TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СДСМ: Груевски да проговори за „ОКТА“

А1 - 19.08.2007

Опозициската СДСМ го прозва премиерот Груевски јавно да проговори за продажбата на „ОКТА“ во време кога тој беше министер за трговија, во тогашната Влада на Љубчо Георгиевски. Тврдат, невозможно е како министер за трговија Груевски да не знаел или да не бил соучесник во склучувањето на договорот со ...

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и денеска се обвинува: Кој е крив за продажбата и раскинување на договорот за ОКТА

Канал5 - 19.08.2007

Пресудата на парискиот арбитражен суд за отштета од 53 милиони долари во случајот ОКТА и денеска предизвика низа прашања на релација опозиција – власт. Пресудата на парискиот арбитражен суд за отштета од 53 милиони долари во случајот ОКТА и денеска предизвика низа прашања на релација опозиција ...

Владата го подготви експертскиот тим за „ОКТА“

А1 - 18.08.2007

Владата го подготви експертскиот тим кој ќе ја анализира пресудата од Париз за отштетата од 53 милиони долари плус камати, што Македонија треба да ја плати на грчките газди од „ОКТА“. На листата се вицепремиерите Зоран Ставревски и Имер Алиу, министерката за економија Рафајловска, за финансии - ...

Ќе се бара одговорност од инволвираните во продажбата и раскинувањето на договорот

Вест - 18.08.2007

НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕСМЕТА КОЛКУ ЌЕ МУ ПЛАТИ НА ХЕЛЕНИК ПЕТРОЛЕУМ Обесштетувањето е за раскинување и непочитување на купопродажниот договор за ОКТА и за судските трошоци и адвокати ангажирани од грчката страна, објасни владиниот портпарол Ивица Боцевски.

Македонија треба да и' плати на ОКТА 53,4 милиони долари отштета

Утрински - 18.08.2007

Сумата е без пресметани камати, а неизвесно е дали ќе има нови тужби во наредните години: ОКТА Боцевски: Имаме право на жалба, владин експертски тим ќе ја разгледува пресудата и ќе одлучи МАЈА ТОМИЌ По неколкудневна неизвесност, Владата конечно вчера обелодени дека завчера ја добила официјалната ...

Георгиевски_ Пресудата е поради раскинатиот договор со ОКТА

Утрински - 18.08.2007

Љупчо Георгиевски „Анализирајте го договорот со ОКТА колку што сакате сега, како и во минатите осум години, но пресудата на Парискиот суд е поради тоа што некој арогантно и без аргумент прекинал меѓудржавен договор. Договорот со сите отстапки што се дадени на грчкиот инвеститор е поминат низ ...

Кој ќе одговара за цехот од ОКТА?

Утрински - 18.08.2007

ЕДИТОРИЈАЛ МАЈА ТОМИЌ Скандалозниот, незаконскиот, коруптивниот, со штетни последици и како ли уште не квалификуваниот купопродажен договор за продажба на рафинеријата ОКТА од 1999 година почна да си го наплаќа својот данок. „Паричето“ и' се падна на оваа Влада.

Љубчо Георгиевски вината ја префрла кај СДСМ

Дневник - 18.08.2007

СДСМ без никаков аргумент и образложение го раскина договорот со „Окта“ и покрај тоа што беше меѓудржавен и изгласан во Парламентот, тврди поранешниот премиер Одговорноста за „Окта“ е кај тие што без аргументи раскинаа меѓудржавен договор, соопшти вчера Љубчо Георгиевски, кој во 1999 година како ...

Договорот мораше да се раскине

Дневник - 18.08.2007

Државата можеше да ја одбегне пресудата од Париз ако навреме побараше раскинување на договорот поради неизвршување на обврските од страна на грчките газди на „Окта“, смета адвокатот Александар Тортевски. Тој тврди дека доволна основа било тоа што „Окта“ не ги изгради ветените бензински пумпи и не ...

Низ „Окта“ ќе протечат кривични пријави

Дневник - 18.08.2007

ОД ПАРИЗ Одговорност ќе се бара од тие што го потпишале купопродажбениот договор и тие што еднострано го раскинале, изјави вчера портпаролот Боцевски Македонија треба да плати отштета за „Окта“ од 53.044.492 долари, плус камати за изминатите три години, потврдија вчера во Владата.

