TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Настап на групата „Фолтин“ на кејот во Карпош

Утрински - 14.06.2008

Кај Амфитеатарот на кејот на Вардар вечерва ќе настапи битолската група „Фолтин“, со што свечено ќе биде означен почетокот на осумдневната културна манифестација „Културно лето - Карпош 2008“. Настапот е планирано да започне во 21 часот.

Културно лето во Карпош

Дневник - 11.06.2008

Од 14 јуни до 22 јули, Општина Карпош, ја организира манифестацијата Културно лето - Карпош 2008. Свеченото отворање ќе се случи на Сцена-амфитеатар на кејот на Вардар со групата „Фолтин“ од Битола. Градоначалникот Андреј Петров рече дека оваа манифестација не му конкурира на Скопско лето, туку е ...

Рок-маратон на Кејот на Вардар

Вест - 11.06.2008

КУЛТУРНО ЛЕТО - КАРПОШ 2008 Во рамките на Културното лето, на пет локации во Општината секоја вечер ќе се одржуваат театарски и балетски претстави, рок и етно-концерти, програма за деца, како и вечер на оперски арии Од сабота до 22 јули за првпат Општина Карпош ќе ја организира манифестацијата ...

Осумдневна културна манифестација во Карпош

Утрински - 11.06.2008

На подрачјето на општината Карпош од петок ќе се одржува осумдневна културна манифестација „Културно лето - Карпош 2008“. Манифестацијата, која ќе биде збир од вечери на рок-музика, опера, драмски претстави, детски програми и изложби, ќе се одржува на пет локации.

Забавата почнува в сабота - Фолтин за старт

Вечер Прес - 11.06.2008

Концертот на битолската рок-група Фолтин закажан за в сабота во 21 часот, на сцената на Амфитеатарот на сливот на Лепенец во Вардар, ќе го означи стартот на манифестацијата Културното лето Карпош - 2008, која ќе трае до 22 јуни.