TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пожар во џамија однесе 59 животи

Утрински - 16.02.2005

Неисправна греалка предизвика трагедија во Техеран ТЕХЕРАН - Во понеделникот во една џамија во Техеран, поради неисправна работа на електрична греалка која предизвика пожар, загинаа 59 лица, а повеќе од 200 се повредени, кога таа била преполна со верници, собрани на молитва за време на големиот ...

Пожар во џамија во Техеран, 59 мртви

Вест - 16.02.2005

ТЕХЕРАН (Ројтерс) - 59 луѓе загинаа а најмалку 230 се повредени во понеделникот кога дефектна електрична греалка предизвикала пожар во една џамија во Техеран преполна со верници собрани на голем шиитски фестивал, јави иранската државна телевизија.

Пожар во џамија уби 59 Иранци

Време - 16.02.2005

ТЕХЕРАН Пожар во џамија во центарот на иранскиот главен град Техеран завчера однесе 59 животи. Биле повредени и повеќе од 200 верници, јави МИА. Пожарот почнал откако парче платно се допрело до една од греалките во џамијата, која била поставена во делот за жените.

Греалка запали 59 луѓе во џамија

Дневник - 16.02.2005

ТРАГЕДИЈА НА шИИТСКА ВЕРСКА ПРОСЛАВА ВО ТЕХЕРАН Педесет и девет луѓе загинале, а 219 се повредени во џамија во Техеран, која се запалила поради неисправна електрична греалка, јави Ројтерс. Џамијата "Арг" била преполна со верници, кои присуствувале на голем шиитски верски фестивал.

59 лица загинаа во пожар во иранска џамија

А1 - 15.02.2005

Трагичниот биланс во пожарот што во понеделникот се случи во џамија во центарот на Техеран е 59 загинати, јави денеска иранската новинска агенција ИРНА. Според истиот извор, во пожарот има околу 250 повредени, од кои, неколкумина се во критична состојба.