TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонските кошаркарски кадети - седми во Европа

А1 - 27.07.2003

Нашите кадети ги совладаа своите врсници од Грција со 70:59, во натпреварот за седмата позиција на турнирот. Откако вчера пропушти да се пласира меѓу шесте најдобри селекции, македонскиот национален состав ќе мора да игра и претквалификации за следното Европско кадетско првенство.

Нашите млади кошаркари ќе се борат за 7-то место на ЕП

А1 - 26.07.2003

Македонската машка кадетска репрезентација ќе се бори утре со селекцијата на Грција за седмото место на Европското првенство што се одржува во Шпанија. Нашите кадети попладнево загубија од Словенија со 58:55 во разигрувањето за пласман од петтото до осмото место.

Ништо од борбата за медали

Утрински - 26.07.2003

Четвртфинале на ЕП за кадети: Македонија - СЦГ 58:86 Со поразот од бранителот на титулата Србија и Црна Гора од 86:58 згасна надежта дека пулените на селекторот Амди Муса можат да се најдат меѓу најдобрите четири состави на кадетското ЕП во Мадрид.

Против шампионот Србија и Црна Гора во четвртфиналето

Вест - 25.07.2003

КОШАРКА - 17. ЕВРОПСКО КАДЕТСКО ПРВЕНСТВО Македонската кадетска репрезентација денеска го игра четвртфиналниот натпревар на 17. Европско кадетско првенство во Мадрид, со бранителот на титулата Србија и Црна Гора, која заедно со Турција се први фаворити за освојување на титулата.

Првакот СЦГ инспирација сам по себе

Утрински - 25.07.2003

Денеска четвртфинале на ЕП за кадети Македонската кадетска репрезентацијаво денешното четвртфинале од 16 ч. на кошаркарското ЕП во Мадрид му излегува на мегдан на шампионот Србија и Црна Гора, која досега постигна пет победи од пет натпревари и со тоа ја најави својата кандидатура за одбрана на ...

Можна ли е сензација против СЦГ?

Дневник - 25.07.2003

КОШАРКА - КАДЕТСКО ЕП ВО МАДРИД, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ Во составот на СиЦГ се наоѓа и Ненад Зивчевиќ, син на Воислав, Македонец, кој неодамна зеде државјанство на нашиот северен сосед Може ли да се направи сензација и да се победи актуелниот европски првак Србија и Црна Гора, е прашањето на кое денеска ...

Нашите млади кошаркари утре ќе се борат за пласман во полуфиналето на ЕП

А1 - 24.07.2003

Помладите репрезентативни колеги на Илиевски од кошаркарските паркети- нашите кадети, во Мадрид, утре ќе се борат за пласман во полуфиналето на Европското Првенство со селекцијата на Србија и Црна Гора. Бранителот на титулата, згора и неприкосновената екипа досега на шампионатот, беше најтешката ...

Со последниот воз во четвртфиналето

Вест - 24.07.2003

КОШАРКА - ЕВРОПСКО КАДЕТСКО ПРВЕНСТВО Македонските кадетски репрезентативци со победата над Литванија од 73:52 (21:13, 12:11, 15:16, 25:12), се пласираа во четвртфиналето на 17. Европско кадетско првенство во Мадрид . Победничката предност над Литванија, која ни беше единствен конкурент за ...

Македонските кадети во четвртфиналето

Утрински - 24.07.2003

Со високата победа над Литванија од 73:52 во А-групата на ЕП во кошарка во Мадрид Македонската машка репрезентација се пласираше во четвртфиналето на ЕП во кошарка за кадети чиј што домаќин е Мадрид. Нашите надежи под водство на селекторот Амди Муса во мечот од последното петто коло во А групата ...

На петтиот курс за полицајци ќе дипломираат 343 кадети

Утрински - 24.07.2003

ОБСЕ Учесниците на петтиот тренинг на ОБСЕ за обука на полицајци вчера го полагаа последниот испит и до петок ќе биде познат конечниот број на дипломирани кадети, најавуваат од ОБСЕ. Идната среда ќе се одржи свеченост на која ќе бидат промовирани новите кадети, чиј број се очекува да биде околу 340.

Македонските кадети меѓунајдобрите осум селекции во Европа

Дневник - 24.07.2003

КОШАРКА - КАДЕТСКО ЕП Со победата против Литванија од 73-52, се изборивме во четврт-финалето, утре (16 ч.) да играме против европскиот првак СиЦГ Машката македонска кадетска репрезентација во кошарка, со вчерашната победа против Литванија од 73-52, се пласираше меѓу осумте најдобри во Европа со ...

Кадетската кошаркарска репрезентација се пласира во четвртфиналето на ЕП

А1 - 23.07.2003

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација се пласира во четвртфиналето на Европското првенство во Мадрид. За место меѓу најдобрите четири селекции, в петок ќе се бори со Србија и Црна Гора. Во директната борба за четвртото место во групата „А“, нашите кадети денеска во последното петто коло ...

Кадетите конечно победија

Вест - 23.07.2003

КОШАРКА - ЕВРОПСКО КАДЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО МАДРИД Машката кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Бугарија со 91:58 (24:17, 20:13, 25:18, 22:10) во 4. коло од "А" групата на 17. Европско кадетско првенство во Мадрид, со што дојде до првата победа на шампионатот.

Со Литванија ќе се боримеза четврт-финалето

Дневник - 23.07.2003

КОШАРКА - КАДЕТСКО ЕП ВО МАДРИД Македонските кошаркари ја надиграа Бугарија со 91-58 Прва победа на македонската кадетска репрезентација на 17. Европско кошаркарско првенство, кое се одржува во Мадрид (Шпанија). Вчера попладне, младите македонски кошаркари ја надиграа Бугарија со 91-58.

Прва победа на нашите млади кошаркари на ЕП

А1 - 22.07.2003

Македонската кошаркарска репрезентација ја оствари првата победа на Европското првенство за кадети во Шпанија. Со триумфот над Бугарија денеска македонските надежи си го отворија патот за пласман во четвртфиналето на мундијалот.

Русите недостижни за нашите кадети

Вест - 21.07.2003

КОШАРКА - НА ЕВРОПСКОТО КАДЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО МАДРИД Нашата машка кадетска репрезентација го доживеа и третиот пораз во третото коло, во "А" групата на 17. Европско првенство за кадети, овојпат од силната селекција на Русија со 73:85 (26:11, 17:21, 22:13, 20:28). По поразот и од Турција во 2.

Пласманот во втората рунда се уште актуелен

Утрински - 21.07.2003

Бледа презентација на македонските кадети на ЕП во Мадрид Емил Китановски Македонската кадетска кошаркарска репрезентација се претстави во неочекувано лошо издание во првиот дел од ЕП кое во моментов се одржува во Мадрид, Шпанија.