TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Притворени 5-мина сопственици на фирми за даночната пирамида

А1 - 10.07.2005

5-мина сопственици на фирми кои се осомничени дека биле вклучени во даночната пирамида викендов се притворени во истражниот затвор во Шуто Оризари. Поднесени се и кривични пријави за даночно затајување и за уште други 6 лица, кои засега на полицијата не и се достапни и за нив е распишана потерница.

Јаневски: Во Македонија нема бизнис-олигархија

Време - 09.07.2005

ПО ОБВИНУВАЊАТА НА ПОПОВСКИ Светозар Јаневски, копретседавач со Националниот совет за претприемништво и конкурентност (НСПК), изјави дека во Македонија не постои бизнис-олигархија, пренесува МИА. - Не знам за која олигархија зборуваше министерот за финансии Никола Поповски.

Свето Пивара: Зет ми е само 0,02 отсто од проблемот

Вест - 09.07.2005

Ексдиректорот на "Пивара" Светозар Јаневски, актуелен копретседавач со Националниот совет за претприемништво и конкурентност, чие име се вртеше во случајот даночна пирамида, вчера изјави дека "Тиквеш", "Пивара" и "Мекдоналдс", во кои има акции, редовно ги исполнуваат даночните обврски.

Јаневски: Даночното затајување започна со партиските прегрупирања

Утрински - 09.07.2005

Еден од најголемите македонски бизнисмени се огласи за даночната пирамида, возвраќајќи му го ударот на Поповски НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Моите фирми 20 години редовно плаќаат даноци. Јас секогаш сум работел чесно и така и ќе продолжам. Мојот зет погрешил и ќе си ја плати грешката.

Уапсени тројца сопственици на фирми од даночната пирамида

Утрински - 09.07.2005

АКЦИЈА Министерството за внатрешни работи осомничи тројца сопственици на фирми од Скопје, како дел од долгонајавуваната битка со таканаречената даночна пирамида. До Основното јавно обвинителство во Скопје се поднесени кривични пријави против С.Б.

Тајните на даночната пирамида ги знае само Поповски

Дневник - 09.07.2005

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЈОРДАНОВ ПОРАЧА Истрагата е во тек, а за повеќе информации прашајте го министерот за финансии, кој е поупатен во проблемот, кратко прокоментира вчера вицепремиерот Минчо Јорданов на прашањето до каде е истрагата околу даночната пирамида.

Први кривични пријави во пирамидата

Дневник - 09.07.2005

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ Паднаа првите кривични пријави за луѓе замешани во даночната пирамида. Министерството за внатрешни работи до скопското Јавно обвинителство поднесе пријави за даночно затајување и за перење пари против тројца бизнисмени, кои, според информациите од МВР, ја оштетиле ...

Пирамидата да се расчисти до крај!

Вечер Прес - 09.07.2005

“Тиквеш“, “Пивара” и “Мек доналдс” се фирми кои редовно ги исполнуваат обврските кон државата и тоа може да се провери во секое време. Ние со децении градиме еден етички бизнис. Што се однесува до Дарко Гелев, тој е само 0,02 отсто од проблемот на даночната евазија.

Јаневски: „Поповски да ги каже имињата на фирмите од даночната пирамида“

А1 - 08.07.2005

Поповски нека ја каже бизнис олигархија што е вклучена и што контролира даночен криминал. Нека ги соопшти имињата на фирмите. Моите не се на таа листа, тврди бизнисменот Светозар Јаневски, кој важи за еден од предводниците на македонската директорска елита.

МВР поднесе три кривични пријави против актери во даночната пирамида

Канал5 - 08.07.2005

Паднаа првите кривични пријави против актери во даночната пирамида. Прва е онаа против Стојче Бошковски од фирмата „Хидраулика Бонико“. Тој од синоќа е во притвор во затворот Шутка. Паднаа првите кривични пријави против актери во даночната пирамида.

Затајувачите "трчаат" сами да ги платат даноците

Макфакс - 08.07.2005

(Утрински весник) - среда, 27.07.2005 Државниот јавен обвинител потврдува дека има масовна наплата на даночните обврски Прчески: Веќе на крајот на септември оваа година може да се очекуваат и првите судски пресуди за "случајот даночна пирамида" НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Во државната каса по основа на ...

Даночниот скандал најматен настан за јуни

А1 - 07.07.2005

Даночниот скандал на врвот на црната листа на најматни и најкоруптивни настани минатиот месец. Овој настан што ги потресе бизнис олигархијата и го отвори прашањето дали власта ќе сака и ќе има капацитет аферата да ја истера до епилог доби убедливо најлоша оценка од медиумите во анкетата на ...

Фантомски фирми извлекуваат милиони евра од Буџетот

Капитал - 07.07.2005

Како се правела даночната пирамида?Фантомски фирми извлекуваат милиони евра од БуџетотШемите за затајување на данок со кој се манипулираат даночните инспектори му се добро познати на речиси секој бизнисмен. Бизнисмените велат дека е јавна тајна кој компании имаат формираат фиктивни фирми, преку кој ...

Македонија како Египет!

