЛОНДОН, 15 март (Ројтерс) - САД вчера изјавија дека е можно да почнат војна против Ирак без поддршка од ОН, додека Русија, Германија и Франција и натаму цврсто стојат на ставот против брза воена акција. Францускиот претседател Жак Ширак вчера во телефонски разговор го извести британскиот ...
МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ КОНЕЧНО ВО АНТИТЕРОРИСТИЧКАТА КОАЛИЦИЈА Од Македонија не се очекува јавно да декларира поддршка ниту да испраќа свои војници во Ирак - премолчаната поддршка од Скопје за Вашингтон Трајковски ја доживеа како голем пораз, а Црвенковски како голема политичка победа Американците ја ...
КОФИ АНАН Повелбата на Обединетите нации е категорична: "За да се осигури навремена и ефектна акција од Обединетите нации" таа на Советот за безбедност "му ја предава главната одговорност за одржување на мирот и безбедноста во светот".
Македонија го дава на користење воздушниот простор, аердоромот Петровец и полигонот Криволак. Ова е македонскиот одговор на американскиот „нон-пејпер“ во кој се бара поддршка за акцијата во Ирак, дознава А1 од владини извори.
Белата куќа се откажа од гласањето за новата резолуција за Ирак што беше најавено за денеска, но американскиот претседател Џорџ Буш викендов ќе се сретне со неговите клучни сојузници за да се консултира за новонастанатата ситуација, затоа што Франција и Русија и понатаму се закануваат со вето, ...
Британија со нови предлог-тестови за Багдад во ОН ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Избезумените обиди да се убедат неодлучните земји да ја поддржат американската резолуција со која ќе се дозволи воена акција врз Ирак се интензивираат, со тоа што Британија вчера го направи последниот напор да се спасат мерките за ...
Американското барање до Македонија за поддршка на воените операции во Заливот сў уште без одговор Премиерот Бранко Црвенковски бара да се почека со одлуката за американското барање до Македонија за поддршка на воените операции врз Ирак, додека се види расположението на европските влади за тоа ...
Со образложувањ?дека не овозможуваат одлуче?прогре?ко?мирн?разоружување ПАРИ?- Франција вчер?соопшт?дека новиот британск?предло?за разоружување на Ирак не се однесува на клучните прашањ?за барање мирн?решени? за одлучнат?пресметк?со Багдад, ?Пари?па?ја одбива "логиката на ултиматуми".
ПАРИЗ/ЛОНДОН, 14 март (Ројтерс) - Француската премиерка Доминик де Вилепин вчера изјави дека нацрт-резолуцијата за Ирак што ја предложија Вашингтон, Лондон и Мадрид за нив не е прифатлива бидејќи во него е поставен ултиматум што за нив е неприфатлив.
ПРЕМИЕРОТ СО ПОИНАКВА СТРАТЕГИЈА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Македонија е во истата група земји што му праќаат порака на Садам да се разоружи или ќе го разоружат со сила, вели амбасадорот Батлер Македонската влада се уште нема заземено став за прашањето за Ирак и секое избрзување на тој план не е во ...
ПРОМЕНЛИВ УСПЕХ НА САД И БРИТАНИЈА Соединетите Американски Држави и Британија навестија дека нема повеќе да инсистираат во Советот за безбедност на ОН да биде усвоена нацрт-резолуцијата со која се оправдува војна против Ирак, но го задржаа категоричниот став дека со сила ќе го разоружат ирачкиот ...
САД веруваат дека им недостасува само уште еден глас во Советот за безбедност за да обезбедат поддршка на резолуцијата со која „се отвора патот“ кон воената акција во Ирак, се дознава од американскиот Стејт Департмент. На САД им требаат 9 гласови од 15-члениот Совет, без ветото од некои постојани ...
КОГО ЌЕ НАПАДНЕМЕ Доколку САД го нападнат, победат и окупираат Ирак, тогаш тие ќе ја превземат контролата врз една нација која своевремено беше напредна и равиена, но пропадна во текот на долгите војни и меѓународната ... Доколку САД го нападнат, победат и окупираат Ирак, тогаш тие ќе ја превземат ...
