TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Груевски вети намалување на ДДВ

Време - 20.05.2006

КУМАНОВО Стабилна макрополитика, намалување на ДДВ, странски инвестиции, масовна едукација и многу други поволности вети Никола Груевски, лидерот на ВМРО - ДПМНЕ при вчерашната посета на Куманово. Во поглед на коалициските партнери тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ може и сама да ги добие изборите, но ...

ВМРО-ДПМНЕ не сака секаква коалиција

Дневник - 20.05.2006

Досега договор е постигнат само со Социјалистичката партија. Тоа го потврди и нивниот лидер Љубисав Иванов, кој изјави дека добиле три сигурни пратенички мандати на изборните листи и две места со голема веројатност да бидат добитни ВМРО-ДПМНЕ и кога би излегла сама на изборите убедливо ќе победи, а ...

Нејќам утре да се срамам поради неостварени ветувања

Дневник - 20.05.2006

Не сум нов на политичката сцена, не сум неиспробан или непознат. Напротив, бев четири години во владата и излегов од неа со мошне висок кредибилитет кога станува збор за реализираните реформи и проекти. Сакам да ве убедам дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ не постои ниту еден проект ниту едно ...

Груевски: Можеме и сами на избори

А1 - 19.05.2006

Дали коалицијата на Груевски е на стаклени нозе? Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово прашан за спорот со Андов, вели, филозофијата на партијата е дека можеме и сами на избори. „Нашата филозофија на размислување е дека ние како партија во овој момент можеме и сами да ги добиеме изборите, ако одиме ...

Неизвесно друштвото на Андов и на Ѓорчев

Време - 19.05.2006

СЕ ТОКМИ КОАЛИЦИЈАТА Неизвесно е дали Либералната партија и Земјоделската партија ќе останат во коалиција со ВМРО - ДПМНЕ, бидејќи претседателите на овие партии не можат да се согласат со Груевски за редоследот на пратеничките листи, велат партиски извори.

Либералите го напуштаат Груевски?

Утрински - 19.05.2006

Одлука Највисокото партиско тело на Либералната партија до доцна синоќа решаваше дали да остане или да ја напушти коалицијата со опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Последните неофицијални најави пред почетокот на седницата на либералите во 14 часот беа дека Стојан Андов и неговите сопартијци на изборите, ...

Груевски му враќа на Андов - ВМРО ДПМНЕ може и сама да ги добие изборите

Канал5 - 19.05.2006

Груевски не го вознемириле најавите од либералите дека размислуваат да ја напуштат коалицијата. Денеска му врати на Андов – ВМРО ДПМНЕ може и сама да ги добие изборите. Груевски не го вознемириле најавите од либералите дека размислуваат да ја напуштат коалицијата.

Симев среќен што ја напушти партијата на Стојменов

Дневник - 18.05.2006

Лага е дека моето барање да ми се вработи сопругата е причина зошто сум ја напуштил ВМРО-Македонска, соопшти вчера Вангел Симев, доскорашниот потпретседател на партијата Лага е дека моето барање да ми се вработи сопругата е причина зошто сум ја напуштил ВМРО-Македонска, соопшти вчера Вангел Симев, ...

Андов го напушта Груевски?

Канал5 - 18.05.2006

Се разделуваат ли Груевски и Андов ?! Либералите попладнето на седница на извршниот комитет ја разгледуваа ваквата можност. Не се задоволни од понудата на Груевски – само две добитни пратенички места. Се разделуваат ли Груевски и Андов ?! Либералите попладнето на седница на извршниот комитет ја ...

Потпретседателот на ВМРО-македонска отиде кај Груевски

Време - 17.05.2006

ПАРТИСКИ ПРЕМИНУВАЊА Вангел Симов, потпретседател на ВМРО-македонска партија, од вчера е член на ВМРО-ДПМНЕ. Преминувањето го објави Симов на вчерашната прес-конференција. ВМРО-македонска соопшти дека Симов отишол во ВМРО-ДПМНЕ затоа што оваа партија му ветила оти ќе му ја вработи сопругата.

ВМРО-ДПМНЕ го повика СДСМ мирно да ја предаде власта

Утрински - 17.05.2006

Од Кочани ВМРО-ДПМНЕ вчера од Кочани го повика СДСМ мирно да ја предаде власта, бидејќи се сигурни дека ќе победат на изборите. За најавата на СДСМ дека ќе им се обраќаат на неопределените гласачи, лидерот на оваа партија, Никола Груевски, рече дека во 2002 година токму неопределените го донеле ...

