TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бугарите доминираа

Дневник - 28.02.2003

СКИЈАЊЕ - ОПЕН МАВРОВО 2003 Бугаринот Стефан Георгиев, со вкупно време од 1:33.55 мин. од двете слаломски возења, е победник на Отворено скијачко првенство на Македонија во машка и женска конкуренција, кое се одржа вчера, на Маврово, а се бодува со ФИС-бодови.

Учесници од 16 земји

Вест - 28.02.2003

СКИЈАЊЕ - НА ГОДИНЕШНИОВ ПЕЛИСТЕРСКИ КУП БИТОЛА. - На годинешниов меѓународен натпревар во алпско скијање "Пелистерски куп", чиј организатор е скијачкиот клуб Пелистер од Битола и кој ќе се одржи од 4 до 6 март на патеката Бегова чешма - Копанци, најавено е учество на околу 120 натпреварувачи од 16 ...

Бугарите први во слаломот

Утрински - 28.02.2003

Национално првенство Во слаломската трка на Националното ФИС првенство што вчера се одржа на Маврово, а во која триумфираше Бугаринот, Стефан Георгиев, со вкупно време од 1:33,55 мин, Мартин Мартиновски беше најдобропласираниот македонски скијач.

Пелистерски куп за деца

Утрински - 28.02.2003

Од 4 до 6 март БИТОЛА - Последната официјална натпреварувачка манифестација од календарот на Меѓународната скијачка федерација во рамките на годинашните "Снежни денови во Македонија" е Пелистерскиот куп во слалом и велеслалом што ќе се одржи од 4 до 6 март на патеката Бегова чешма - Копанки.

На Отвореното скијачко првенство на Македонија денеска возен слалом

А1 - 27.02.2003

Бугаринот Стефан Георгиев е победник на денешниот слалом на Отвореното скијачко првенство на Македонија во Маврово што се бодува со фис бодови. Втор беше неговиот сонародник Ангел Пумпалов, а трет французинот Александер Леве. Најдобар македонски скијач беше Марти Мартиновски на 10 место.

Шара купот дополнет со бијатлон и ФИС трка на Маврово

Вест - 27.02.2003

БОГАТ СКИЈАЧКИ ВИКЕНД Годинешниот 32. Шарпланински куп, кој по две години пауза стартува в сабота, свој вовед ќе има уште денеска на падините на Бистра. На патеката Корија ќе се вози слаломската трка (10.00 ч.) во рамките на Државното скијачко првенство, кое се бодува за ФИС.

Скијачки празник на Маврово и на Попова Шапка

Дневник - 27.02.2003

СКИЈАЊЕ - ЧЕТИРИ СИЛНИ ФИС-ТРКИ ОД ДЕНЕСКА ДО НЕДЕЛА Ќе има квалитетни скијачи, поради наградите што се доделуваат и платените авиобилтени Од денеска до недела на Маврово и на Попова Шапка ќе се одржат четири силни меѓународни трки во рамките на Интернационалната скијачка федерација (ФИС).

По двегодишна пауза Шара повторно во препознатлив сјај

Утрински - 27.02.2003

Викендов ќе се одржи 32. издание на Шарпланинскиот куп По две годишна пауза, благодарејќи на напорите на Агенцијата за млади и спорт и секако Скијачката федерација на Македонија, викендов Шар Планина повторно ќе блесне во својот препознатлив сјај - Шарпланинскиот куп ќе го доживее своето 32.

По три години повторно ќе се одржи традиционалниот Шарпланински куп

А1 - 26.02.2003

По пауза од три години, в сабота и недела, на Попова шапка ќе се одржи традиционалниот Шарпланински куп. На патеката Мал Јелак, во рамките на 32-рото издание на Шара купот, ќе се возат два слалома, наместо вообичаените натпревари во велеслалом и во слалом.

Викендов повторно Куп (луѓе) на Шара

Дневник - 26.02.2003

СКИЈАЊЕ - ШАРА-КУП 2003 По двегодишна пауза, скијачи од осум земји со околу 80 натпреварувачи ќе учествуваат на 32. издание на Шара-купот По тригодишна пауза, викендов на Попова Шапка ќе се одржи 32. Шарпланински куп во скијање, на кој ќе учествуваат скијачи од осум земји со околу 80 ...

Шарпланински куп на 1 и на 2 март

Утрински - 26.02.2003

Во организација на Агенцијата за млади и спорт и на СФМ Шарпланинскиот куп, најмасовната скијачка манифестација кај нас по 32. пат, ќе се одржи на 1 и на 2 март на Попова Шапка. Оваа година, Купот го организираат Агенцијата за млади и спорт, Скијачката федерација на Македонија, а е под ...

Викендов продолжува традицијата на Шара купот

Вест - 26.02.2003

СКИЈАЊЕ - ПО ДВЕ ГОДИНИ ПАУЗА На падините на Шара, викендов ќе стартува 32. Шарпланински скијачки куп. По две години пауза, кога поради безбедносни причини оваа манифестација не се одржа, овојпат, и покрај сите пречки, на патеките на Шара ќе продефилираат околу 80 натпреварувачи од осум земји.