TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата на Црвенковски доби поддршка од 72 пратеници

Утрински - 02.11.2002

Собранието на Македонија вчера десетина минути по полноќ избра извршна власт во која коалицираат СДСМ, ЛДП и ДУИ Собранието на Република Македонија, вчера, десетина минути по полноќ, со 72 гласа "за" и со 28 "против" ја избра новата влада, чиј премиер е Бранко Црвенковски.

Црвенковски: Не очекуваат тешка работа и крупни задачи

Утрински - 02.11.2002

ИЗЈАВА "Нe очекуваат навистина тешка работа и крупни задачи, а тоа се: да ги вратиме мирот, стабилноста, сигурноста и безбедноста во државата, да почнеме сериозна и искрена битка против криминалот и корупцијата, да обезбедиме претпоставки за решавање на најгорливите проблеми, како што е ...

Црвенковски и Георгиевски експресно ги заменија местата

Дневник - 02.11.2002

НОВИТЕ МИНИСТРИ ГИ ПРЕЗЕДОА ФУНКЦИИТЕ Новиот премиер Бранко Црвенковски и неговиот претходник Љубчо Георгиевски вчера точно напладне извршија примопредавање на функцијата. Средбата траела само пет минути и, како што дознаваме, поминала без никаков проблем.

Избрана владата на Црвенковски

Вест - 02.11.2002

ЗАВЧЕРА ДОЦНА ВО НОЌТА Кабинетот на Бранко Црвенковски во кој учествуваат СДСМ, .ЛДП и ДУИ има 18 членови Собранието на Македонија со 72 гласа "за" и 28 "против", вчера по полноќ ја избра новата влада на премиерот Бранко Црвенковски.

Црвенковски почнува со ветувања и со двомесечен бојкот од опозицијата

Дневник - 02.11.2002

СОБРАНИЕТО ПРЕКСИНОЌА ИЗБРА НОВА ВЛАДА Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЛП најавија дека ќе го бојкотираат Парламентот до крајот на годинава бидејќи е направена коалиција со терористи Македонското Собрание прексиноќа со 72 гласа "за" и 28 "против" ја избра новата влада на Република Македонија, чиј ...

Нови сидра ќе го закотват македонскиот брод

Дневник - 02.11.2002

Уводник - Бранко героски Дилемите се отстранети, стравувањата се покажаа неоправдани. Во своето промотивно експозе, новиот премиер Бранко Црвенковски понуди јасни дефиниции и оригинални идеи за остварување на најважната цел на неговиот кабинет - воспоставувањето траен мир и стабилност во земјава.

Експозето - конструктивно, бојкотот на опозицијата е изненадување

Утрински - 02.11.2002

Странските дипломати по завчерашната седница за избор на нова Влада Слободанка Јовановска Британскиот амбасадор Џорџ Едгар вчера го оцени експозето на Црвенковски како "импресивно и државничко", во кое изложил некои од главните прашања со кои се соочува Македонија.

Црвенковски и официјално го презеде кабинетот од Георгиевски

Утрински - 02.11.2002

ПРИМОПРЕДАВАЊЕ Новиот премиер Бранко Црвенковски вчера и официјално ја презеде должноста од досегашниот шеф на Владата, Љупчо Георгиевски, по полноќното гласање во парламентот со кое новиот владин кабинет и формално стапи на сцена.

Бојкотот е несериозна и нерационална одлука

Утрински - 02.11.2002

РЕАКЦИЈА Сашко Димевски Пратеничките групи на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и ЛП, веднаш по изгласувањето на новата Влада, вчеравечер во македонскиот парламент најавија дека се повлекуваат од работата на законодавниот дом до крајот на годината.

Избрана новата влада

А1 - 01.11.2002

Доцна синоќа Собранието со 72 гласа „за“ и 28 „против“, ја избра новата Влада на Република Македонија, чиј премиер е Бранко Црвенковски. Новиот владин кабинет на Црвенковски брои 18 членови: Министри без ресор се Радмила Шеќеринска, Муса Џафери и Владо Поповски.

Премиерското кафе фина демократска практика

А1 - 01.11.2002

Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски денеска точно на пладне си ги примопредадоа премиерските должности. По кусата средба, Георгиевски ја напушти зградата на Владата, од каде во изминатите четири години ја раководеше извршната власт.