Малите бараат од големите сигурни мандати

Утрински - 17.05.2006

Помалите политички партии грчевито се борат да ги задржат позициите во големите коалиции Вангел Симев вчера ја напуштил ВМРО-Македонска, откако раководството на оваа партија не било во состојба да ја вработи неговата сопруга.

Груевски нуди спас од летаргијата

Дневник - 17.05.2006

За разлика од празните ветувања на СДСМ дека еве сега кај и да е ќе се случи чудо, нашата програма содржи конкретни проекти, бројки и рокови за преродба на Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера, во Кочани, каде што ја претстави изборната програма „Преродба во 100 ...

Симев ги напуштил заради вработувањето на сопругата

Дневник - 17.05.2006

ВМРО-Македонска вчера соопшти дека зад трансферот на нивниот член Вангел Симев во ВМРО-ДПМНЕ стои ветувањето дека веднаш ќе му биде вработена сопругата. Од партијата соопштија дека поранешниот пратеник ги известил оти сака да се врати во ВМРО-ДПМНЕ, од која, како што се посочува, му ветиле дека ...

ЗНП в петок ќе пресече за коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 17.05.2006

Во врвот на Земјоделската народна партија постои поделеност дали да влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Според неофицијални информации од таа партија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го уценувал лидерот на ЗНП Марјан Ѓорчев, на листата покрај него на второто сигурно место за пратеник да ...

И Вангел Симев со Груевски

Вечер Прес - 17.05.2006

Потпретедателот на ВМРО-Македонска, Вангел Симев, вчера ја напушти партијата на Борис Стојменов и се врати во матичната ВМРО-ДПМНЕ. Тој изјави дека му е чест што се враќа во партијата во која бил член од нејзиното формирање. Симев тврди дека не се работи за предизборно пазарање со најголемата ...

Груевски: Не планираме нови коалициони партнери

А1 - 16.05.2006

Уште едно Не од Груевски до Георгиевски за заеднички настап на и по изборите. Оваа политичка игра Георгиевски ја наметна уште многу пред стартот на изборната кампања. „Вие го знаете нашиот состав на коалициони партнери. Тоа се 14-тина коалициони партнери.

ВМРО-ДПМНЕ води, неопределените најмногубројни

Време - 16.05.2006

СПОРЕД АНКЕТАТА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА Најголем број граѓани не би гласале за ниту една партија кога изборите би се одржале следната недела, покажало најновото истражување на Институтот за демократија. Ова е заклучено од телефонска анкета во која биле опфатени 1.118 испитаници од разни краеви ...

ВМРО-ДПМНЕ води, но расте рејтингот на СДСМ

Утрински - 16.05.2006

Истражување на Институтот за демократија за предизборните рејтинзи на политичките партии На денот на објавувањето на априлската анкета на Институтот СДСМ реагираше со обвинување дека резултатите на испитувањето биле со цел да и се наштети на владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ го откачи Драгиша Милетиќ

Дневник - 16.05.2006

Партијата за православно единство на Србите и Македонците (ППЕСМ) на Драгиша Милетиќ не е веќе дел од опозициската коалиција „За подобра Македонија“, дознаваме од партиски извори. Според информациите, лидерите на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и на ППЕСМ, Никола Груевски и Милетиќ, не ...

ВМРО Македонска: Вангел Симев заминува од партијата - ќе се врател во ВМРО ДПМНЕ

Канал5 - 16.05.2006

Потпретседателот на ВМРО Македонска, Вангел Симев заминува од партијата. Ќе се врател во ВМРО ДПМНЕ, која заедно со Борис Стојменов ја напуштија пред пет години. Потпретседателот на ВМРО Македонска, Вангел Симев заминува од партијата.

Груевски во Кочани: ВМРО-ДПМНЕ ветува економска преродба на Македонија

Канал5 - 16.05.2006

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Кочани ја престави Програмата на партијата за парламентарните избори Преродба во 100 чекори за која, како што рече се обврзува да ја спроведе ако го добие мандатот од граѓаните на следните избори.

Опозицијата води во анкетите и оди на сигурно

Вечер Прес - 16.05.2006

Според последната анкета на Институтот за демократија приближно половина од граѓаните веќе се определиле за наредните избори, а другата половина се уште калкулира дали ќе излезе на избори и за кого ќе гласа. Од оние што веќе се определиле (45,8 %), убедливо повеќе (26,6%) се одлучиле за ВМРО-ДПМНЕ, ...

Ќе соработуваат пост-изборно

Вечер Прес - 15.05.2006

Повеќе гласови ќе освојат ДОМ и ВМРО-ДПМНЕ на изборите ако настапат одвоено, заклучиле аналитичките центри на двете партии. Со тоа пропадна можноста за предизборна коалиција на двете опозициони партии во пресрет на јулските парламентарни избори.