Актуелниот министер за транспорт и врски Агрон Буџаку еден дел од денот е министер, а друг обичен граѓанин Агрон Буџаку. Така, барем, самиот вели. Само не кажува кога да го сметаме за министер, а кога за граѓанин, дали наутро е повеќе член на владиниот кабинет или навечер, или пак обратно! Па, ...
Собранието на РМ, вчера ја констатираше оставката на премиерот Хари Костов. Премиерот не се појави на седницата, а од министрите, во салата беше само Стевчо Јакимовски. По тоа, почнаа да течат уставните и законските рокови за избор на нова влада.
ОХРИД, 19 НОЕМВРИ (МАКФАКС) - Македонскиот министер за транспорт и врски Агрон Буџаку, вчера како "личен став" на премиерот ги оцени обвинувањата што на сметка на Демократската унија за интеграции (ДУИ) ги изрече Хари Костов како причина за своето повлекување од премиерската функција.
Хари Костов му се врати на стариот живот. Тој докажа дека беше непартиски премиер, неприспособлив на партиските и потребите на коалицијата. Хари им се враќа на поранешните кругови, таму каде со години и беше етаблиран. Премиерот во оставка го откажа својот настап на отворањето на Регионалната маса ...
ПИШУВА: Предраг ДИМИТРОВСКИ Досегашната практика во државата безброј пати покажа дека во политиката нема емоции и сентименталност. Под притисокот на дневнополитич ките интереси секој искрен потег се заборава за миг. А, ако тој барем малку има за предзнак и доза на храброст, тогаш и мигот е предолг.
ТЕТОВО.- Ако оценките на премиерот Костов се точ- ни, тогаш албанскиот народ не само во Македонија, треба да се загрижи од моралното посредување на политичкиот субјект, кој својот севкупен легитимитет го градеше во војната за слободата и правата на албанскиот народ.
На вчерашната владина седница, премиерот во оставка Хари Костов ги информирал министрите од владиниот кабинет за неговата одлука. Наедно, тој им се заблагодарил за досегашната соработка, информирајќи ги дека повеќ е нема да присуствува на седниците.
ПИШУВА: ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Премиерот Хари Костов замина од функцијата заедно со вистината. Тој беше таму токму онолку колку што требаше или сакаше. Тој или тој што го донесе, односно претседателот на државата Црвенковски. Треба да сме малку понеискусни и понеупатени, па да помислиме дека тој ...
Министерот за транспорт и врски Агрон Буџаку ќе си остане на оваа функција и во новата Влада. ДУИ нема намера да предложи нов човек на неговото место, дознаваме од високи извори на Демократската унија. За другите министерски позиции во новата влада, с&"238; уште не се расправало во Партијата.
ПИШУВА: Маја АНАСТАСОВА Хари Костов веќе не е премиер на македонската Влада. Лилјана Поповска уште ден-два формално ќе биде потпретседател на македонското Собрание. Иако Костов не е член на партија, а Поповска е либералдемократ, сепак, имаат една заедничка особина - размислуваат. Имаат став.
-Во владината коалиција не постои целосна согласност и практично тимско работење за вистинско остварување на стратешката цел на Република Македонија. Еден од коалиционите партнери, и покрај поинаквите декларативни заложби, својата улога во Владата ја разбира единствено како инструмент за делумно ...
Оставката на премиерот Хари Костов, според Уставот на Република Македонија, повлекува оставка и на целата влада. Премиерот и министрите, сепак, мора да останат на должност до изборот на нова Влада, со што се спречува појава на правен вакуум.
Ќе има ли премиерот Хари Костов одврзани раце за да го реконструира владиниот кабинет или за секој потег ќе мора да бара дозвола од партиите, нивните лидери и од претседателот Бранко Црвеновски? Од одговорот на ова прашање најверојатно ќе зависи и следниот потег на Костов - реконструкција на ...