TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Министрите се откажуваат од колумни во весници

Време - 08.12.2007

ВЛАДАТА УСВОИ ЕТИЧКИ КОДЕКС Министрите веќе нема да пишуваат колумни во весници. Ако сакаат да дадат интервјуа за странски медиуми, треба да го прашаат министерот за надворешни работи. Министрите не пишуваат книги или мемоари за своето министерско искуство додека се на функција.

Министрите на функција нема да пишуваат колумни

Утрински - 08.12.2007

Министрите на функција не ќе можат да се занимаваат со новинарство или да пишуваат колумни и текстови со политичка содржина што се однесуваат на ресорот што го водат или на Владата во целина. Полемичните преписки на министрите со медиумите не се дозволени, а доколку инсистираат на корекција на ...

Министрите добија етички кодекс

Дневник - 08.12.2007

Министрите не смеат да пишуваат колумни, да унапредуваат и да наградуваат државни службеници по партиска заслуга, да даваат интервјуа за странски медиуми без консултација со министерот за надворешни работи, а секоја година треба да го известат Собранието за бројот на своите советници.

Министрите ќе откупуваат подароци над 100 евра

Вечер Прес - 08.12.2007

Министрите да имаат право да примаат подароци од друга држава или од странска институција и меѓународна организација чија вредност не надминува 100 евра. Оние подароци пак кои ја надминуваат оваа вредност ќе треба да бидат откупени од министрите.

Етички кодекс за функционерите

А1 - 07.12.2007

Владата избра метод како да ги контролира министрите и носителите на јавни функции. Во блиска иднина преку етички кодекс ќе се придонесува за зголемена транспарентност во нивното работење. Однесувањето на министрите ќе биде изложено пред судот на јавноста.

Граѓаните повеќе ќе го немаат задоволството да ги читаат колумните на министрите

Канал5 - 07.12.2007

Министрите повеќе немаат право да пишуваат колумни - тоа со денеска објавениот етички кодекс за членовите на владата им се забранува. Министрите повеќе немаат право да пишуваат колумни - тоа со денеска објавениот етички кодекс за членовите на владата им се забранува.