TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДУИ, ПДП и ЛДП ќе го бојкотираат законот за полиција

А1 - 29.10.2006

Пратениците од коалицијата ДУИ-ПДП и од Либерал демократската партија на Пенов, ќе го бојкотираат гласањето по предлог законот за полиција. Најголемата пратеничка група од опозицијата, онаа на СДСМ, ќе одлучува на координација, еден час пред почетокот на седницата.

Заврши расправата за законот за полиција, гласањето в понеделник

Утрински - 28.10.2006

ДУИ доцна реагираше, а Рафиз Алити соопшти дека тие нема да го почитуваат законот По еден месец исцрпувачка дебата, претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, вчера ги фати на препад пратениците од ДУИ, го искористи отсуството на четворицата пријавени дискутанти, меѓу кои и в.д.

Ахмети ми се закани со ликвидација ако не се вратам во ДУИ

Време - 28.10.2006

ПРАТЕНИКОТ СУЛЕЈМАНИ ОБВИНУВА Али Ахмети, лидерот на ДУИ, вчера му се заканил со ликвидација на пратеникот Фадил Сулејмани ако итно не и се врати на партијата. Ова го тврди лично пратеникот Сулејмани кој пред неколку дена истапи од партијата и стана независен пратеник.

В понеделник ќе се гласа за законот за полиција

Дневник - 28.10.2006

Освен владејачкото мнозинство, законот ќе го поддржи и ВМРО-НП, а СДСМ дополнително ќе реши дали ќе гласа По едномесечна дискусија, вчера претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски ја затвори расправата за законот за полиција, а пратениците за него ќе гласаат в понеделник.

Заврши маратонската расправа за полицијата

Време - 28.10.2006

СПИКЕРОТ ЈА НАДМУДРИ ДУИ Претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски вчера успеа да ја затвори расправата за законот за полиција, по дваесетина дена дебатирање во напната атмосфера, поради опструкции од пратеничката група од ДУИ.

ДУИ бара Фадил Сулејмани да го врати мандатот

Канал5 - 28.10.2006

Тетовската полиција вчера попладне примила пријава од Фадиљ Сулејмани. Се пожалил дека Али Ахмети телефонски му се заканил со убиство ако не се врати во пратеничката група на ДУИ. Тетовската полиција вчера попладне примила пријава од Фадиљ Сулејмани.

Сулејмани: Ахмети ми се заканува со убиство

Дневник - 28.10.2006

Независниот пратеник Фадил Сулејмани, кој до завчера беше член на ДУИ, тврди дека Али Ахмети го уценил или да се врати во партијата или да се збогува со животот. Во ДУИ го демантираат неговото тврдење. - Ахмети телефонски ми порача да се сретнеме за да разговараме за моето враќање во ДУИ.

ДУИ остана со куси ракави

Вечер Прес - 28.10.2006

По речиси тринеделна дискусија, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски вчера ја заклучи расправата за предлог законот за полиција и за в понеделник го закажа гласањето за законот. Пријавените говорници за дискусија, вчера не беа присутни во собраниската сала кога тој ги прозва, по што ...

Заврши расправата за законот за полиција

А1 - 27.10.2006

Конечно, по 30 дена, заврши расправата за законот за полиција, и покрај протестот на ДУИ и ПДП. Игра на случајност или маневар на спикерот во вистинско време? Од ДУИ посочуваат на второто. Откако констатира дека пријавените за збор Весна Јаневска, Јакупи Зумрета, Славица Грковска и Хани Тахир не се ...

Сулејмани: Ахмети ми се закани дека ќе ме убие

А1 - 27.10.2006

Ако не се вратиш во ДУИ, ќе те убијам. Оваа закана кон пратеникот Фадил Сулејмани околу пладне преку телефон му ја упатил неговиот довчерашен лидер Али Ахмети. Со Сулејмани се сретнавме во ресторан надвор од Тетово. Не се чувствува безбеден во градот.

Спикерот Георгиевски ја надитри ДУИ – ја затвори расправата за законот за полиција

Канал5 - 27.10.2006

Заврши маратонот. По 30 дена, спикерот Георгиевски ја затвори расправата за предлог-законот за полиција откако констатира дека четворицата пријавени за збор не се присутни во салата. Реагираа пратениците на коалицијата ДУИ - ПДП. Заврши маратонот.

