КОЛУМНА Тоа е доброволно решение да ја култивирам благородната свест во себе; амнестија е решение во ова време на етичка и политичка конфузија да демонстрирам практика во која другите ќе видат надеж за подобра иднина Сега, откако е изгласан законот за амнестија, време е за дискусија на прашањето ...
Семејствата на убиените припадници на мешаната полициско воена патрола која што подмолно беше убиена од страна на албанските терористи кај Вејце вчера поднесоа барање до Републичкото собрание за автентично толкување на Законот за амнестија.
САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Колку килограми сапун ќе ве исперат, дами и господа? 1 Нема правдина во тоа што странците ги посоветувале Албанците од бившата ОНА да не ја прослават годишнината од почетокот на тероризирањето на Тетово со дефиле низ градот.
Роднините на масакрираните полицајци и војници во Вејце од страна на албанските терористи денеска до законодавно - правната комисија на собранието поднесоа барање за автентично толкување на законот за амнестија. „Бараме собранието и пратениците да ни објаснат кои граѓани на Република Македонија се ...
Во Македонија исклучоците стануваат правила, а правилата и правните принципи се минимизираат до степен на исклучоци Манчо Митевски За кратко време на Македонија и се случија две работи значајни за натамошниот тек на одвивање на настаните во земјата.
ПРАВНИЦИТЕ РЕВОЛТИРАНИ ОД МИНИСТЕРОТ ИЏЕТ МЕМЕТИ Министерот за правда и го одзема правото на третата власт самостојно да донесува одлуки, тврдат правниците Наместо да го штити правосудството, министерот за правда дава политички изјави со кои навлегува во независноста на третата власт и ги коментира ...
Коментар - Натали Н. Сотировска Законот за амнестија докажа дека законодавната власт во Македонија е само продолжена рака, толку колку да стаса до зеленото копче во собраниските клупи и да го притисне кога треба. Таа ја доби "достојната" задача да ги реализира налозите на факторите во земјава и ...
Судиите на Основниот суд Скопје 2 денеска ги потпишаа решенијата за амнестија и на политичкиот водач на поранешната ОНА, Али Ахмети и на неговиот вујко, водачот на кичевските бомбаши и организаторот на повеќето бомбашки напади на полициските станици во Македонија, Фазли Велиу.
Совет на Европа Стразбур - Мониторинг-комитетот на Парламентарното собрание на Советот на Европа усвои декларација со која се поздравува донесувањето на законите за локална самоуправа и за амнестија од страна на македонското Собрание, соопшти Комитетот.
ИЏЕТ МЕМЕТИ ГИ ОБВИНУВА СУДОВИТЕ ЗА КРШЕЊЕ НА ЗАКОНОТ Министерот за правда смета дека решение за неамнестирање на осомничени воени злосторници може да издаде само Хашкиот трибунал, зашто македонското судство е изземено. До Апелациониот суд во Скопје вчера не Кривичниот совет на Апелациониот суд во ...
ПРОБЛЕМИ ПРИ ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА Министерот Иџет Мемети го оцени како "класично непочитување на законот" негативното решение на Основниот суд 2 во Скопје во однос на амнестирањето на 19 лица Деветнаесет лица обвинети за случајот "Требош" од 11 ноември лани, кога беа убиени тројца ...
Законот за амнестија ќе ги релаксира односите во Македонија, особено по неговото дополнително објаснување од министерството за правда до владата, оценува меѓународната заедница, додавајќи дека ова ќе придонесе за брзо враќање на полицијата и раселените лица во кризните региони.
По шпекулациите дека во нашиот најголем затвор имало незадоволство поради Законот за амнестија ТОМИСЛАВ КЕЖАРОВСКИ Установата функционира нормално, и затворениците и затворските чувари и Управата. Згора на тоа нема ниту какви било индиции за кревање бунт, ни изјави директорот на КПУ ?Идризово", ...
По донесувањето на Законот за амнестија, раздвиженост во Тетово и Тетовско Гојко Ефтоски ТЕТОВО - Ноќта спроти вторникот се прославуваше речиси во целиот Тетовски регион за што зборуваат и податоците добиени од Центарот за медиумска активност на Координативното тело за справување со кризи, според ...
Реакција на министерот за правда на спроведувањето на амнестијата Неослободувањето од притвор на двајца од осомничените за мачењето и изживувањето врз петтемина работници на ГП "Маврово", вчера предизвика бурна реакција на министерот за правда, Иџет Мемети.Тој во изјавата за "Утрински весник" овој ...