За опозицијата веќе видено, а за власта нова визија

Утрински - 01.11.2002

Партиски реакции по експозето на мандатарот Бранко Црвенковски По експозето на мандатарот Бранко Црвенковски на втората собраниска седница, дел од пратениците дадоа свои оцени за образложението на идниот премиер, кои во зависност од која партиска провиниенција доаѓаа, одеа од една до друга крајност.

Бранко вети чесна, скромна и одговорна влада

Вест - 01.11.2002

И покрај планината од тешкотии што не очекува, имаме шанса. Ќе биде ужасно тешко, но на крајот ќе успееме. Македонија ќе победи. Македонија преку ноќ не можеме да ја направиме богата држава, без социјални проб Мандатарот Бранко Црвенковски, промовирајќи ги својот кабинет и програмата, вчера пред ...

Експозето ги подели пратениците-Албанци

Дневник - 01.11.2002

РЕАКЦИИ НА ГОВОРОТ НА ЦРВЕНКОВСКИ Потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи, оцени дека експозето на мандатарот Црвенковски има "идиотски тези со кои не може да се полемизира". Обраќањето, според него, било "вон просторот и вон времето", така што било тешко да се полемизира со него.

Имаме шанса да направиме куќа на заеднички темели

Дневник - 01.11.2002

ЕКСПОЗЕ НА БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ Ние стоиме зад секој збор и запирка во охридскиот договор и ќе спроведеме се како што е договорено, а клучно прашање е дали нашите сограѓани Албанци ќе бидат заедно со нас во битката за одбрана на заедничката држава, потенцира Црвенковски Економскиот просперитет, ...

Новата влада вети мир и реформи

Дневник - 01.11.2002

ИЗБОР НА НОВИОТ КАБИНЕТ Мандатарот Бранко Црвенковски се обврза на целосно исполнување на охридскиот договор, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини дека составил "терористичка влада" Оваа влада треба да донесе мир, правда и достоинство, бидејќи тоа од неа го очекуваат граѓаните на Република ...

Црвенковски вети чесна, скромна и одговорна влада

А1 - 31.10.2002

Мандатарот Бранко Црвенковски денеска пред пратениците во Парламентот најави 4 тешки години за Македонија, но изрази уверување оти тешкотиите нема да го поколебаат неговиот нов кабинет земјата да ја добие својата иднина. „Оптимистите велат, на овие избори Македонија ја доби својата шанса...

Како пратениците го оценија експозето на Црвенковски

А1 - 31.10.2002

Политичките конкуренти на коалицијата „За“, главно не се согласуваат со експозето на Црвенковски. За нив содржината на текстот е нешто веќе видено и личело на претходните. Потпретседателот и пратникот на ДПА Мендух Тачи смета дека за експозето на Црвенковски е многу тешко да се полемизира бидејќи ...

За екипата на Црвенковски ќе гласаат најмалку 76 пратеници

Дневник - 31.10.2002

ДЕНЕСКА СЕ ИЗБИРА НОВАТА ВЛАДА ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за новата влада, ДПА не се изјасни, а ПДП ќе ја поддржи Собранието денеска треба да го избере новиот владин кабинет, по предлог на мандатарот Бранко Црвенковски. Се очекува процедурата да помине без проблеми, бидејќи парламентарното ...

Собранието утре треба да ја избере новата влада

А1 - 30.10.2002

Месец и половина по изборната победа на коалицијата „За Македонија заедно“ и на ДУИ, Собранието утре треба да ја избере новата влада на мандатарот Бранко Црвенковски. За тоа се неопходни најмалку 61 пратенички глас. Коалицијата „За“ и ДУИ заедно имаат 76 места во парламентот.

Црвенковски повикан лично да се изјасни за изолација на ДУИ

Дневник - 28.10.2002

ВМРО-ДПМНЕ И ЛП ЈА ПОВТОРИЈА ПОНУДАТА ВМРО-ДПМНЕ и Либерална партија завчера ја повторија понудата до СДСМ за поддршка на новата влада под условот во неа да не биде вклучена Демократска унија за интеграција при што побара за тоа да се изјасни мандатарот Бранко Црвенковски.