TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Албанците бараат признавање на своето малцинство во Грција

А1 - 02.11.2002

Делегатите Албанци денеска на третиот ден од работата на 38-от конгрес на Меѓународната радикална партија, што се одржува во Тирана, побарале усвојување на резолуција за правата на Чамите, Албанци кои се уште живеат во областа Чамарија во Грција или во 1944-та година биле насилно протерани од ...

Данска ќе го ослободи Ахмед Закаев

А1 - 02.11.2002

Данска предупреди дека ќе го ослободи Ахмед Закаев, еден од лидерите на чеченските сепаратисти, доколку Русија не достави повеќе информации за неговата вмешаност во терористички акции. Министерката за правда Лене Есперсен изјави дека рокот за доставување дополнителни информации е 30-ти ноември и ...

Путин ја прифати израелската тактика со терористи се преговара со огнено оружје

Дневник - 02.11.2002

КРЕМЉ ПО ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА ВО МОСКВА Руските власти категорично ги отфрлија сите можности за преговори за решавање на деценискиот конфликт во Чеченија и најавија дека ќе го уништат регионалниот претседател Аслан Масхадов, кој веројатно е единствениот чеченски функционер со кој може да преговараат, ...

Кремљ бара Масхадов да се ликвидира

А1 - 01.11.2002

Кремљ синоќа ги затвори можностите за мирно решавање на чеченскиот судир, соопштувајќи дека избраниот чеченски челник Аслан Масхадов, кој порано се сметаше за единствениот бунтовнички лидер со кого Москва може да разговара, треба да се ликвидира.

Чеченците внеле во театарот Дубровка 110 килограми експлозив

Вест - 01.11.2002

МОСКВА, 1 ноември - Чеченските терористи кои минатата недела во московскиот театар Дубровка држеа околу 800 лица во заложништво, во зградата успеале да внесат 110 килограми експлозив, соопштија вчера експерти на руската Федерална служба за безбедност.

Чеченски кампови под опсада

Утрински - 01.11.2002

Интервенција на руската армија во Чеченија МОСКВА - Руските единици ги опколуваат камповите за бегалци по должината на границата со Чеченија, како дел од воената акција по заземањето на московскиот театар од страна на Чеченците минатата недела.

Арбен Џафери на чеченско-дисидентски конгрес во Тирана

Дневник - 31.10.2002

ОД ДЕНЕСКА Арбен Џафери денеска треба да престојува на 38. Конгрес на Меѓународната радикална партија во Тирана, партија на контроверзни европски политичари што се залагаат за екстремни решенија за косовското и чеченското прашање.

Рускиот дипломат ги обвини турските медиуми за лицемерство

Утрински - 31.10.2002

Московската заложничка драма ги влоши односите меѓу Русија и Турција АНКАРА - Односите на Русија со Турција, напнати поради ставовите спрема бунтовниците во овие две држави, вчера уште повеќе се влошија кога амбасадорот на Москва ги обвини турските медиуми за лицемерство во известувањето за ...

Данците за атер на Русија уапсија Чеченец-учесник на Светскиот чеченски конгрес

Вест - 31.10.2002

КОПЕНХАГЕН, 31 октомври (Ројтерс) - По барање на руските власти еден суд во Данска вчера донесе пресуда за притвор од 13 дена за еден чеченски официјален претставник кој бил уапсен во вторникот. Ахмед Закајев присуствувал на Светскиот чеченски конгрес во Копенхаген што се одржувал на 28 и 29 ...

Уапсен чеченскиот заменик-премиер поради опсадата на московскиот театар

Утрински - 31.10.2002

По барање на Русија на чеченскиот самит во Данска КОПЕНХАГЕН - Висок претставник на соборената чеченска влада е уапсен во Данска по барање на Русија, соопшти данската полиција. Ахмед Закаев, пратеник на чеченскиот претседател Аслан Масхадов, кој ја врши функцијата заменик-премиер, е уапсен во ...

Посмртен марш го замени мјузиклот во Москва

Утрински - 31.10.2002

Се зголеми бројот на загинатите заложници од московскиот театар Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Во одделенијата за реанимација на московските болници прексиноќа починаа уште двајца заложници. На тој начин се зголеми црната статистика - досега вкупно настрадаа, односно починаа 119 лица ...

Уапсен потпретседателот на илегалната чеченска влада

А1 - 30.10.2002

Данската полиција за време на „Светски чеченски конгрес“, кој се одржа во Копенхаген, на барање на руската влада, го уапси потпретседателот на илегалната чеченска влада Ахмед Закајев. Москва го обвинува Закајев дека ја испланирал заложничката акција во московскиот театар, како и за учество во ...

Војната на Кавказот трае со векови, се менува само оружјето

Дневник - 30.10.2002

Гордите и воинствени Козаци дури и денес на своите бебиња во лулка им ја пеат приспивната песни за "злиот Чеченец што си го точи ножот" Со закривени сабји, со пушки со кремен или со калашникови, Русите и Чеченците војуваат со векови.

Чеченскиот претседател бара преговори, Путин не сака да разговара со терористи

Дневник - 29.10.2002

Претседателот на Чеченија, Аслан Масхадов, вчера и понудил на Москва безусловни преговори за политичко решавање на крвавиот конфликт во кавкаската република, но рускиот претседател Владимир Путин во меѓувреме категорично објави дека никогаш нема да преговара со терористи, јави Ројтерс.

Чеченија спремна за безусловни преговори со Русија

Вест - 29.10.2002

КОПЕНХАГЕН, 29 октомври (Ројтерс)Чеченскиот претседател Аслан Масхадов е подготвен за безусловни преговори со руското раководство за наоѓање на политичко решение за конфликтот во Чеченија."Тоа можеме да го решиме само по политички пат.

Данска го пресели самитот меѓу ЕУ и Русија во Брисел

Утрински - 29.10.2002

По протестите на Москва КОПЕНХАГЕН - Данска вчера соопшти дека донела одлука да го смени местото на одржувањето на самитот меѓу ЕУ и Русија од Копенхаген во Брисел откако Москва изрази критики за состанокот на Чеченците во егзил во данскиот главен град.

Путин ќе го бојкотира на самитот со ЕУ

Вест - 28.10.2002

Москва, 28 октомври - Претседателот Владимир Путин Ќе го бојкотира самитот помеЃу Русија и Европската унија, Што во средина да идниот месец треба да се одржи во Данска, ако Копенхаген биде домаЌин на Светскиот чеченски конгрес, Што е најавен за средината на неделава.