TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нова лидерска средба

Дневник - 19.10.2007

Денеска во Скопје на нова лидерска средба владејачките и опозициските партии ќе се обидат да ги усогласат ставовите за Јавното обвинителство. Состанокот го иницираше премиерот Никола Груевски. Од СДСМ потврдија дека лидерката Радмила Шекеринска ќе присуствува на средбата.

Лидерска средба за законите за Обвинителство

Вечер Прес - 19.10.2007

Лидерска средба чија единствена точка на дневен ред е Законот за обвинителство е закажана за денеска во Клубот на пратеници во Скопје. Ова вчера го соопшти официјален претставник на Владата, додавајќи дека средбата е иницирана од премиерот Никола Груевски.

Утре нова лидерска средба за судските реформи

А1 - 18.10.2007

Во обид да се деблокираат судските реформи, кои заглавија кај законот за Јавно обвинителство, утре закажана нова лидерска средба. Премиерот Груевски ги покани Шеќеринска, Ахмети и Тачи да се сретнат, со цел да ги премостат старите разлики околу критериумите за назначување на идните јавни обвинители.

Груевски свика лидерска средба за законот за јавно обвинителство

Канал5 - 18.10.2007

Премиерот Груевски ги повикува лидерите на политичките партии утре да одржат средба за законот за јавно обвинителство. Покани се упатени до претседателите на сите парламентарни партии. Премиерот Груевски ги повикува лидерите на политичките партии утре да одржат средба за законот за јавно ...