TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Девица-ви треба поддршка

Дневник - 18.01.2002

Ќе бидете оптоварени со притисокот од кариерата и од неизвесноста на работа. Можни се недоразбирања со вашиот претпоставен, а еден од родителите нема да се согласи со вашата одлука. Поддршката од пријателите ќе ви значи многу.

Девица-добри резултати

Дневник - 17.01.2002

Ако ја погледнете ситуацијата од еден друг агол, ова е ден кога вашиот систем на вредности ќе доживее некоја врста на промена. Можеби ќе видите дека некои работи во животот повеќе ви сметаат отколку што ви го разубавуваат. За што и да се работи, било како напор да вложувате во подобрувањето на ...

Девица-потрудете се

Дневник - 16.01.2002

Денеска какви и да се вашите цели и намери ќе забележите дека сите околности ви одат од рака. Бидете што поамбициозни и обидете се да промените нешто во вашата работа и кариера. Потрудете се ако сакате да му оставите подобар впечаток на некого што ви е многу важен.

Девица-напнати, чувствителни

Дневник - 15.01.2002

Ќе бидете многу напнати и чувствителни. Ќе забележите дека поедини луѓе премногу бараат од вас. Исто така е добро да избегнувате ситуации што може да доведат до конфликт. Родителите треба да внимаваат како се однесуваат со своите деца.

Девица-подгответе изненадување

Дневник - 14.01.2002

Работата ќе ви причинува големо задоволство, но вашиот партнер смета дека не му посветувате доволно внимание поради преголемата ангажираност. Тој вашите резултати не ги гледа јасно поради тоа што се уште не сте ги претвориле во пари.