TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Патот Тетово - Јажинце е прооден

А1 - 13.01.2002

Повремени поединечни и рафални истрели беа регистрирани во текот на измината ноќ во тетовскиот и во кумановскиот кризен регион, јавија скопските гласила. Истрелите во Тетовско биле насочени кон недефинирани цели, а доаѓале од правец на неколку тетовски приградски населби и подшарпланински села.

Рафали од тетовско Теќе и Мала Речица

А1 - 12.01.2002

Етнички мешаните патроли и денеска не влегоа во предвидените села од рамковниот договор за враќање на безбедносните сили во кризните региони. Единствено, како и вчера, патролирањето се одвиваше во селата од дервенскиот регион, Мерово и Церово.

Две илјади етнички Албанци ги блокираа мешаните патроли

Вест - 12.01.2002

НЕУСПЕШЕН СТАРТ ЗА ВЛЕГУВАЊЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ВТОРИОТ ЕШАЛОН ТЕТОВСКИ СЕЛА Не само што не успеа стартот на патролирањето на етнички мешаните полициски патроли во втората група села Челопек, Непроштено и Слатина, туку речиси комплетно беа блокирани и досегашните патролирања во дру Вчера во ...

Селаните Албанци не дозволија полицијата да влезе во три села

Дневник - 12.01.2002

БЛОКИРАН ПАТОТ ТЕТОВО-ЈАЖИНЦЕ Населението било револтирано поради ниското летање на авион на АРМ и делењето верски плочки на специјалците Четириесет Албанци вчера ги спречија етнички мешаните полициски патроли да влезат во тетовското село Челопек, а околу 2.000 го блокираа патот Тетово-Јажинце.

Полицијата влезе во само три од осумте планирани села

А1 - 11.01.2002

Етнички мешаната полиција денеска не само што не влезе во трите предвидени села во Тетовско, туку беше и суспендирано полициското патролирање во местата каде досега нормално се одвиваше. Жителите на Челопек со трактори и возила го блокираа патот што минува низ селото.

Албански цивили ја вратија патролата од Теќето

Вест - 11.01.2002

ТЕТОВО Вчера претпладнето, меѓу 11 и 12 часот, група од 20 до 30 албански младинци не им дозволија влез на првите етнички мешани полициски патроли во реонот на тетовската населба Теќе, во немирната југозападна периферија на градот Тетово.

Група етнички Албанци ја спречија полицијата да влезе во теќето

Дневник - 11.01.2002

ИЗБЕГНАТ ОРУЖЕН ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВО Група од околу 30 невооружени етнички Албанци вчера ја спречи полицијата да влезе во тетовско теќе. Според најавите, полицијата планирала во теќето да влезе по 17 јануари, но од непознати причини тоа се обиде да го стори вчера.

Утре влез на полицијата во нови осум села

А1 - 10.01.2002

Мешовити полициски патроли утре треба да влезат во уште осум села во кризните региони, освен кумановскиот, со што безбедносни сили треба да воспостават контрола на речиси една третина од северозападниот дел на државата што беше зафатен со воени конфликти.

Неуспешен обид на полицијата за влез во тетовското Теќе

А1 - 10.01.2002

Полицијата денеска се обиде да влезе во тетовското Теќе, покрај најавите дека тоа ќе го стори по 17 јануари. Околу 11 часот етнички мешаната полициска патрола била запрена пред влезот во Теќето од група од околу 20-30 Албанци кои не биле вооружени.

Полицијата утре влегува уште во осум села

Утрински - 10.01.2002

Најави за нови мешани патроли во кризните региони во Скопско, Тетовско и во Гостиварско САШО ЧОЛАКОВСКИ Полициските мешани патроли в петок треба да започнат со патролирање во уште осум села во кризните региони во Тетовско, во Скопско и во Гостиварско.

Полициски патроли и во Радуша, Челопек и во Непроштено

Вест - 10.01.2002

УШТЕ ОСУМ СЕЛА ВЛЕГОА ВО ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАН ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО КРИЗНИТЕ РЕГИОНИ Безбедносните сили утре, најверојатно, ќе влезат во скопските села Мојанце и Радуша, во тетовските Челопек, Слатино и Непроштено и во гостиварските Вруток, Речане и Здуње, а за натаму во оптек се и уште некои ...

Полицијата ќе влезе во уште 8 села, ако се повлечат 9 пункта

Дневник - 10.01.2002

ПЛАН ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО КРИЗНИТЕ РЕГИОНИ Влегувањето во Радуша, Мојанце, Челопек, Слатино, Непроштено, Здуње, Вруток и Речане директно зависи од повлекувањето на вкупно девет пункта, предвидено со генералниот план Скопските села Мојанце и Радуша, тетовските Челопек, Слатино и Непроштено, ...

Полициски патроли во уште осум нови села

А1 - 09.01.2002

Мешовити полициски патроли треба да влезат в петок во уште осум села во кризните региони, освен кумановскиот, со што македонските безбедносни сили ќе воспостават контрола на речиси една третина од северозападниот дел на државата што беше зафатен со воени конфликти.

Опаѓа интензитетот на провокациите

А1 - 09.01.2002

Во тетовскиот и кумановскиот кризен регион повторно имаше поединечни и рафални истрели од повеќе видови пешадиско оружје, а полицијата во рамките на своите обврски продолжува со повлекувањето на полициските пунктови. Денешниот ден во Тетово и Тетовско изминува релативно мирно, иако претпладнето беа ...

Полицијата се подготвува да влезе во втората група села

Дневник - 09.01.2002

СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Во последниве денови се отстранети неколку полициски пунктови заради непречено движење на локалното население Претседателот Борис Трајковски вчера попладне свика седница на Советот за национална безбедност за да се проценат политичко-безбедносна ситуација во земјава ...

Полицијата и денеска не влезе во тетовско Теќе

А1 - 08.01.2002

Полицијата и денеска не патролираше во тетовската населба Теќе. И покрај подготвеноста на патролата околу 10 часот да влезе во населбата, по разговорите на претставници на ОБСЕ со жителите на Теќе патролирањето било одложено од безбедносни причини.

Бадниковата вечер со дури 339 провокации

Утрински - 08.01.2002

И покрај релативната стабилност на безбедносната ситуација во кризните региони Сашко Димевски На Бадниковата вечер во кризните Тетовски и Кумановско-липковски регион биле регистрирани дури 339 поединечни и рафални вооружени провокации, како и два напада врз полицискиот пункт кај Жичарницата во ...

Нападнат полициски пункт кај населбата Жичарница

Дневник - 08.01.2002

провокации во КРИЗНИте РЕГИОНИ Воспитно-поправниот дом, чија управна зграда беше запалена на 1 јануари, во саботата повторно гореше Завчераноќ, дваесет минути по полноќ, албанските терористи од правецот на тетовското Теќе со автоматско оружје и тешки митралези го нападнале полицискиот пункт во ...

Повторно провокации во кризните региони

А1 - 07.01.2002

Ноќеска во тетовскиот кризен регион повторно имаше поединечни и рафални истрели од делови на Тетово, приградски населби и подшарпланински села од кои и порано се огласуваа вооружените албански екстремисти. Околу 1 часот по полноќ бил нападнат пунктот на безбедносните сили кај тетовската жичарница.