ПОРАНЕШНАТА ОНА СО ПУШКИ ГИ СЛАВИ АМНЕСТИЈАТА И УКИНУВАЊЕТО НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ВО ТЕТОВО Во Македонија нема повеќе да се зборува со јазикот на оружјето, нема да има никаква пролетна офанзива, ниту екцеси. Луѓето може да се вратат во своите домови, порачува поранешниот командант Ваљони По цела една ...
ПО ИЗРЕКУВАЊЕ НА ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ ПРОТИВ ОБВИНЕТИ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ НА ЕКСПЛОЗИВ, ВО ОСНОВНИОТ СУД ВО ШТИП На судењето, Владо Соколов (40), Миро Николовски(41) Тони Ивановски(29), Маријан Бошков и Васил Наумов, тврдеа дека имале намера експлозивот да го искористат за ловење риба во реките Вардар и ...
ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА Поранешните команданти на Ослободителна национална армија (ОНА), која официјално се расформира на 26 септември лани, по завчерашното стапување во сила на Законот за амнестија, веќе се гледаат себеси како идни политичари, новинари или полицајци.
ОСУДЕНИ И ПРИТВОРЕНИ УЧКИ ПУШТЕНИ НА СЛОБОДА Предметот против Али Ахмети и другите 10 лидери на ОНА, осомничени за воени злосторства, уште е во фаза на истрага Девет лица, меѓу кои и тетовецот Семи Хебиби, завчера биле пуштени од притвор откако двата основни суда во Скопје донеле решенија за нивна ...
Вкупно 18 лица, осуммина што издржуваа затворски казни и десетмина кои беа притворени под обвиненија дека извршиле кривични дела во врска со минатогодишниот конфликт во Македонија, беа ослободени синоќа до полноќ од скопските затвори.
Со околу 130 поединечни и 30-тина рафални истрели, како и со испукувања на околу 80 светлечки ракети во регионот на Тетово и Тетовско синоќа се прослави реализацијата на законот за амнестија. Најголем број од истрелите доаѓале од селото Шемшево и од приградската населба Горна Чаршија, но сите ...
Вчера почна и заврши примената на контроверзниот закон ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Околу 300 бивши војници на ОНА од вчера се пуштени на слобода и тие ќе бидат реинтегрирани во македонското општество. Овие лица кои директно беа вклучени или учествуваа во подготовките на воените настани од минатата година, ...
Прес на Социјалистичката партија на Македонија Социјалистичката партија на Македонија нема ништо против донесувањето на Законот за амнестија, но се противи на начинот на кој тој е донесен и на неговата содржина, изјави на вчерашната прес-конференција портпаролот на партијата, Зоран Витанов.
ВЧЕРА СУДОВИТЕ И ЗАТВОРИТЕ СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА Законот за амнестија мораше да се спроведе до ноќеска на полноќ, а први на слобода излегуваат осумтемина кичевски бомбаши До ноќеска на полноќ, требаше да се донесат решенија за амнестирање на сите осудени, притворени, обвинети и осомничени Албанци, ...
МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИЏЕТ МЕМЕТИ ИМ СЕ ЗАКАНИ НА СУДИИТЕ И НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Додека првите осум припадници на ОНА вчера беа пуштени на слобода, Иџет Мемети останува непоколеблив - законот мора да се изврши веднаш, а за тоа се потребни само пет минути Не е можно за еден ден да бидат донесени сите ...
До полноќ судовите ќе донесат решенија за ослободување од затвор и од притвор за сите поранешни припадници на ОНА. Во затворите се наогаат 10 лица кои издржуваат казна затвор и 18 против кои се води кривични постапки поврзани со конфликтот.
ИЗЈАВА ?На 7 март политичките лидери на Македонија усвоија Закон за амнестија. Испраќаме пофалба во врска со тој чин, изјави Ричард Баучер, портпарол на Стејт департментот. Тоа е значаен чекор во исполнувањето на Охридскиот договор и клучен елемент за мир и помирување во Македонија.
Во "Службен весник" во петокот е објавен законот за амнестија по што може да почне неговата примена ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Законот за амнестија со кој државата демонстрираше милост спрема бившите припадници на ОНА, уште во петокот е објавен во "Службен весник", а денеска треба да бидат ослободени од ...