TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДА: Изборите конкуренција на компании

А1 - 13.09.2002

Само неколку часа пред завршувањето на предизборната кампања, Демократска Алтернатива оценува дека немале програмска конкуренција од своите политички ривали, туку конкуренција на компании. Двете најголеми македонски партии потрошиле многу пари за својата изборна кампања и со тоа го направиле ...

ДА проценува дека „За Македонија заедно“ ќе ја освои власта

А1 - 13.09.2002

Лидерот на Демократската Алтернатива на последниот митинг синоќа во Штип констатира дека салата на Домот на културата „Ацо Шопов“ е полна со приврзаници исто како во 1998-та година. „Пред точно четири години граѓаните знаеја што им нуди ДА - економски, демократски развој, реформски процес.

Тупурковски: „Трансформации со силна политичка воља“

А1 - 12.09.2002

„Ако можевме да се справиме со „Фени“ што го спасивме со приватизацијата, тоа можеме да го направиме со секоја компанија во Македонија. Во рок од две години во земјава внесовме околу 200 милиони долари инвестиции од Тајван, а успешно ги реализиравме и преговорите за реализација и асоцијација со ...

Тупурковски: Ќе побараме ревизија на приватизацијата

Утрински - 12.09.2002

Митинг на Демократска алтернатива во Битола БИТОЛА - Лидерот на Демократска алтернатива, Васил Тупурковски, на митингот завчеравечер во Битола, пред повеќе стотици членови и симпатизери на неговата политичка асоцијација, изјави дека е убеден оти и овој пат парламентарните избори во Република ...

Алтернативците се сомневаат во регуларни избори

А1 - 11.09.2002

„Убеден сум дека и овој пат нема да има фер и демократрски избори, во амбиент на раселени лица, теористички банди и инциденти. Затоа сите треба да се организираме изборите барем технички да се одржат“, порача претседателот на Демократска Алтернатива Васил Тупурковски на синоќешниот митинг на ...

Симболично да се врати заедничкиот живот

Утрински - 10.09.2002

Митинг на ДА во Тетово ТЕТОВО - "Овде во Тетово мора, во почетокот симболично, да се врати заедничкиот живот. Тој е загубен. Заедничкиот живот е нарушен, иако е гаранција за опстанокот. Единствена алтернатива за да се спречи негативистичката симболика во Тетово, да се надраснат предрасудите".

ДА во Куманово понуди издржана економска програма

А1 - 09.09.2002

Пред неколку стотици граѓани синоќа на градскиот плоштад во Куманово Демократската алтернатива ја изложи својата изборна програма. На митингот беа претставени 20-те кандидати од листата на ДА во изборната единица број 2, чиј носител е Коле Манев.