TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Изборите уште не почнале, „касапарите“ излегоа на мегдан

Утрински - 11.04.2008

Изјавата на Тачи не ја загрижува ДУИ затоа што била афектна реакција Светлана Унковска Мегданот за избори на ДУИ, како што Тачи ја нарече иницијатива на интегративците за одржување предвремени избори, е прифатен од ДПА. Лидерот на ДПА по седницата на највисокото работно тело на партијата излезе со ...

Креатори и досиеја

Утрински - 10.04.2008

Поглед Гордана Дувњак Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, покажа дека не случајно неговото полициско досие го носи називот „Креатор“. На фронтменот на албанската партија во власта не му недостигаат ниту идеи, а ниту волја, па кога сака креира политичка криза или скандали.

ДПА се одлучи за избори

А1 - 09.04.2008

ДПА ја прифати фрлената ракавица од ДУИ. Во Сарај, централниот одбор на оваа партија едногласно одлучи да ја поддржи иницијативата за одржување на предвремени избори. Сметаат дека ќе победат и дека ќе исправат една историска неправда кон Албанците.

Тачи: Одиме на избори

А1 - 09.04.2008

Претседателот на ДПА Мендух Тачи изјави денеска дека на партиските органи ќе им предложи да донесат одлука за поддршка на барањето за распишување на предвремени парламентарни избори. „Разговаравме со премиерот за политичката ситуација во државата, се согласивме дека институциите се блокирани.

Средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА за употребата на јазиците

Утрински - 09.04.2008

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА денеска на средба во Собранието на Република Македонија разговараа за употребата на јазиците на припадниците на етничките заедници кои не се мнозинство во државата. Гордана Јанкуловска, Трајко Велјановски и Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ и Бесим Догани, Флора ...

Состанок на работните групи на ВМРО ДПМНЕ и на ДПА за употребата на знамињата

Канал5 - 09.04.2008

Денеска се состанаа работните групи на ВМРО ДПМНЕ и на ДПА за употребата на знамињата. Владејачката партија одлучи да го отвори ова прашање со својот албански партнер откако Уставниот суд укина делови од законот за употреба на знамињата на етничките заедници.

Почна со работа работната група за јазикот

А1 - 08.04.2008

Почна со работа и втората работна група меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, која ќе го решава прашањето за јазикот. Од двете партии по средбата рекоа дека решението ќе се бара во рамките на постојните закони и Уставот. Двете партии на власт ги повикуваат и СДСМ и ДУИ да се приклучат на работните групи.

МВР потврди дека постоел „Креатор“

Време - 08.04.2008

ТАЧИ ГИ ДОСТАВИ ДОКУМЕНТИТЕ Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, вчера на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и го предаде досието „Креатор“, за кое тврди дека се водело со негово следење и прислушување. По средбата, Јанкуловска за медиумите потврди дека документацијата, навистина, постои ...

Тачи: Ќе поднесам приватна тужба

Вест - 08.04.2008

ЛИДЕРОТ НА ДПА ГО ДОБИ ДОСИЕТО ОД МВР МВР потврди дека 15 години се водело досие за Тачи и, ако треба, целокупната документација ќе ја достави до Обвинителството Министерството за внатрешни работи ги потврди тврдењата на лидерот на ДПА Мендух Тачи дека петнаесетина години за него било водено досие.

Бараат помош од опозицијата за жртвите од конфликтот

Вест - 08.04.2008

ВМРО-ДПМНЕ И ДПА ПОЧНАА ДА ПРЕГОВАРААТ Имер Селмани од ДПА тврди дека решението ќе биде резултат на постојните и новите закони, а пратеникот Силвана Бонева дека компромис е можен само преку постојната социјална политика на државата Владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДПА постигна начелна согласност да ...

MВР го потврди постоењето на досие за Тачи

Утрински - 08.04.2008

Лидерот на ДПА најави дека ќе поднесе приватна тужба против одговорните од претходната власт Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, вчера доби потврда од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, дека во Министерството постоело досието „Креатор“, во врска со што тој уште пред десетина дена на ...

Се пакува социјален пакет за жртвите од 2001

Дневник - 08.04.2008

Блиску сме до решение за обесштетување на учесниците во конфликтот од 2001 година, заеднички оценија вчера ВМРО-ДПМНЕ и ДПА по првата средба на партиските работни групи, формирани со „мартовскиот договор“ помеѓу лидерите Никола Груевски и Мендух Тачи.

МВР ќе истражува кој го нарачал досието на Тачи

Дневник - 08.04.2008

Предметот што од собраниската говорница го изнесе лидерот на ДПА Мендух Тачи е евидентиран и постои во МВР, изјави вчера министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по средба со Тачи, на која тој го предаде досието „креатор“.

