TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Стоименовиќ во „Бачило“ не го прекршил законот

Дневник - 17.06.2006

Сите акти со Иснифарис Џемаили биле склучени пред судот да донесе мерка за замрзнување на имотот, вели Златко Николовски, претседател на комората Нотарот Никола Стоименовиќ не го прекршил законот во случајот „Бачило“, констатирала Нотарската комора откако завчера извршила увид во предметите за кои ...

Нотарот од „Бачило“ е и советник на Бучковски

Време - 16.06.2006

СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ВЛАДАТА Мери Јордановска Нотарот Никола Стоименовиќ, кој беше посочен како главен посредник во случајот „Бачило“, е член на правниот совет во Владата и семеен пријател на премиерот Владо Бучковски, тврдат повеќе извори.

Одредена е нова судијка за случајот Бачило

А1 - 15.06.2006

Одредена е новата судијка за случајот Бачило, Јасмина Блажевска го презема случајот од вчера иземената Снежана Попчевска. Ново рочиште не е закажано, сега ќе се чека новата судијка Блажевска да го разгледа целото досие Бачило, па дури тогаш да го закаже рочиштето.

Попчевска изземена од Бачило

Вест - 15.06.2006

ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ 1 Случајот Бачило ќе го води нов судија откако вчера Претседателката на Основниот суд 1 во Скопје, Добрила Кацарска ја иззема судијката Снежана Попчевска по барање на заменик јавниот правобранител. Пред да побара изземање заменикот Драги Шуплиновски на вчерашното рочиште ...

Нотарот на Џемаили член на комисијата за поагање на извршители

Вест - 15.06.2006

ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција обвини дека нотарот Стоименович што ги склучил лажни хипотекарни договори за случајот Бачило бил советник на премиерот Владо Бучковски и член на комисија во Министерството за правда.

Судијката Попчевска изземена од судењето за „Бачило"

Утрински - 15.06.2006

Судијката Снежана Попчевска во иднина нема да постапува по предметот „Бачило", бидејќи претседателката на Основниот суд Скопје 1, Добрила Кацарска, го прифати барањето за изземање што го побара застапникот на Јавното правобранителство.

ВМРО-ДПМНЕ: Леглото на аферата "Бачило" е во Владата

Утрински - 15.06.2006

ПРЕС ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини дека леглото на аферата "Бачило" е во Владата и побара премиерот јавно да каже што ќе направи за нејзина правна разврска во преостанатите 20 дена од мандатот. „Најновите сознанија за склучување лажни хипотекарни договори за 'случајот Бачило' од страна на нотарот ...

„Бачило“ и' го зедоа на Попчевска

Дневник - 15.06.2006

Заменикот на јавниот правобранител побара новиот судија веднаш да почне да го работи случајот Судијката Снежана Геровска-Попчевска, која досудила отштета од 727 илјади евра за бачилото на Иснифарис Џемаили, вчера беше изземена од случајот откако го одложи првото рочиште за повторување на процесот.

Судијка со двегодишно искуство го презема случајот бачило – допрва ќе го чита досието

Канал5 - 15.06.2006

Назначувањето нова судијка за Бачило нема да го забрза судскиот процес.Јасмина Блажевска која е именувана за наследник на Снежана Попчевска нема изгледи дека соочување за коментирање на доказите ќе го закаже наскоро – прво ќе мора да се запознае со големото криминално досие Бачило за кое ...

Судијката Попчевска го изгуби Бачило

Вечер Прес - 15.06.2006

Судијката Снежана Попчевска, актуелна по случајот Бачило, вчера го изгуби предметот со најбогатиот овчар. По барање на Јавното правобранителство, претседателката на Основниот суд Скопје 1, Добрила Кацарска одлучи предметот да го даде на друг судија.

Сменета судијката од случајот „Бачило“

А1 - 14.06.2006

Снежана Почевска нема да го суди повторно предметот Бачило, изземена е поради одолговлекување на судската постапка. Со експресна одлука на претседателката на судот Кацарска, по барање на заменик на јавниот правобранител Шуплиновски.

Нотарот и пензионерот завршиле се

Време - 14.06.2006

АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА ОТКРИВА ДЕТАЛИ ЗА „БАЧИЛО“ Пензионерот Ордан Миланоски, кој на тетовецот Иснифарис Џемаили му даде заем од 120.000 евра, со посредство на нотарот Никола Стојменовиќ склучувал хипотекарни договори и со други лица и се јавувал како правен застапник во постапки за ...

Антикорупционерите бараат проверка на хипотекарниот заем на овчарот Џемаили

Утрински - 14.06.2006

Побарано повторно вклучување на МВР и на Јавното обвинителство во целиот случај Гордана Дувњак Сомневањата за направена злоупотреба околу намерата на овчарот од Камењане Иснифарис Џемаили да ја изигра државата со наводно распродавање на имотот преку хипотекарни договори беше главната причина ...

