TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тепачка за место за паркирање

Дневник - 02.12.2005

КАЈ БИТ-ПАЗАР Див таксист од Скопје истепа возач на автобус на фирма од Крива Паланка заради место за паркирање, завчера во близина на Бит-пазар. Во тепачката напаѓачот освен тупаници, употребил и нож со кој му ја расекол дланката на возачот. Полицијата го привела таксистот Н.А.

Див таксист нападнал со нож возач на автобус

Вест - 01.12.2005

НАСИЛСТВО ПРЕД СТОКОВНАТА КУЌА "26 ЈУЛИ" НА БИТ-ПАЗАР Таксист на Бит-пазар претепал и нападнал со нож возач на автобус од Крива Паланка, кој сакал да сопре за да се симнат патниците. Инцидентот е пријавен во полиција, која го привела разбеснетиот таксист.

Таксист со нож нападнал возач на автобус

Време - 01.12.2005

ЗА ПАРКИНГ-МЕСТО Див такси-возач, во караница за паркинг-место, нападнал возач на меѓуградски автобус, го претепал и со нож му ја исекол дланката на едната рака, завчера во Скопје. Од скопската полиција информираат дека случајот бил регистриран околу 15 часот пред стоковната куќа „26 Јули“ на ...

Сообраќајот во Скопје парализиран поради протестот на таксистите

Макфакс - 01.12.2005

Скопје Сообраќајот во поширокото централно подрачје на Скопје денеска се одвива отежнато поради протест на таксистите. Причина за најавениот протест, како што претходно соопшти Групацијата за автотакси-превоз при Регионалната комора, е незаинтересираноста на Владата да ги реши долгогодишните ...

Ограбен таксист под закана со пиштол

Макфакс - 01.12.2005

Тетово Тетовски таксист, изутрината, под закана со пиштол бил ограбен во Џепчиште од двe непознати лица кои ги превезувал до тоа село, јави дописникот на Макфакс. Таксистот Џ.С. (54), од компанијата Ата комерц во Тетово, изутрината околу четири часот и 30 минути, требал да ги превезе двете лица од ...