Повремени поединечни и рафални истрели беа регистрирани во текот на измината ноќ во тетовскиот и во кумановскиот кризен регион, јавија скопските гласила. Истрелите во Тетовско биле насочени кон недефинирани цели, а доаѓале од правец на неколку тетовски приградски населби и подшарпланински села.
Етнички мешаните патроли и денеска не влегоа во предвидените села од рамковниот договор за враќање на безбедносните сили во кризните региони. Единствено, како и вчера, патролирањето се одвиваше во селата од дервенскиот регион, Мерово и Церово.
НЕУСПЕШЕН СТАРТ ЗА ВЛЕГУВАЊЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ВТОРИОТ ЕШАЛОН ТЕТОВСКИ СЕЛА Не само што не успеа стартот на патролирањето на етнички мешаните полициски патроли во втората група села Челопек, Непроштено и Слатина, туку речиси комплетно беа блокирани и досегашните патролирања во дру Вчера во ...
БЛОКИРАН ПАТОТ ТЕТОВО-ЈАЖИНЦЕ Населението било револтирано поради ниското летање на авион на АРМ и делењето верски плочки на специјалците Четириесет Албанци вчера ги спречија етнички мешаните полициски патроли да влезат во тетовското село Челопек, а околу 2.000 го блокираа патот Тетово-Јажинце.
Етнички мешаната полиција денеска не само што не влезе во трите предвидени села во Тетовско, туку беше и суспендирано полициското патролирање во местата каде досега нормално се одвиваше. Жителите на Челопек со трактори и возила го блокираа патот што минува низ селото.
ТЕТОВО Вчера претпладнето, меѓу 11 и 12 часот, група од 20 до 30 албански младинци не им дозволија влез на првите етнички мешани полициски патроли во реонот на тетовската населба Теќе, во немирната југозападна периферија на градот Тетово.
ИЗБЕГНАТ ОРУЖЕН ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВО Група од околу 30 невооружени етнички Албанци вчера ја спречи полицијата да влезе во тетовско теќе. Според најавите, полицијата планирала во теќето да влезе по 17 јануари, но од непознати причини тоа се обиде да го стори вчера.
Мешовити полициски патроли утре треба да влезат во уште осум села во кризните региони, освен кумановскиот, со што безбедносни сили треба да воспостават контрола на речиси една третина од северозападниот дел на државата што беше зафатен со воени конфликти.
Полицијата денеска се обиде да влезе во тетовското Теќе, покрај најавите дека тоа ќе го стори по 17 јануари. Околу 11 часот етнички мешаната полициска патрола била запрена пред влезот во Теќето од група од околу 20-30 Албанци кои не биле вооружени.
Најави за нови мешани патроли во кризните региони во Скопско, Тетовско и во Гостиварско САШО ЧОЛАКОВСКИ Полициските мешани патроли в петок треба да започнат со патролирање во уште осум села во кризните региони во Тетовско, во Скопско и во Гостиварско.
УШТЕ ОСУМ СЕЛА ВЛЕГОА ВО ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАН ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО КРИЗНИТЕ РЕГИОНИ Безбедносните сили утре, најверојатно, ќе влезат во скопските села Мојанце и Радуша, во тетовските Челопек, Слатино и Непроштено и во гостиварските Вруток, Речане и Здуње, а за натаму во оптек се и уште некои ...
ПЛАН ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО КРИЗНИТЕ РЕГИОНИ Влегувањето во Радуша, Мојанце, Челопек, Слатино, Непроштено, Здуње, Вруток и Речане директно зависи од повлекувањето на вкупно девет пункта, предвидено со генералниот план Скопските села Мојанце и Радуша, тетовските Челопек, Слатино и Непроштено, ...
Мешовити полициски патроли треба да влезат в петок во уште осум села во кризните региони, освен кумановскиот, со што македонските безбедносни сили ќе воспостават контрола на речиси една третина од северозападниот дел на државата што беше зафатен со воени конфликти.
Во тетовскиот и кумановскиот кризен регион повторно имаше поединечни и рафални истрели од повеќе видови пешадиско оружје, а полицијата во рамките на своите обврски продолжува со повлекувањето на полициските пунктови. Денешниот ден во Тетово и Тетовско изминува релативно мирно, иако претпладнето беа ...
СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Во последниве денови се отстранети неколку полициски пунктови заради непречено движење на локалното население Претседателот Борис Трајковски вчера попладне свика седница на Советот за национална безбедност за да се проценат политичко-безбедносна ситуација во земјава ...
Полицијата и денеска не патролираше во тетовската населба Теќе. И покрај подготвеноста на патролата околу 10 часот да влезе во населбата, по разговорите на претставници на ОБСЕ со жителите на Теќе патролирањето било одложено од безбедносни причини.
И покрај релативната стабилност на безбедносната ситуација во кризните региони Сашко Димевски На Бадниковата вечер во кризните Тетовски и Кумановско-липковски регион биле регистрирани дури 339 поединечни и рафални вооружени провокации, како и два напада врз полицискиот пункт кај Жичарницата во ...
провокации во КРИЗНИте РЕГИОНИ Воспитно-поправниот дом, чија управна зграда беше запалена на 1 јануари, во саботата повторно гореше Завчераноќ, дваесет минути по полноќ, албанските терористи од правецот на тетовското Теќе со автоматско оружје и тешки митралези го нападнале полицискиот пункт во ...
Ноќеска во тетовскиот кризен регион повторно имаше поединечни и рафални истрели од делови на Тетово, приградски населби и подшарпланински села од кои и порано се огласуваа вооружените албански екстремисти. Околу 1 часот по полноќ бил нападнат пунктот на безбедносните сили кај тетовската жичарница.