Црвенковски: Добро е што владата на Груевски ќе го расчистува спорниот договор со ОКТА

Канал5 - 18.08.2007

Претседателот Црвенковски по прозивките од владата и екс премиерот Георгиевски дека и тој има одговорност за 54 милиони долари отштета оти во времето кога бил премиер еднострано е раскинат договорот со ОКТА вели дека на владата на Груевски и ја дава целосната поддршка за расчистување на случајот со ...

Случајот ОКТА не е завршен

Вечер Прес - 18.08.2007

Ќе биде формиран тим од министри како и експертски тим кој ќе изработи детална анализа на одлуката на Арбитражниот суд според која Македонија треба на сопственикот на ОКТА, грчки "Хеленик Петролеум" да му исплати над 53 милиони долари и соодветни камати Одлуката на парискиот арбитражен суд кој во ...

Македонија треба да и плати на „ОКТА“ 53 милиони долари

А1 - 17.08.2007

53 милиони долари плус камати и судски трошоци ќе треба да плати Македонија на грчките газди од „ОКТА“. Иако вчера во Министерството за економија тврдеа дека станува збор за 25 милиони долари, деталната анализа покажала дека сумата е двојно поголема.

Георгиевски, Ѓорчев и Стојменов го потпишаа договорот

Време - 17.08.2007

КОИ СЕ ГЛАВНИТЕ АКТЕРИ ВО СЛУЧАЈОТ „ОКТА“ Ивана Билбиловска Додека ја чекаме пресудата од Арбитражниот суд во Париз за спорот што Македонија го загуби и треба да и плати милионска отштета на грчката компанија „Хеленик петролеум“ за непочитување на договорот за продажбата на „Окта“, повторно се ...

Владата молчи за одлуката за ОКТА, пресудата никој ја нема видено

Утрински - 17.08.2007

Од Арбитражниот суд во Париз не кажуваат дали е донесена пресуда за отштета. Ќе има ли обвинение против потписниците на договорот МАЈА ТОМИЌ Владата и вчера повтори дека нема официјален документ за тоа дека Арбитражниот суд за меѓународни трговски спорови во Париз донел одлука во спорот меѓу ...

Со тужба ќе се спасевме од отштета за „Окта

Дневник - 17.08.2007

“ Економско-социјалниот совет во 1999 година, пред продажбата на „Окта“, предупредил дека договорот е многу штетен, но членовите што биле против биле отстранети од ова тело Македонија, ако беше паметна, ќе ја тужеше грчката компанија „Хеленик петролеум“ поради неисполнување на обврските од ...

Сумата постојано расте

Дневник - 17.08.2007

Според последните информации за пресудата на Арбитражниот суд во Париз, отштетата што ќе треба да ја плати Македонија е многу поголема од првично најавените 25 милиони долари. Извори на „Дневник“ велат дека износот е 50,5 милиони долари плус 13 долари камата.

Одговорност за ОКТА и од тие што ја продавале и од тие што го раскинале договорот

Канал5 - 17.08.2007

Еден ден по добивањето на пресудата од Парискиот арбитражен суд владата најави дека ќе побара одговорност од сите инволвирани во случајот ОКТА. Првоповиканиот екс премиерот Георгиевски во случајот ОКТА гледа организирана хајка и линч.

Пресудата за „ОКТА“ стигна во Владата

А1 - 16.08.2007

Пресудата од Париз стигна во Министерството за економија. Македонија ќе плати 25 милиони долари плус судските трошоци, со што излегува дека Грците ја добија рафинеријата речиси без пари. Тие, според договорот, требаше да платат 32 милиони долари, но со различните попусти, протнати низ клаузулите на ...

Владата крева раменици, Грците се ситат

Време - 16.08.2007

ВО ПАРИЗ ДОНЕСЕНА ПРЕСУДА ЗА СПОРОТ СО „ОКТА“ Ивана Билбиловска Пресудата за спорот меѓу Македонија и „Хеленик петролеум“ е донесена уште минатата недела, тврдат грчките медиуми, додека од Владата велат дека таа се уште не стигнала до нив.

