TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Изборното собрание на ИО за промени во ФФМ нелегитимно

А1 - 20.05.2007

Изборното собрание што вчера го одржа иницијативниот одбор за промени во ФФМ е нелегитимно, бидејќи немало кворум потребен за работа, реагира денеска претседателот Харалампие Хаџиристески. Таму имало 48, а не 54 присутни делегати, тврди актуелното раководство, посочувајќи повеќе прекршувања на ...

Емил Божиновски избран за претседател од иницијативниот одбор

А1 - 19.05.2007

Емил Божиновски едногласно ја доби довербата на 54 делегати присутни на денешното вонредно изборно собрание организирано од Иницијативниот одбор за промени во Фудбалската федерација на Македонија. На денешното вонредно изборно собрание во Скопје не присуствуваа претставници на УЕФА, а евидентно е ...

ФФМ не го признава за легитимно денешното собрание

А1 - 19.05.2007

Експресна реакција по опозициското собрание стигна од актуелната власт во македонскиот фудбал. На веб страницата на ФФМ пишува дека одлуките на денешното собрани се уште еден груб фалсификат, а се донесени без потребниот кворум.

УЕФА ќе надгледува Собрание организирано од ФФМ

Дневник - 19.05.2007

По состанокот одржан на 8 мај во Нион, со кој раководел претседателот на УЕФА, Мишел Платини, до ФФМ се исплатени следните препораки: ФИФА и УЕФА не признаваат никакви иницијативни одбори, а ќе присуствуваат на Вонредно собрание само ако го закаже ФФМ и за истото има потреба.

ФФМ ги демантира обвинувањата од ИО

А1 - 18.05.2007

Заклучоците од средбата меѓу водечките луѓе на УЕФА, Мишел Платини и на ФФМ, Харалампие Хаџиристески, се последното оружје кое денеска го искористи актуелното раководство на фудбалската федерација во серијалот, „битка за власт“.

ФФМ не ги почитува препораките на УЕФА

Дневник - 18.05.2007

На 10 мај од Нион е испратено писмо во кое се сугерира Хаџи-Ристески да закаже вонредно собрание, што се крие, бидејќи деновиве агитира по општинските сојузи Изборниот фудбалски собир, закажан за утре во Скопје, ќе се одржи, бидејќи ФФМ не ги почитува препораките од УЕФА да се закаже вонредно ...

ФИФА и УЕФА со поддршка за вонредно собрание

Вест - 18.05.2007

СПОРЕД ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗА ПРОМЕНИ ВО ФФМ ФИФА и УЕФА дадоа целосна поддршка за итно свикување вонредно собрание во организација на ФФМ, изјави фронтменот на иницијативниот одбор за промени во ФФМ, Масар Омерагиќ, на вчерашниот прес одржан во хотелот "Александар палас".

Иницијаторите велат дека не фалсификувале

Време - 18.05.2007

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЛУЃЕТО ЗА ПРОМЕНИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ Златко Крстевски Иницијативниот одбор за промени во македонскиот фудбал демантира дека фалсификувал 12 потписи од делегати за да обезбеди мнозинство на собранието одржано во Скопје.

Нема да има упад во институциите

Вечер Прес - 18.05.2007

Заканите и уцените не ќе го спречат одржувањето на изборното собрание в сабота во Скопје - Сите притисоци и закани нема да вредат. В сабота сите чесни и храбри делегати ќе дојдат да дадат поддршка за избор на нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија и Хари Хаџи-Ристески еднаш ...

Иницијативниот одбор за промени ќе одржи собрание в сабота

А1 - 17.05.2007

Во пресрет на саботното вонредно собрание, Иницијативниот одбор за промени во Фудбалската федерација на Македонија му возвраќа на претседателот на ФФМ кој пред два дена обелодени дека има целосна поддршка од европската и светската куќа на фудбалот.

Ќе пукне ли фудбалот

Утрински - 17.05.2007

Коментар ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Очите на целокупната фудбалска јавност во земјава, а би рекле дури и во поширокото наше опкружување, се свртени кон претстојниот викенд, за кога е закажано и најавено собирањето на луѓето кои застанаа зад таканаречениот Иницијативен одбор за промени во Фудбалската ...

УЕФА не признава иницијатори

Дневник - 16.05.2007

На списокот што е доставен во Нион од Одборот за промени се наоѓаат потписи на 12 луѓе, кои не биле на собирот во Скопје одржан во април Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) не признава и не прифаќа никакви иницијативни одбори за промени.

Панчев и Божиновски ја лажеле УЕФА!

Време - 16.05.2007

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ, ХАЏИ-РИСТЕСКИ, ОСТРО КОН ОПОЗИЦИЈАТА Златко Крстевски Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, не го признава Иницијативниот одбор за промени во ФФМ и нема да испрати претставник на нивното изборно собрание, кое тие најавија дека ќе го одржат на 19 мај.

Фалсификувани 12 потписи на собранието на иницијаторите

Вест - 16.05.2007

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ, ХАРИ ХАЏИ-РИСТЕСКИ, НА ВЧЕРАШНИОТ ПРЕС ОБВИНИ: Без тие 12 делегати, Собранието, што на 14 април се одржа во "Холидеј ин", немал кворум за работа. - Ако в сабота ИО за промени во ФФМ одржи вонредно собрание, според ФИФА и УЕФА, тоа ќе биде нелегитимно, по што може Потписите на ...

Хаџиристески- Платини не го признава легитимитетот на ИО за промени

Утрински - 16.05.2007

На ФФМ и' се заканува забрана за настап на сите репрезентации и клубови во траење од 3 до 20 години, ако дојде до насилни промени ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Претставници на девет општински фудбалски сојузи (ОФС) Гостивар, Тетово, Струга, Липково, Битола, Свети Николе, Гевгелија, Куманово и Гази Баба вчера во ...

Фалсификувани потписи на списокот на ИО до УЕФА

Вечер Прес - 16.05.2007

- Каков и да биде исходот и колкав број делегати да присуствуваат на Изборното собрание, закажано од Иницијативниот одбор, тоа нема да биде признаено од европската куќа на фудбалот. Ниту пак УЕФА ќе испрати свој претставник на 19 мај во Скопје.

Платини го поддржува раководството на ФФМ

А1 - 15.05.2007

Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџиристески, денеска пред новинарите со реакции и предупредувања до целокупната спортска јавност, по состаноците со претставниците на УЕФА поврзани со најновите настани во Македонскиот фудбал и во пресрет на вонредното изборно собрание, што за в сабота го најави ...

За последиците од евентуалната суспензија ќе биде информирана и Владата

Дневник - 14.05.2007

Треба да се запознае и Владата за можните последици од суспензијата што му се заканува на македонскиот клупски и репрезентативен фудбал, е заклучокот од состанокот на некомплетниот Управен одбор на Фудбалската федерација на Македонија во саботата.

Премиерот Груевски ќе му го додели пехарот на победникот на Купот

Утрински - 14.05.2007

УО на ФФМ ќе ја извести Владата за сите нелегитимни дејствја преземени од ИО за промени ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Управниот одбор (УО) на фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата редовна седница која што се одржа во саботата во Скопје, ја потврди од порано донесената одлука, според која ...

За да нема трајни последици, Хаџи-Ристески бара помош од Владата

Време - 14.05.2007

СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ФФМ За да се спречат какви било реперкусии за македонскиот фудбал Фудбалската федерација на Македонија ќе ги информира надлежните органи и Владата за последиците од нелегитимните активности на т.н иницијативен одбор и ќе ја презентира во јавноста комплетната повратна ...