TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

И официјално прифатена идејата за евросили

А1 - 18.01.2003

Претседателот Борис Трајковски вчера доцна попладне испратил писмо до високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана, во кое ја искажува својата подготвеност да ја прифати иницијативата на ЕУ за преземање на НАТО мисијата во Македонија, соопшти денеска неговиот ...

Евросилите стартуваат на први март

А1 - 17.01.2003

„Планирано е ЕУ силите на први март годинава да ја заменат мисијата на НАТО во Македонија“, изјави доцна синоќа грчкиот премиер Костас Симитис, претседавач со ЕУ, по средбите со високиот европски преставник Хавиер Солана и со генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон.

ЕУ наместо НАТО

Вест - 17.01.2003

ТРАЈКОВСКИ ЌЕ ИСПРАТИ ПИСМО ЗА СМЕНА НА НАТО СО СИЛИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Политичкиот став за покана на ЕУ војската портпаролот на Претседателот го соопшти по завчерашната посета на шефот за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Хавиер Солана, кој изјави дека, доколку се Претседателот ...

Американците омекнуваат за евросилите

Утрински - 17.01.2003

По посетата на Хавиер Солана, Македонија изгледа ќе ја прифати мировната мисија на силите на ЕУ Слободанка Јовановска Претседателот Борис Трајковски во почетокот на идната недела ќе и одговори писмено на ЕУ дека прифаќа замена на НАТО-силите со европски, а за роковите, времетраењето и мандатот на ...

Македонија се реши за евросили

Дневник - 17.01.2003

ПО ПОСЕТАТА НА СОЛАНА Овој став е донесен во консултации меѓу претседателот Трајковски и се смета дека е во интерес на интегрирањето кон ЕУ Во Македонија постои политички став за прифаќање на евросилите, но пред тие да ја преземат мисијата, од НАТО се бара да се заврши договорот меѓу НАТО и Унијата ...

Солана доби согласност за евросилите

А1 - 16.01.2003

Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Хавиер Солана, потврди дека добил согласнот од Македонија за стационирање на контигент на сили на ЕУ, на местото на сегашната мисија на НАТО.

Евросилите прифатливи за Македонија

А1 - 16.01.2003

Евросилите се прифатливи за македонскиот државен врв и претседателот Борис Трајковски официјално ќе го искаже овој политички став во писмото што деновиве ќе го испрати до Европската унија, соопшти денеска портпаролот Борјан Јовановски.

ЕУ притиска за евросилите, Вашингтон се лути

Утрински - 16.01.2003

Хавиер Солана вчера во Скопје го отвораше патот за европската мировна мисија Слободанка Јовановска Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, вчера дојде во Македонија за да побара согласност за побрзо доаѓање на евросилите, како контра на американските ...

Солана и Папандреу ја пуштија првата полициска мисија на ЕУ во Босна

Вест - 16.01.2003

Сараево, 16 јануари - "Промената на границите на Балканот нема да има и тоа е работа на минатото", изјави вчера во Сараево високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана. Тој посочи дека Босна и Херцеговина мора да создаде централизиран царински систем, со ...

САД бараат Македонија да реши дали го сака НАТО или евросилите

Дневник - 16.01.2003

СПОРЕД "ЗИДОЈЧЕ ЦАЈТУНГ" Вашингтон испратил пораки до Европската Унија, но и поединечно до неколку нејзини членки, да не брзаат со преземање на мировната мисија во Македонија, тврди германскиот весник "Зидојче цајтунг". - Вашингтон не сака Европејците да ја преземат мисијата во Македонија пред јуни.

Солана задоволен од спроведувањето на охридскиот договор

Дневник - 16.01.2003

ВИСОКИОТ ПРЕТСТАВНИК НА ЕУ ВО СКОПЈЕ Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана вчера допатува во Скопје со порака дека мора да има брзо остварување на охридскиот договор со поддршка од сите негови потписници.

Солана: Евросилите ќе дојдат на пролет или на лето

Утрински - 16.01.2003

ИЗЈАВА "Со вашите лидери ќе разговарам за тоа како се развива ситуацијата, бидејќи пред нас е многу важно полугодие. На крајот од овој семестар ќе се одржи самит посветен на Балканот, така што ние во ЕУ сакаме да го подготвиме добро.

Македонија даде согласност за стационирање евросили

А1 - 15.01.2003

„Пристигнувањето на евросилите во Македонија политички е во ред, бидејќи е постигнат договорот „Берлин плус два“ меѓу НАТО и ЕУ, со што овие сили по доаѓањето во земјата ќе имаат логистичка и соодветна поддршка од НАТО“, изјави претседателот Борис Трајковски по средбата со претставникот на ЕУ ...

Солана ќе ја "суредува" партијата на Али Ахмети

Дневник - 15.01.2003

ЕВРОПРАТЕНИКОТ ДЕНЕСКА ПАК ВО СКОПЈЕ Одржување на консензусот за рамковниот договор и евросилите ќе бидат другите теми на разговорите во Скопје Европратеникот Хавиер Солана денеска повторно ќе престојува во Скопје, каде што на македонското раководство ќе му ја пренесе пораката дека консензусот за ...

Хавиер Солана на разговори со македонските власти

Утрински - 14.01.2003

ПОСЕТА Брисел - Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана, утре ќе допатува во посета на Македонија, соопшти неговиот кабинет. Според најавата, Солана ќе се сретне со претставници на македонските власти, со кои ќе разговара за улогата на мисијата на ...

Солана в среда во Македонија

А1 - 13.01.2003

Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана в среда ќе допатува во посета на Македонија, соопшти денеска неговиот Кабинет. Според најавата, Солана ќе се сретне со претставници на македонските власти, со кои ќе разговара за улогата на мисија на НАТО во ...