Нотар и пензионер ја молзеле државата во „Бачило“

Дневник - 14.06.2006

Антикорупциската бара да се испита работата на нотарот Никола Стојменовиќ, кој ги склучил договорите, и на заемодавачот, пензионерот Ордан Миланоски Државната комисија за спречување корупција вчера побара од министерствата за правда и за финансии и од Управата за јавни приходи да ги испитаат ...

Попчевска нема да го суди Бачило - го одолговлекувала процесот - нотарот и пензионерот се под лупа

Канал5 - 14.06.2006

Објаснувањето на претседателката Добрила Кацарска за изземањето на судијката Снежана Попчевска е дека таа имала време да презакаже нов датум за првото рочиште затоа што адвокатот на Иснифарис Џемаили, Владо Ракочевиќ денешното отсуство го најавил пред десет дена.

Нотарот и позајмувачот на овчарот оперираат заедно

Вечер Прес - 14.06.2006

Ордан Милановски, пензионерот, кој на овчарот Џемаили Иснифарис му даде заем од над 100 илјади евра, се јавувал како полномошник во многу хипотекарни договори и постапки за денационализација, тврдат во Антикорупциска комисија.

Антикорупциска откри нотарска шема за затајување данок

А1 - 13.06.2006

Чепкајќи по досието „Бачило“, Антикорупциската комисија откри нов случај - шема за затајување данок со потпишување на хипотеки. Неколку такви случаи направил нотарот Никола Стојменовиќ, истиот нотар кој ги заверил и хипотеките за заем на овчарот Џемаили од Камењане.

Договорите на Џемаили пред антикорупциската

Време - 13.06.2006

СЛУЧАЈ „БАЧИЛО“ Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ги разгледува хипотекарните договори што ги склучил тетовецот Иснифарис Џемаили со цел да не и ја врати на државата отштетата од 727.000 евра. Џемаили зеде заем од 120.000 евра од пензионерот од Скопје Ордан Миланоски, а го ...

Антикорупциската ќе ги чешла хипотеките за „Бачило“

Дневник - 13.06.2006

Сопственикот на бачилото обесштетено со 727 илјади евра, Иснифарис Џемаили, не знае дали го изгубил сиот свој имот даден под хипотека за заем што требаше да го врати до саботата, но досега не го исплатил Сопственикот на бачилото обесштетено со 727 илјади евра, Иснифарис Џемаили, не знае дали го ...

Антикорупциската: Нотарот Никола Стоимановиќ е во коруптивниот скандал Бачило

Канал5 - 13.06.2006

Нотарот Никола Стоимановиќ и пензионерот Ордан Милановски се дел од школски пример на организираниот криминал при заверката на хипотекарните договори на Иснифарис Џемаили- утврди антикорупциската комисија. Нотарот Никола Стоимановиќ и пензионерот Ордан Милановски се дел од школски пример на ...

Случајот „Бачило“ утре повторно пред антикорупционерите

А1 - 12.06.2006

Случајот „Бачило“ утре повторно пред антикорупционерите. Ќе ги разгледуваат контроверзните хипотекарните договори на Иснифарис Џемаили, со кои го заложи целиот свој недвижен имот. Во време кога се подготвува нов судски случај, овчарот успеа да го изигра Правобранителството и остана без пари.

Семејствата Миланоски и Таири сопственици на имотот на Џемаили!?

Утрински - 12.06.2006

Иснифарис Џемаили, кој се прослави како најбогат овчар откако доби енормно висока отштета од државава за загината стока во конфликот 2001 година, можно е да го изгуби сиот свој имот. Ако до денеска Џемаили не им го врати заемот од 130 илјади евра на семејствата Миланоски и Таири, за што го заложи ...

Џемаили ја надитри државата- остана без имотот вреден половина милион евра

Канал5 - 12.06.2006

Бачило повторно пред Антикорупциската комисија. Со нови докази. Ќе се испитува зошто нотарот Никола Стоимановиќ од Скопје ги заверил хипотекарните договори на пензионерот- инвалид Ордан Милановски и Иснифарис Џемаили. Преку тие договори за заем, овчарот ја надитри државата- остана без имотот вреден ...

Овчарот на чекор пред сите

Вечер Прес - 12.06.2006

Четири дена пред судското рочиште за "Бачило", овчарот Џемаили веројатно остана без пари, односно го загуби имотот вреден половина милион евра, кој му беше ставен под хипотека. Ги изигра судските органи ставајќи ја недвижнината под залог пред само еден месец, кога зеде заем од 135.000 евра од ...