Америка се повеќе го притиска Советот за безбедност за нова резолуција за Ирак ВАШИНГТОН - САД вчера ветија дека ќе бидат флексибилни за условите на новата резолуција на ОН во врска со Ирак, но додадоа дека и понатаму ќе притискаат Советот за безбедност на ОН да гласа во оваа недела.
багдат Ирачаните, соочени со воена инвазија од САД и сојузниците, вчера почнаа да се подготвуваат за голема прослава по повод 66-тиот роденден на претседателот Садам Хусеин во април, јави Ројтерс. - Тој е вечен симбол и врховен идеал за нас, за нашиот народ и за нашата нација - изјави Изат ...
ВЛАДАТА НА ЕУ СЕ ЗАКАНУВА Европската Унија може да не учествува во обновата на Ирак ако САД почнат војна без дозвола од Советот за безбедност на Обединетите нации, најави Европската комисија, јави Ројтерс. - За ЕУ ќе биде тешко да соработува во процесот за обнова на Ирак ако почне војна без дозвола ...
НОВ "БИСЕР" НА ШЕФОТ НА ПЕНТАГОН САД се подготвени и без поддршка на Британија насилно да го разоружат Ирак, изјави американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, предизвикувајќи бурни реакции во Лондон. - Британците не се целосно подготвени да учествуваат во воената операција, па поради тоа ...
Откако Багдад се пожали до Обединетите нации ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Инспекторите за оружје на ОН вчера ги откажаа набљудувачките летови на авионите "У-2" врз Ирак заради безбедносни причини откако Багдад се пожали дека два од авионите кои летале истовремено биле во непријателсна акција.
Американскиот амбасадор Лоренс Батлер учи од македонските политичари. Секогаш кога станува збор за чувствителни прашања тој ги избегнува новинарите. И денеска Батлер на средбата со претседателот Трајковски, наместо низ службениот влез, пристигна и замина преку собраниската гаража, недостапен за ...
Бугарскиот претседател Георги Прванов оцени дека неговата земја не би требало да брза со ставот за новата резолуција во Советот за безбедност на ОН во врска со ирачката криза и оти е добро по тоа прашање да продолжат консултациите со ЕУ и НАТО.
„САД би можеле да извршат мали интервенции во нацрт-резолуција во која е утврден рок до 17 март за целосно разоружување на Ирак, но генералниот пристап останува ист“, изјави синоќа во Вашингтон портпаролот на американскиот Стејт департмент Ричард Баучер, не наведувајќи ги можните измени што САД ...
„Владата се уште нема заземено став по прашањето за Ирак и секое избрзување на тој план не е во национален и државен интерес за земјата“, изјави вечерва премиерот Бранко Црвенковски. „Расправата за начинот на кој треба да биде разрешена ирачката криза се уште трае во Советот за безбедност на ...
Руски научници тврдат дека ќе се случи светска катастрофа ако Садам Хусеин ги оствари заканите ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Ако Садам Хусеин навистина го оствари своето ветување дека во случај на американски напад ќе ги запали сите нафтени извори во Ирак ќе се случи катастрофа од ...
Поради поддршката на Канбера на војната против Ирак КАНБЕРА - Висок разузнувачки советник на австралискиот премиер Џон Хауард вчера поднесе оставка во знак на протест против најверојатното инволвирање на Австралија во војната против Ирак.
Обвинување МАДРИД - Шпанскиот премиер Хозе Марија Азнар, кој е активен поддржувач на САД во врска со Ирак, во понеделникот ги поврза "материјалните интереси" на Франција, Русија и Кина кои ги имаат во Ирак со нивното противење на употреба на сила. "Ние немаме никакви материјални интереси во Ирак..
СПРОТИ ГЛАСАЊЕТО ЗА РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ВОЈНА ПРОТИВ ИРАК Францускиот претседател, исто така, предупреди дека евентуалната војна против Ирак без поддршка од ОН ќе ја скрши на парчиња глобалната антитерористичка коалиција Франција и Русија вчера повторно се заканија дека со вето во Советот за безбедност ...
Димитар Чулев ?Кога една од постојаните членки ќе гласа 'не' дури и да постои мнозинство, резолуцијата нема да биде прифатена", ќе рече францускиот претседател Жак Ширак во понеделникот вечерта со што практично стави крај на дилемите дали САД со сојузникот Велика Британија ќе добијат мандат од ОН ...