Вечер Прес - 07.07.2005

Само уште малку ни фали па да станеме предворје на Египет. Пирамида по пирамида, Кеопс до Рамзес, царинската до даночната, и империјата е наша. По патеките на Александар Македонски. Само што тој трагал по нови вредности, културни, историски...., а ние "додадени" односно даночни.

ММФ се интересирал за даночната пирамида

Утрински - 06.07.2005

Постојниот претставник Кевин Рос побарал средба со Поповски за даночниот скандал Меѓународниот монетарен фонд се интересирал за даночната пирамида, но не доставил никакво официјално барање до Владата за таа да ја урне што побрзо.

Држава на пирамиди

Дневник - 06.07.2005

Писмо Се уште се болни раните на многумина штедачи во пирамидалните штедилници ТАТ, Алфа С, Кариќ Банка и други, деновиве министерот за финансии и претседателот на Владата, јавно, јасно и гласно не информираа дека постојат неколку десетици "пирамидални" затајувачи да данок, со што и е нанесена ...

Досега запленети два милиона евра од пирамидата

Макфакс - 06.07.2005

(Утрински весник) - сабота, 23.07.2005 Идната недела се очекуваат нови кривични пријави против актерите во даночниот скандал Досега се поднесени 24 кривични пријави кои тежат околу два милиона евра НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Од вкупно сто милиони евра колку што во стартот се објави дека тежи даночната ...

Заглави истрагата за даночната пирамида

А1 - 05.07.2005

Заглави ли истрагата за даночната пирамида. По половина месец од обелоденувањето, сведена на само еден приведен бизнисмен. Нови кривични пријави и налози за апсења нема, тврдат судски извори за А1. Во затворот Шутка денеска беше испрашувано само едно лице, Миодраг Мисајловски, газда на фирмата „Мис ...

Побарана одговорност за даночната пирамида

Време - 05.07.2005

АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА Државната комисија за спречување на корупцијата ќе побара одговорност од службениците што го толерирале даночното затајување. Според Драган Малиновски, претседател на комисијата, не е исклучено да се истражува евентуалната инволвираност на одредени избрани и именувани ...

Даночната пирамида прави хаос во државата

Утрински - 05.07.2005

Иако државните функционери ветија тајна истрага, имињата почнаа да протекуваат Имињата на затајувачите треба да ги слушнеме директно од првите луѓе во државава НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Мачен, напнат, неподнослив. Таков станува амбиентот во Македонија од ден на ден, во исчекување власта конечно да се ...

Градежната даночна пирамида тежи повеќе од 170 милиони евра

Макфакс - 05.07.2005

(Време) - петок, 22 јули 2005 Ивица Антески Градежната урбана мафија во државава затаила околу 100 милиони евра за плаќање на данокот за додадена вредност и околу 20 милиони евра персонален данок за последниве три години. Градежните фирми и преку враќањето на ДДВ незаконски го олесниле буџетот на ...

Радо банка уапсен поради вмешаност во пирамидата

Макфакс - 05.07.2005

(Утрински весник) - петок, 22 јули 2005 Во Истражниот затвор во Шутка во друштво се десет даночни затајувачи Ексгаздата на МВР вчера ја потврди информацијата дека е приведен Чедомир Радомировиќ, кој е осомничен за даночно затајување од два милиона денари Чедомир Радомировиќ, поранешен газда на Радо ...

ММФ остро се спротивставува на даночниот криминал

А1 - 04.07.2005

И меѓународниот монетарен фонд остро се спротивставува на даночниот криминал, во кој се вклучени познати фирми и имиња. Власта мора да ја урне даночната пирамида, коментираат од ММФ, задолжен да го контролира даночниот систем во земјава.

Пејачот Брејк влезен во пирамидата?

Утрински - 04.07.2005

Иако министерот и премиерот тврдеа дека нема да се дознае ни едно име НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Додека државниот врв упорно молчи околу даночната пирамида, во јавноста веќе почнаа да протекуваат имиња за кои постои сомневање дека се вплеткани во овој скандал.

Јаневски: Даночното затајување започна со партиските прегрупирања

Макфакс - 04.07.2005

(Утрински весник) - сабота, 09. јули 2005 Еден од најголемите македонски бизнисмени се огласи за даночната пирамида, возвраќајќи му го ударот на Поповски НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Моите фирми 20 години редовно плаќаат даноци. Јас секогаш сум работел чесно и така и ќе продолжам.

Тајните на даночната пирамида ги знае само Поповски

Макфакс - 04.07.2005

(Дневник) - сабота, 09.07.2005 ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЈОРДАНОВ ПОРАЧА Истрагата е во тек, а за повеќе информации прашајте го министерот за финансии, кој е поупатен во проблемот, кратко прокоментира вчера вицепремиерот Минчо Јорданов на прашањето до каде е истрагата околу даночната пирамида.

Поповски не одговара на прозивки, вели дека си ја врши работата

Макфакс - 04.07.2005

(Утрински весник) - среда, 13 јули 2005 Министерот тврди дека околу пирамидата нема партиски маркетинг Поповски вели дека засега нема информации за наводна вмешаност на даночни инспектори и службеници од Управата за јавни приходи НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Во расчистувањето на даночната пирамида нема ...