Грчки "Катимерини": Отштета од 55 милиони евра

Вест - 16.08.2007

ВЛАДАТА УШТЕ МОЛЧИ ЗА ПРЕСУДАТА ЗА ОКТА Владата се уште ја нема добиено официјално одлуката на Арбитражниот суд во Париз во врска со спорот меѓу Република Македонија и ОКТА. "Штом пристигне одлуката, Владата најнапред ќе дискутира во врска со тоа прашање и ќе бидат консултирани експерти од областа ...

Стигна сметка за мрачната продажба на ОКТА

Утрински - 16.08.2007

Шампањско за завршената зделка. Тогашниот премиер Љупчо Георгиевски и грчките партнери на една од свеченостите во 2000 година по повод изградбата на нафтоводот Солун - Скопје Неофицијално, државата треба да и' плати на ОКТА 25 милиони долари како дел од побарувањата МАЈА ТОМИЌ Дали Македонија, како ...

„Окта“ ќе не' оштети 100 милиони долари?

Дневник - 16.08.2007

Минатонеделната пресуда се однесува на првите пет години од изгубеното право на ексклузивитет за скопската рафинерија, па „Хеленик петролеум“ најавил нова тужба во 2010 година, велат извори на „Дневник“ Македонија најверојатно ќе треба да и' плати на грчката компанија „Хеленик петролеум“ вкупна ...

Пресудата од парискиот арбитражен суд за случајот ОКТА пристигна во Министерството за економија

Канал5 - 16.08.2007

Пресудата од парискиот арбитражен суд конечно стигна во министерството за економија. Македонија ќе треба да и плати на ОКТА 25 милиони долари заради непочитување на купопродажниот договор стои во пресудата која е напишана на 150 страници.

Владата не ја добила пресудата за спорот со ОКТА

Вечер Прес - 16.08.2007

Владата се уште ја нема добиено официјално одлуката на Арбитражниот суд во Париз во врска со спорот меѓу Република Македонија и рафинеријата ОКТА, вели владиниот портпарол Ивица Боцевски. - Штом пристигне одлуката, Владата најнапред ќе дискутира во врска со тоа прашање и ќе бидат консултирани ...

„Екатимерини“: 55 милиони евра отштета за „Окта“

А1 - 15.08.2007

Македонија ќе треба да им плати 55 милиони евра отштета на Грците од „Окта“ поради укинувањето на привилегиите предвидени во купопродажниот договор за рафинеријата, пишува грчкиот весник „Екатимерини“. Арбитражниот суд во Париз ја донесе пресудата за спорот меѓу Македонија и грчки Хеленик Петролеум.

Антикорупционерите конечно ќе ги однесат случајот Окта пред суд

Време - 15.08.2007

ЧЕТИРИ ГОДИНИ ПОТОА Ивана Билбиловска По четиригодишното шетање по фиоките на Јавното обвинителство, случајот со продажбата на Окта конечно се ближи кон разврска. Од Државната комисија за спречување на корупцијата очекуваат во септември, најдоцна во октомври, да и се стави крај на кривичната ...

Ќе платиме 25 милиони долари за „Окта“?

Дневник - 15.08.2007

Арбитражниот суд во Париз донесе пресуда за спорот помеѓу Македонија и грчката компанија „Хеленик петролеум“, но не ја знаеме содржината, информира вчера министерката за економија Вера Рафајловска. Според неофицијални информации, земјава ќе треба да им плати отштета на Грците од околу 25 милиони ...

Грчките медиуми информираат колкава е отштетата што Македонија треба да и ја плати на ОКТА

Канал5 - 15.08.2007

Педесет и пет милиони евра ќе треба да плати македонската влада на ОКТА како оштета поради непочитување на купопродажниот договор пишува денеска грчкиот дневен весник Катимерини. Педесет и пет милиони евра ќе треба да плати македонската влада на ОКТА како оштета поради непочитување на ...

Парискиот суд пресудил Македонија да и исплати на ОКТА 25 милиони долари отштета

Канал5 - 14.08.2007

Најверојатно 25 милиони долари ќе треба да и плати Македонија на рафинеријата ОКТА поради непочитување на купопродажниот договор ова е епилогот од повеќе годишниот судски спор пред Парискиот арбитражен суд. Најверојатно 25 милиони долари ќе треба да и плати Македонија на рафинеријата ОКТА поради ...