КАБИНЕТОТ НА ЦРВЕНКОВСКИ БЕГА ОД ОДГОВОР Премиерот пак ќе чека претседателот Трајковски да го повлече првиот потег "Владата уште не расправала за американскиот нон-пејпер за учество во нападот врз Ирак", изјави министерката за надворешни работи Илинка Митрева, по вчерашната средба со Ана Линд, ...
САД и Велика Британија побараа одложување на гласањето во Советот за безбедност на ОН, кое беше предвидено за денеска, откако не го обезбедија потребното мнозинство за усвојување на предлог резолуцијата со која би се одобрила употреба на воена сила за разоружување на Ирак.
Во кабинетот на шефот на државата се уште се формулира писмото за американскиот државен секретар, Колин Пауел, со кое Трајковски сака да ги поддржи САД во однос на ирачкото прашање и за возврат да побара поддршка од официјален Вашингтон за безбедноста и за економијата на Македонија.
ИНСТИТУТ ЗА СОЦИОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКИ ИСТРАЖУВАЊА Најголем дел граѓани на Македонија не ја поддржуваат војната на САД против Ирак, според податоците од истражувањето на Институтот за социолошки и политичко-правни испитувања. Според испитувањето на јавното мислење што Институтот го спроведе врз 1.200 ...
Москва, 11 март (Ројтерс) - Русија ќе стави вето на Американско-британска резолуција пред Советот за безбедност на Обединетите нации со која се одобрува употреба на сила против Ирак. Ова вчера го изјави рускиот шеф на дипломатијата, Игор Иванов, по интензивните дипломатски контакти со Вашингтон и ...
ВАШИНГТОН - Официјални претставници на администрацијата на Буш изјавија дека по напорниот викенд на брза дипломатија, досега не успеале да ги обезбедат потребните девет гласа во Советот за безбедност на ОН, за резолуцијата која му се заканува на Садам Хусеин со војна доколку не се разоружи.
Македонското раководство се уште не се изјаснува за американското барање за поддршка на нападот врз Ирак Соња Крамарска Државниот врв сў уште ја нема донесено формалната политичка одлука за учеството на нашата земја во антитерористичката коалиција предводена од САД која се подготвува за воена ...
Сондажа на Центарот за етнички и безбедносни прашања Македонскиот државен врв нема поддршка за одлуката за учество на нашата земја во војната со Ирак. Најголемо спротивставување на ваквиот став покажува турската етничка заедница во Македонија со 86,70 отсто, по неа следуваат Македонците со 84,80 ...
Делегација на руската Дума веќе два дена се наоѓа во мисија во Багдад ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Спикерот на руската Дума, Генадиј Селезнов, вчера ја пренесе усно пораката на Владимир Путин до ирачкиот претседател Садам Хусеин.
ПРЕМИЕРОТ ЛУТ НА КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Црвенковски не можел да му прости на Трајковски што од неговиот кабинет била разоткриена целата замисла за средбата која предвидувала државниот врв во пазарењето да го следи бугарскиот модел во врска со ирач Средбата на претседателот на државата Борис ...
денеска СО ПОРАКА НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДО КОЛИН ПАУЕЛ Поддршката од Македонија ќе биде изразена преку политички став и евентуално со мали сили за логистичка поддршка, кои би биле стационирани во Турција Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, денеска ќе испрати порака до државниот ...
Најава МОСКВА - Русија ќе стави вето на Американско-британска резолуција пред Советот за безбедност на ОН со која се одобрува употреба на сила против Ирак. Тоа вчера го изјави шефот на руската дипломатија Игор Иванов, по интензивните дипломатски контакти со Вашингтон и со европските сили.
„Русија ќе стави вето на американско-британска резолуција пред Советот за безбедност на Обединетите нации со која се одобрува употреба на сила против Ирак“, изјави шефот на руската дипломатија Игор Иванов, по интензивните дипломатски контакти со Вашингтон и европските сили, јави „Франс прес“ од ...
САД се надеваат на девет или десет гласа во СБ во своја корист ВАШИНГТОН - Американскиот државен секретар Колин Пауел вчера изјави дека сў уште не е јасно дали САД ќе победат на гласањето во ОН кое ќе го отвори патот кон војна со Ирак,но тој виде "силна можност" дека може да освои девет до десет ...