Законот за полицијата не смее да се донесува со уцени

Утрински - 27.10.2006

Фадил Сулејмани ја згазил и ја прекршил историјата ТЕТОВО - „За нас воопшто не е важно колку време ќе трае расправата околу донесувањето на законот за полиција. Имаме сериозни забелешки доколку биде донесен, нема да се почитува меѓу Албанците.

Законот за полиција да се донесе со политички консензус

Време - 27.10.2006

ДУИ Собраниската расправа за законот за полиција да се прекине и тој да се донесе со политички консензус по почнување сериозна јавна дебата, побара Ермира Мехмети на вчерашната средба со новинарите. - Законот е спротивен на барањата на меѓународната заедница и како таков претставува антиреформски ...

ДУИ бара да прекине собраниската расправа

Дневник - 27.10.2006

ДУИ вчера се закани дека законот за полиција нема да биде почитуван во општините во кои Албанците се мнозинство ако законот биде усвоен во понудената верзија. Според портпаролката на ДУИ, Ермира Мехмети, за предлог законот за полиција нема широк консензус од релевантните партии, што е спротивно на ...

ДУИ бара да се прекине расправата по законот за полиција

А1 - 26.10.2006

Демократската унија за интеграција на денешната прес-конференција во Тетово во име на пратеничката група коалицијата ДУИ-ПДП побара да се прекине собраниската расправа за Предлог законот за полиција и да започне дебата за постигнување консензус на сите релевантни политички партии.

Фадил Сулејмани се повлече од ДУИ, ќе биде независен пратеник

Утрински - 26.10.2006

Пратеникот Фадил Сулејмани вчера во парламентот соопшти дека се повлекува од членство во ДУИ и оти ќе продолжи да дејствува како независен пратеник. Сулејмани е разочаран, бидејќи не се оствариле неговите очекувања. „По 5 јули ништо не излезе како што се договаравме.

Пратеникот Фадил Сулејмани ја напушти ДУИ

Вест - 26.10.2006

КОАЛИЦИЈАТА ДУИ-ПДП СО ПРАТЕНИК ПОМАЛКУ Пратеникот и поранешен ректор на Тетовскиот универзитет Фадил Сулејмани вчера ја напушти пратеничката група на ДУИ и објави дека во иднина ќе дејствува како независен пратеник. "Нема да бидам пратеник на ДУИ и ќе дејствувам како независен пратеник.

Фадил Сулејмани ја напушти ДУИ

Дневник - 26.10.2006

Фадил Сулејмани вчера во Собранието изјави дека ја напушта ДУИ и оти ќе дејствува како независен пратеник Фадил Сулејмани вчера во Собранието изјави дека ја напушта ДУИ и оти ќе дејствува како независен пратеник. Како образложение го посочи незадоволството од односот на партискиот врв предводен од ...

Фадил Сулејмани раскрсти со ДУИ

Вечер Прес - 26.10.2006

Фадил Сулејмани и официјално ја напушти пратеничката група на ДУИ и ќе продолжи да дејствува како независен пратеник. Тој официјалната одлука ја соопшти вчера на собраниската расправа за законот за полиција. Сулејмани образложи дека не сака да биде дел од меѓусебните обвинувања на партиите од ...

Фадил Сулејмани се повлекува од ДУИ

А1 - 25.10.2006

Фадил Сулејмани и ДУИ се разидоа. Првиот ректор на Тетовски вели, од денеска ќе делува како независен пратеник. „Од сите тие случки, што се случуваат меѓу нас, обвинувања, меѓу обвинувања во име на партиите, јас не сакам да имам никаква одговорност за тоа“, изјави Фадиљ Сулејмани, независен ...

Продолжи расправата за законот за полиција

А1 - 25.10.2006

ДУИ на денешната дебата продолжи со праксата на долги дискусии, повторувајќи ги веќе изнесените забелешки оти законот не е во согласност со Законот за локална самоуправа, со Охридскиот договор и не ја регулира употребата на албанскиот јазик.

Прегрупирања во албанскиот политички блок - Фадил Сулејмани ја напушти ДУИ

Канал5 - 25.10.2006

Само четири месеци по изборите, прво прегрупирање во парламентот. ДУИ остана без еден пратеник. Фадил Сулејмани, поранешниот ректор на тогаш непризнаениот Малоречанскиот сега легален Тетовски универзитет, реши да дејствува како независен пратеник.