Џафери: Барањето на ДУИ e страв од реалното остварување на агендата на ДПА

Канал5 - 08.04.2008

ДПА засега не е за избори – ставот го соопшти екс лидерот на партијата, Арбен Џафери. Барањето на ДУИ за предвремени избори е страв од реализацијата на агендата на ДПА изјави Џафери. Не коментираше дали е можно зад барањето на ДУИ да се крие договор Груевски Ахмети за вонредни избори.

Решенијата за екс борците на ОНА ќе се бараат во постојните закони

Вечер Прес - 08.04.2008

Во работата треба да се вклучат и СДСМ и ДУИ, никој не треба да бега од одговорноста, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ И ДПА Работните групи на најголемата владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицискиот партнер од албанскиот блок ДПА, вчера започнаа со работа со цел изнаоѓање на решение за жртвите од конфликтот ...

МВР потврди дека имало досие за Тачи

Вечер Прес - 08.04.2008

Лидерот на ДПА на седницата за пратенички прашања, на 27 март, објави дека има сознанија и документи оти тајните служби 15 години ги следеле неговите активности под сомнение дека спроведувал противуставни дејствија, политички екстремизам, албански иредентизам и сепаратизам Ќе поднесам приватна ...

Стартуваше „Мартовскиот договор“ Груевски-Тачи

А1 - 07.04.2008

Стартуваше „Мартовскиот договор“ Груевски-Тачи. Прва средба на комисијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА за жртвите од конфликтот во 2001-та година. Се договорија, решението да се бара не со нов Закон туку во веќе постоечките закони и социјална политика на земјата.

МВР потврди дека имало досие за Тачи

А1 - 07.04.2008

МВР ги потврди тврдењата на лидерот на ДПА, дека за време на претходната Влада бил следен од Управата за Безбедност и Контраразузнавање. Доказите за неговото досие му ги предочи лично министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Имер Алиу ќе преговара со премиерот

Време - 07.04.2008

ДПА И ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ СЕДНАТ НА МАСА Поранешниот вицепремиер Имер Алиу, кој по јавното излагање дека ќе ја бојкотира работата на Груевски, по повикот сите Албанци да не учествуваат во работата на државните институции ќе биде главниот преговарач на ДПА за шесте точки, информираат извори на „Време“.

Груевски денес почнува нова рундa одделни лидерски средби

Утрински - 07.04.2008

Никола Груевски вчера беше на работен ручек со Мендух Тачи Гордана Дувњак Премиерот Никола Груевски денес започнува со нова рунда поединечни лидерски средби со првите луѓе на ДПА, Мендух Тачи, ДУИ – Али Ахмети и на СДСМ – Радмила Шекеринска.

Груевски и Тачи на преговори за „мартовскиот договор“

Дневник - 07.04.2008

Денеска ќе се сретнат работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА кои треба да решат како ќе се реализираат шесте барања на партијата на Мендух Тачи, поради кои тој неодамна најави дека ќе ја напушти владејачката коалиција, тврдат партиски извори.

Владата ќе ги обесштетува жртвите на ОНА

Канал5 - 07.04.2008

Владата ќе ги обесштетува жртвите на ОНА од конфликтната 2001 ва - почна да се реализира мартовскиот договор Груевски Тачи. Денеска се оствари првата работна средба ВМРО ДПМНЕ – ДПА. За сега не се знае за колкава бројка на лица кои ќе добијат социјална помош од државата станува збор.

Јанкуловска потврди дека Тачи бил прислушкуван

Канал5 - 07.04.2008

Управата за безбедност во МВР водела досие под името Креатор за лидерот на ДПА Мендух Тачи. Ова денеска го потврди министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска по проверката на доказите кои денеска и ги достави Тачи во нејзината канцеларија.

МВР – пронајдено досието за Тачи

Макфакс - 07.04.2008

Скопје Точни се тврдењата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи дека долги години бил цел на тајните служби и оти за него биде водени досијеа, потврди денеска министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Таа денеска оствари средба со Тачи, по неговите тврдења изнесени неодамна од собраниската ...

Нема алтернатива освен НАТО

Вечер Прес - 07.04.2008

- Македонија ја доби поканата за НАТО иако има и такви кои сакаат оваа фаза да ја оцрнат со зборовите дека ја нема добиено, само претстои уште еден чекор кон реализација на тоа, кон остварување на таа цел. 90% од населението во Македонија со став дека за државава нема друга алтернатива освен НАТО.