Едно лице загина, едно е тешко повредено, а три малолетни деца се полесно повредени во тешка сообраќајна несреќа што претпладнево се случи на споредниот пат Тетово-Скопје. Несреќата, како што јави дописникот на Макфакс, се случи кај месноста Добарски мост кај Грипчин.
Двaесет и осум годишно момче и дваесет и две годишна девојка загинале синоќа во две одвоени сообраќајни несреќи во Скопје, во кои се повредени уште шестмина, од кои една девојка е во критична состојба. Првата несреќа се случила околу 19 часот на булеварот Сава Ковачевиќ при судар на БМВ и автобус на градскиот сообраќај.